Херакле - Македон



Херакле - Македон (327–309 година п.н.e.) — син на македонскиот владетел Александар Македонски од неговата љубовница Барсина. Мајката на Херакле, Барсина, потекнува од познат персиски род, нејзиниот татко е Артабаз. Ја омажиле за Ментор од Роди, кој командувал со персиските војски на запад, а после неговата смрт таа повторно се омажила и тоа за братот на покојниот маж, Мемнон. Мемнон војувал со Александар Македонски, кога тие се подготвувале кон Азија во 334-та година п.н.e., за да не пребегне кон македонскиот владетел, неговата жена Барсина ja држел во дворецот на персискиот владетел Дариј. Во 333-та година п.н.е. Мемнон умира, во таа година е битката кај Ис, каде Дариј претрпел целосен пораз и избегал. Дел од неговиот дворец, вклучувајќи ја и Барсина, бил завојуван во Дамаск како воен трофеј. Барсина имала околу 30 години, таа била убава и Александар, кој воопшто не бил рамнодушен кон жените, ја зел како залог. Во 327-ма година п.н.е. Барсина на возраст од 36 години го родила Херакле, првото дете на Александар. Таа имала и деца од првиот маж. После женидбата на Александар со бактријската принцеза Роксана, мајката го повела Херакле во Пергам, каде тие мирно живееле заедно се до смртта на Александар во 323-та година п.н.е.

За незаконитиот син на Александар Македонски се спомнува во времетo на барање нов владетел на Македонија, кој е должен да има благородна крв и да е од машки род. Јустин пишува дека командантот на фалангата Мелеагр предложил:

„…ако тие генералите сакаат момче, тој е во Пергам и е син на Александар од Барсина, по име Хераклe и ако тие предпочитаат маж, го има во кампот Ардеа, син на Александар.“

Предлогот за Херакле не поминал, и Барсина со синот спокојно продолжиле да живеат во Пергам до 309-та година п.н.е. Антигон му го пратил биолошкиот син на Александар Македонски, Херакле на Полиперхон за да послужи во нагодба против Касандар. Меѓутоа Полиперхон решил да ги раскине врските со Антигон, и го убил момчето. Во 309-та година п.н.е., после роскошниот банкет, Херакле и неговата мајка ги удавиле по наредба на Полиперхон.

Со смртта, или попрецизно кажано, со атентатите врз двајцата синови на Александар Македонски, извршени по наредба на Касандар, син на Антипатар, започнува крајот на македонската монархија. Другите после Александар Македонски, не знаеле како да владеат. Причината била многу едноставна, не знаеле како, или пак немало кој да ги научи.

„Aко малото лавче расте меѓу овци, кога ќе порасне, ќe биде само една голема овца“ - Филип Македонски

No comments:

Post a Comment