Само што се симнал од бродот поминувајки го теснецот кај Дарданелите, Александар Македонски застанал на брегот во Мала Азија, и извикал:
„Како што има едно сонце на Земјата, ќе има и еден владетел!“ - и го забодел копјето во земјата.
Македонската империја - Царство на Царствата
Армијата на Александар ги минала Дарданелите со околу 42000 војници, од кои 25000 македонци, 7000 илири и траки. Oстатокот микс од 5-7 илјади војници од Коринтската Лига и платеници, кои не биле ништо друго освен воени заложници и не одиграле никаква главна воена улога во македонскиот поход против Персија. Заменик на Александар Македонски бил Парменио, а други поважнни команднти биле: Пердика, Kратер, Kоен, Мелеагер, Антигон и синот на Пармениo, Филота. Сите други команданти на другите воени единици биле македонци, така што сета војска била под команда на македонци.
Александар Македонски веднаш бил пречекан од персијците Ситридат, Митридат и Мемнон од Роди, кај реката Граник.
Битката кај реката Граник
Mај, 334 година п.н.е. била првата голема победа на Александар Македонски против Персиската империја. Македонците и нивните сојузници под водство на Александар Македонски броеле околу 5000 коњица и 26000 пешадија. Персијците под водсво на сатрапии броеле околу 12000 пешадија, 4000 – 5000 јонски платеници (сонародници на атињанитe) од Мала Азија и 15000 коњица. Броевите прилично варираат зависно од изворот: македонци од 18000 до 43000, персијци од 23000 до 50000.
Битката се одиграла на патот од Абид - Даскилиум (близу денешен Ергили, Турција), кај преминот на реката Граник (денешна Бига Кај). Персијците, Ситридат, Митридат, Мемнон од Роди и други ја поставиле коњицата пред пешадијата и се пoзициoниpaлe на (источниот) речен брег.
Војската на Александар Македонски ги пресретнала на третиот ден марширање од Абид во мај. Не се знае дали Александар Македонски веднаш нападнал или ја преминал реката погоре и нападнал в мугри следниот ден (по предлогот на заменикот на Алeксандар Македонски, Парменион). Во секој случај, Персијците имале одреден број коњица во контакт со првите надојдени од Јонија, од Мала Азија - сонародници на атињаните и остатокот преживеаните од Херонеја, 20000 вкупно.
Александар Македонски ги водел елитните коњички придружници - ЧЕТA ХЕPOИ во закрилен јуриш, додека македонските пешадиски придружници го сочинувале остатокот од столбот околу персијците. Македонската линија била наредена со тешка фаланга по средината и коњица од обете страни.
Битката започнала со удар на лесната пешадија од македонската лева страна, страната на Парменион. Персијците ја имале прилично засилено таа страна и ударот бил одбиен, но тогаш Александар Македонски почнал да јуриша со своите коњички придружници во класичната клин-формација и го пробил персискиот центар. Персијците го возвратиле ударот со ескадрон од благородници на коњи.
Во овој судир неколку важни персиски благородници биле убиени лично од Александар Македонски и неговите телохранители, иако Александар Македонски бил зашеметен од еден удар од секира зададен од персиски благородник. Пред да го зададе вториот и смртоносен удар, благородникот бил убиен од македонскиот офицер Клитo. Александар Македонски набргу се освестил.
Потоа македонската коњица свртела лево и се впуштила на персиската коњица која во тој момент се борела со левата страна од македонската линија по генералниот напад. Тука се отворила дупка и македонската пешадија се впуштила низ неа за да ја нападне персиската пешадија од лош квалитет која се наоѓала зад линијата. По ова двете крила на персиската коњица се повлекле согледувајќи го колапсот на центарот. Пешадијата исто така почнала да бега, со тоа што многу од нив биле убиени при гонењето. Вкупнот број на македонски жртви бил од 100 до 200. Персијците изгубиле 2000 пешадија во заробување, а отприлика 1000 коњица и 3000 пешадија биле убиени, главно при бегањето.
Битката кај Граник
Од 20000 јонци од Мала Азија - сонародници на атињаните, преживеале само 2000 кои биле пратени во Македонија како робови.
Битката кај реката Граник им покажала на Персијците дека македонската војска е сериозна суперсила. Непосредните ефекти од битката биле воспоставувањето на десантна територија за понатамошни битки против Персијците.
По почетната победа против персиските сили во битката кај Граник, Александар Македонски го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас (денес Бодрум во Турција) Александар Македонски успешно ја спровел првата од многуте опсади, приморувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Роди и Оронтобатес - персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар Македонски ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиxодар. Од Халикарнас Александар Македонски продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина (близу денешна Анталија - Турција), превземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар Македонски го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град.
Во античкиот град Гордиум, Александар Македонски го одврзал дотогаш нерешливиот Гордиев јазол, загатка која според легендите била решлива само од идниот „владетел на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан.
Тој го назначи Калас за сатрап во областа каде управуваше Арсит, наредувајќи му на населението да ги плаќа истите даноци како оние што му ги плаќаше на Дариј; од Барбарите што беа слезени од планините да му се покорат, побара сите да се вратат дома. Тој го испрати Парменион да го заземе Даскилејон (Даскилејон е главниот град на Хелеспонтска Фригија, со која дотогаш управувал Арсит, кој по битката кај Граник се самоубил), бидејќи посадата беше заминала од градот.
Арриан., 1, 17, 1-2 (Аријан, Александрова војна, Загреб, 1952, превод М. Стахулјак)
Александар им нареди на Аспендијанците да му ги испратат видните луѓе како заложници, да ги дадат коњите што ги ветиле како и 100 таланти наместо 50, да му се потчинуваат на сатрапот што тој ќе го именува, да им плаќаат годишен данок на Македонците и најпосле да прифатат распит за територијата на нивните соседи за што беа обвинети дека ја држат бесправно.
Арриан., 1, 27, 1-4 (француски превод Цл. Преауџ).
Армијата на Александар Македонски ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната Персиска војска под команда на Дариј, во битката кај Ис.
No comments:
Post a Comment