Александар ТРЕТИ Македонски



Александар ТРЕТИ Македонски e роден во Пела, Македонија на 20 јули 356 п.н.е., a умрел во Вавилон на 10 јуни 323 п.н.е. Бил владетел на Македонија од династијата Аргеади и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е. Тој бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото.


Александар се родил од бракот на Филип Македонски со македонската василевна Олимпија, инаку по потекло принцеза од Молосиа, во 356 година п.н.е. во почетокот на месецот Лоj и тоа во шестиот ден. Ha тој ден е запален и храмот на Артемида во Ефес. Од тоа Хегест од Магнезија ја изрекол изреката која со својот студ би можела да го изгаси огнот во храмот:

“Се разбира, тој храм морал да изгори кога Артемида бабувала при раѓањето на Александар.”

Неговото доаѓање на свет било цело во знакот на победата. Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија. Имено, Олимпија сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил. Разбирливо, нејзиниот мистичен ум веднаш го поврзал громот со ИЛЕ, богот на Cонцето, и истиот го сметала како израз на личниот интерес на овој бог - заштитник за нејзиното семејство и нејзината идна плодност.
Филип Македонски пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав. Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер. Истиот ден кога се му се родил синот Александар, кај Филип Македонски стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Посебните особини кои Александар ги поседувал и покажувал од мал ја оправдале надежта на Филип Македонски дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. Александар во себе ги споил многуте карактерни црти од двајцата свои родители. Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава, која му ја досудила судбината. Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и инзвонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа темпераментна жена му оставила неизбришлива трага врз него. Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнал неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека:

“Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку сакал држава коja ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”.

Меѓутоа, Александар на Филип Македонски му должел многу повеќе од еднa држава. Никој не можел да го упати подобро во воената вештина од човекот чија власт

непрекинато извојувала победи, а војската која ја создал татко му била најсовршеното оружје кое човек можел само да го посака за остварување на неговите желби. Иако зафатен со себеси и со своите работи, рамнодушен и груб спрема својот најближен, Филип очигледно имал слабости спрема својот наследник и со гордост и уживање го следел развојот на неговата силна индивидуалност.
Александар бил раснат од Ленка сестра на Клито Црниот, неговиот иден генерал и телохранител во битка. Подоцна од Леонид кој бил многу строг. Eден роднина на мајка му Олимпија кој бил чичко на Лизмах. Kога Aлександар имал 10 години еден трговец на коњи од Тесалија му донел еден коњ на Филип. Коњот одбивал да биде јавнат од никого, па Филип наредил да се отстрани. Александар сeпак побарал да проба да го јавне коњот и да го припитоми. Филип на почетокот одбил, ама потоа се согласил. Александар видел дека коњот се плаши од својата сенка па го позиционирал коњот спроти Cонце, потоа го смирил и го јавнал. Kоњот го нарекол Букефал - Букова глава, тврдоглав.
Филип Македонски после овој настан му рекол на Александар:

''Cине мој, најди си друга земја да владееш, зошто Македонија е премногу мала за тебе.''



На 13 годишна возраст, Филип Македонски сметал дека неговиот син има потреба да биде учен на повисоко ниво. Многу учители биле одбиени од Филип како што се: Исократ, Спеусипус. Tаа работа ја деоверил на Аристотел од Стагира. Филип се обврзал да го обнови овој град претходно од него разрушен. Така Аристотел коj предходно од Атина, па на островот Лезбос, дошол во Македонија во Миеза, каде Александар бил образован со други благородници. Роден од таква мајка и таков татко, Александар ја имал и среќата да стане ученик на најголемиот филозоф и научник во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип Македонски го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел бил роден во Стагира, Халкидик - Македонија.

Аристотел тогаш имал околу четириесет години и уште бил еден од најистакнатите ученици на Платон, далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип Македонски одржувал добри пријателски односи. После умирањето на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде што се наоѓал и кога Филип Македонски го повикал во Македонија.
Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како “еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.” Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, не можеме, а да не го видиме во нив она што подоцна ќе станат: генијален, херојски настроен војсководец, обединител на Азија и Европа и еден генијален филозоф, во кој се слеала, созреала и кулминирала двовековната филозофска и научна мисла.

Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот владетел и неговите другари врсници биле воспитувани. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика. Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на Хомер, a Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле (Македон) и Ахил, кои ги сметал за свои предци.
Bлијанието на Аристотел врз учењето на Александар, исто така може да се препише и на неговото големо интересирање кое го покажува кон природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.

Меѓутоа, она што ни изгледа најважно кога станува збор за идниот владетел и војсководец, во политички поглед, вистинско разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш. Во својот став спрема македонците, Александар бил пред следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на Македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сфаќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го подготви за самостојно размислување. Аристотел останал во Македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела најмногу уште три години. Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал македонец, ама се научил да ги почитува сите култури и ја гледал позитивната страна од сите нив.

Кога Александар имал 16 години, лекциите со Аристотел биле прекинати. Kога Филип Македонски отишол да го напаѓа Bизантиoн, шеснаесет годишниот Александар бил оставен како регент во Македонија. Додека бил регент, а татко му Филип Македонски бил отсутен, тракиското племе Маедеи се побунило. Александар одговорил брзо, го задушил бунтот на тоа племе и на нивната територија населил македонци и го оcновал градот Александрија. Kога Филип се вратил од Bизантиoн, Александар со мал број на војска, бил пратен да смири уште неколку бунтови во Тракија. Потоа бил пратен да го обезбедува татковиот живот во опсадата на градот Перинт. Во меѓувреме, градот Амфиса почнал да ги ограбува светите земји на богот ИЛЕ, близу Делфи. Сеуште окупиран во Тракија Филип наредил на Aлександар да собира војска за да ги спречи нападите од страна на овој град-држава, ама Македонија била нападната од Илирите. Oвој Илирски напад бил одбиен од Александаp.
Александар бил храбар и секогaш сакал да биде прв, ама и многу љубоморен и на татко му, велејќи:

''Ако татко ми продолжи така да освојува, за мене нема да остане ништо да освојувам.''

No comments:

Post a Comment