Во потрага по македонската историја


На 8 септември 2011 година, Република Македонија го прослави својот 20 - ти роденден. .. 20 години независна Република Македонија ... 20 години модерна Република Македонија ... Нека и е среќен овој 20 - ти роденден на нашата модерна татковина, Република Македонија! Да живее Република Македонија !!!

И кога ќе тргнеме во потрага по историјата на нашата Македонија, најпрво треба да се разјаснат некои битни работи. Пред околу 100 години, оваа Република беше само искра (Крушевската Република), денес таа е Сонце. Да застенеме сега, и кога би погледнале наназад, и ако можеме да погледнеме и нанапред, 20 години не се ништо, 20 години е временски период кој е само дел од вечноста. Затоа, би кажал дека, за Македонија дури и времето не е достојно, зошто на неа не и го знаат ниту крајот, а камо ли почетокот. Кога сме кај почетокот, тука треба да разјасниме некои работи, работи што сеуште дури и некои од нас не демнат ...
Една од најважните работи е тоа што, антички Хелени или Грци нема, античка хеленска или грчка држава - нема!
Името ''Грци'' (Greci) на народите, односно на екс градовите - држави под преминот Термобили, им го дале римјаните после битката на местото Греко. Според тоа, нивното име „Грци“ било наметнато од страна на Римјаните. Уште поважно, местото Греко било едно мало место населено со крадци и измамници, а „Греко“ на нивниот јазик значи крадец и измамник.
Првото грчко кралство се формирало за прв пат во историјата во 1829 година. На чело на кралството бил еден австриски крал. Грците, кога сватиле што значи нивното име, си го менуваат своето име во Хелас (Hellas) или Елас. Пред 1829 година немало никогаш ниту Хелени или Грци, ниту пак Хеленска или Грчка држава.
Од времето на 4 - тиот век п.н.е. попознати градови - држави кои што биле во контакт со Македонците се: Теба, град - држава основана од Феникијците; Атина, која прво била пелазгиски град, но потоа била освоена од пирати од Јонија, земја во Мала Азија (сонародници на Атињаните) и нормално, тие зборувале различен јазик од пелазгите. Потоа пелазгите од таа зона биле претопени; Спарта, град - држава оформена од воени ветерани и вечен ривал на Атина, а како робови имале пелазги кои што за нив работеле на полињата.
Останатите, како што се Коринт, биле Пелазги, додека пак, Етолија, Акаранија, Молосија и Тесалија во тоа време биле монархии и не биле градови - држави. Нивните корени исто така се од пелазгиско потекло.
Кога веќе ги спомнуваме, Пелазгите не се ништо друго, освен „белци - бели“, белиот народ (Пела - Бела - Пеласки - Пелазги).
Според тоа, Пелазги или Пеласки (Pelazgians) се белото домородно население од јужниот дел на Македонскиот полуостров, кој подоцна е преименуван како Балкански полуостров и неговото домородно население што било пробано повеќе пати да се преименува и асимилира низ вековите и се до ден денешен.
Денеска ние со сигурност знаеме дека македонскиот антички јазик не бил различен од денешниот литературен македонски јазик (најнови докази за тоа лежат и во резултатите од истражувањето и дешифрирањето на Каменот од Розета, од проф. Аристотел Тентов и проф. Томе Бошевски). Благодарение и на историчарот Диодор Секул, можеме да дознаеме и како се викале Македонските коњаници (тоа е само еден од многуте примери ...) од записот - Битката на Херонеја:

''И сега Александар, во срцето решен да
покаже колку е вреден, жеден за победа
верно проследен од своите другари ЧЕТА ХЕРОИ (оригинал: hetairoi), прв успеа
да ја пробие цврстата одбрамбена линиjа
убивајќи многу од нив, навлегувајќи длабоко во непријателските линии пред него.
Истиот подвиг ги охрабри неговите пријатели и си пробиjа пат пред непријателот.''

Значи другарите на Александар се нарекуваат: чета херои (hetairoi). Со ова, ние македонците јасно и гласно си го препознаваме нашиот македонски јазик. Секој македонец, или пак, секој оној што го знае македонскиот јазик може да го разбере тоа зборче, всушност, проценете и самите.

______________________________________________________________________________________________________


[1] Античко-македонскиот јазик, Античките историчари и хроничари во своите пишани дела известуваат дека античките Македонци говореле посебен јазик, различен од тебаните, атињаните , спартаните и останатите соседни народи. Но Акаранците, Македонците и Етолците говореле еден ист јазик и биле Пелазги - Белите - Белци. Pимскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие говореле еден ист јазик, различен од атињаните и останатите соседни народи.

[2] Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess. (Tit Livi, book XXX, p. 29).

[3] Еден од најголемите антички биографи на Александар Трети Македонски, Плутарх, пишува дека Александар Македонски ги повикувал своите телехранители на македонски јазик (Плутарх, Алекс. стр. 51). Mакедонските војници Александар Македонски го поздравувале на македонски јазик (Евмен, стр. 14).

[4] Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски: Владетелот најпрво го погледна Филота и рече: Македонците решија да те судат. Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат. Потоа, Владетелот рече: Гледате ли, Филота си го мрази татковиот јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите обичаи, така и од нашиот јазик (Курциус Руфус, VI, c.36).

[5] Македонската и атинската раса , cамите античкo - атински историчари ги претставуваат како две различни раси (Ариан - атински Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истaтата поделба на македонска и атинска (сега веќе грчка ама само духовно) раса ја среќаваме и кај римските историчари (Livy's book XXXI.44).

[6] Потеклото на античките Македонци aнтичките историчари, кои живееле во времето кога суштествувале античките Македонци тврдат дека античкиот македонски народ потекнува од Пелазгите, најстариот домороден народ во Македонија и јужен Балкан. Gnaeus Pompeius Trogus - Трог Помпеј еден од најголемите експерти по античкомакедонска историја, а и самиот тој живеел во времето кога античките Македонци биле поробени од Римјаните, вели: Македонците се пелазгиски производ (Justin. VII, 1, 3).

[7] Најголемиот античко - атински географ Страбос - Στράβων (63/64 г.п.н.е. -- 24 н.е), пишува дека Тесалија, земја помеѓу античка Македонија и Беотиа е населена со Пелазги..... и тоа во првиот век од нашата ера (Страбо, стр. 221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со атинци, туку со Пелазги - свои сонародници.

[8] Херодот, античко - јонски историчар пак пишува дека порано и цела Атика била населена со Пелазги - Белите - Белци, но со доаѓањето на Јонците во Атика (Пелопонез), Пелазгите биле асимилирани во тој дел на Пелопонез, но се`уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57-58), кои гледаме ги населувале Тесалија и Македонија.

[9] На Пелопонезот сепак останале Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Македонија, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античко-римскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Titus Livius, книга XXX, стр. 29).

[10] Диодорус го пишува следното : ''Кадмус (кој бил феникиец и основач на Теба) , го донел феникиското писмо во Јонија - земја во Мала Азија (цонародници на атињаните), кои јонци го применуваат тоа писмо и додаваат 5 нови додатни знаци. (110 III p.305). Кадмусовата палата во Теба е откриена и потекнува од времето околу 1400. година п.н.е. или нешто покасно. Античката Јонска писменост не е постара од 800 година п.н.е. (http://phoenicia.org/cadmus.html).

No comments:

Post a Comment