Букурешки Мировен Договор


10 август 1913 година


Член 1
Од денот кога ќе се сменат ратификационите документи на овој договор ќе завладее мир и пријателство меѓу Н.В. кралот на Романија, Н.В. кралот на Бугарите, Н.В. кралот на Елините, Н.В. кралот на Црна Гора и Н.В. кралот на Србија, како и меѓу нивните наследници и следбеници на нивните држави и поданици;

Член 2
Меѓу кралството Бугарија и кралството Романија...

Член 3
Меѓу кралството Бугарија и кралството Србија границата ќе врви, согласно со протоколот на воените делегати, приклучен кон протоколот број 9 од 25 јуни 1913 г. на Букурешката конференција, по оваа траса: Граничната линија ќе трга од врвот Патерица на старата граница, ќе врви по старата турско-бугатска границаи по вододелницата меѓу Вардар и Струма, со изклучок на горниот дел од Струмичкиот дел, кој ќе остане на српска територија; ќе излезе на планината Беласица, каде што ќе се поврзе со грчко-бугарската граница. Деталниот опис на оваа граница како и нејзината траса на картата 1:200000 на австрискиот генералштаб се додадени кон овој член;
На една мешана комисија, составена од претставници на двете високи договорни страни, во еднакво број од едните и другите ќе и биде поставена задача во рок од 15 дена по потпишувањето на овој договоир да ја повлече на теренот трасата на новата граница сообразно со горните одредби. Оваа комисија ќе претседава при поделбата на неподвижните имотии капитали што досега им припаѓаа на околиите, општините или на здруженијата на жителите, а кои се разделени со новава граница. Во случај на недоразбирање на трасата и на замерките при спроведувањето, двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат до третата пријателска влада со молба таа да се определи арбитар, чиешто решение за спорните прашања ќе се смета за дефинитивно.

Член 4
Прашањата што се однесуваат на старата српско-бугарска граница ќе бидат уредени според спогодбата постигната меѓу двете високи страни договорнички и потврдена во протоколот приклучен кон овој член.

Член 5
Меѓу кралството Грција и кралството Бугарија...

Член 6
Врховните команди на војските ќе бидат веднаш известени за попишувањето на овој договор. И утредента по добиениот извештај бугарската влада ќе биде задолжена да ја доведе својата војска во мирновремена состојба. Таа ќе ги испрати трупите во нивните гарнизони, каде во најкраток рок ќе се пристапи кон распуштање на разни резерви по нивните куќи. Трупи чијшто гарнизон би се нашол во зоната на воената окупшација на една од високите договорни страни ќе бидат испратени во некое друго место од старата бугарска територија и ќе можат да се вратат во своите редовни гарнизони дури по евакуирањето на окупационата зона за која стана збор погоре;

Член 7
Евакуирањето на бугарската територија, на старата и на новата, ќе почне веднаш по демобилизацијата на бугарската впјска и ќе заврши најдоцна за 15 дена...

Член 8
За време на окупацијата на бугарските територии по некоја од војските ќе го задржи правото на реквизиција плаќајќи со пари во готово. Тие ќе можат на тие територии да се служат слободно со железниците за транспортирање на трупите и за снабдување од секаков вид, а локалните власти не ќе имаат право на надомест. Болните и ранетите на тие територии ќе бидат под заштита на тие војски;

Член 9
По изменувањеето ратификациите на овој договор, што е можно поскоро ќе се изменат меѓу себе и воените заробеници. Сите заробеници што се наоѓаат во рацете на една влада ќе му бидат предадени на делегатот од оваа влада на која им припаѓаат или на нејзин ополномоштен застапник, на она место што ќе го определат заинтересираните страни. Владите на големите страни договорнички ќе си поднесат една на друга, а што е можно поскоро по предавањето на воените заробеници, сметка за непосредните издатоци што ги имале околу издршката и грижата на заробениците, од денот на заробувањето или предавањето до денот на смртта или враќањето. Од сумата што би ја должела Бугарија на една од високите страни договорнички ќе се одбие сумата што би ја должела оваа на Бугарија, а разликата ќе и биде изплатена на владата доверителка што поскоро по сменувањето на гореспоменатите сметки за издатоци;

Член 10
Овој договор ќе биде ратификуван и ратификацијата ќе биде разменета во Букурешт во рок од 15 дена или порано, ако е тоа возможно. За доказ на тоа полномошниците го потпишаа и ги ставија на него своите печати.


Ѓорѓе Јелениќ, Нова Србија и Југославија. Београд 1923, стр. 312-314.

No comments:

Post a Comment