Константин Миладинов до Георги С. Раковски
8 јануари 1859 година
Господине Г. С. Раковски!
Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано получихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љубов кон отечеството ни.
Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето бестрашно стремление кон општата полза, за Вашите трудови, кои приносихте на жертвеникот от отечеството со драго срце. Узнаваештем Вашето жаление, за да се знакомите со мак(едонското) наречие. Ви пуштам другиј перевод от објавлението от „Парусат“. Во „Болгарск. Книжици“ ќе бидет напечатени собст(в)енни мои песни, можит да е и мало патешествие во нилова пустина. Тие можат да ги прочитате. Ја от Вашите сочиненија сум читал саде „Горскијт патник“. Бидете така добри да ме позарадвите со некое Ваше сочинение, кога ќе издадите на печат; и ја от моја страна ќе се печаљам на општо можам да удовлетвора жалението Ви.
Чух че имате големо собрание от народни песни. Зашто побрго не знакомите љубезнателите от нашата словеност? Песните се драгоцениј клад от народните чувства и вираженија, затоа секој Болгарин ќе Ви бидит сознателен (признателен). И ја имам многу макед(онски) песни, кои сакам да ги издадам малко подоцкна, зашто сега не ми позвољават обстојатељствата.
Останвам Ваш искрениј пријател:
1859 со ново счастие
јануари(ја) 8
Москва
К. Миладинов
Сите Македончина на име Ви се кланает и Ве благодарјат за љубовта Ви и попечението, кое имахте за них. Сите шест заедно седиме на едно место и над ним имам свевозможно попечение, за да успејат в науката поскоро.
* Се однесува до бугарскиот преродбеник и револуционер-демократ Георги Стојков Раковски (1821-1867), познатиот автор на „Горски патник“, кој со својот патриотски патос и револуционерна романтика извршил силно влијание врз македонските преродбеници, а во Русија водел грижа за младите Македонци што таму студирале.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment