Штабот на Крушевските Востаници го Објавува Востанието
20 јули (2 август по нов стил) 1903 г.
Слобода или смрт!
Штаб на крушевските востаници
Но 1219
Гората, 1903 година
До раководителот на Крушевскиот околиски револуционарен комитет и до началниците на грчките, влашките и албанските групи
Браќа
Брзаме да ви го честитаме востанието! Денеска цела Крушевска околија заедно со цела Македонија крена востание и вика: Долу тиранијата! Да живее слободата и равноправноста меѓу македонските народности! Камбаните насекаде бијат, народот со чудесна радост се прибра под знамето на слободата. Момите и невестите ги китат со цвеќиња главите и пушките на востаниците! До што Турчин се најде по патиштата и селата, се фати и е прибран како пленик и залог. Насекаде пеење, радост и веселба.
Гориме од нетрпеливост и чекаме ноќ, за да дојдеме и да го заземеме Крушево, та заедно со целиот народ да го извикаме победоносното македонско ура! Бог и правото се со нас!
Да живее Македонија!
Потпишале: Питу Гули, Иван Алабак, Андреја Димов, Ѓурчин Наумов и Ташко Карев.
Штаб:
Никола Карев, Томо Никлев, Тодор Христов, Антиноген Хаџов
Ангел Динев. Илинденска епопеа. Том. 1. Софиа, 1945, стр. 317
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment