Апел до Македонскиот народ (1919)
9 март 1919 г.
1. Македонското население, без разлика на народност и вера, по се што проживеа има цврста и свесна желба неговата земја да се запази цела и неразделна како самостојна и политичка единица на Балканот во нејзините природни балкански граници врз базата: Солун како општ центар, Вардарска долина, Скопје и Битола со нивната стопанска и економска заднина. Овој свој стремеж да заживее мирно и слободно македонско население е готово да го подвлече и отворено преку еден плебисцит кога ќе се заинтересираните адмонистрасции.
2. На вака создадената држава да и се даде самоуправа со полна рамноправност и еднакви права на сите народи без разлика на бројност и при отсуство на секакви духовни или политички установи кои би и дале предност на која и да било од нив или би побудиле сомневање или страв од зародување на сепаратистички стремежи и аспирации.
3. Додека се организира и зацврсти внатрешно и до целосно изживување на тукушто стивнатите расправии и страсти меѓу разните народности, кои ги имаат сите природни услови да заживеат во мир и братство, само да се ослободат од надворешното влијание, идната самостојна Македонија да добие солидни меѓународни гаранции за својата постојана неутралност и да биде под меѓународна заштита против секаквите завојувачки стремеѓи однадвор, за да може при така гарантирано постоење да го заземе своето скромно место, штом и биде такво определено во идното семејство на народите.
4. Поддржувајќи ги горните барања, македонското население не се раководи од чуството на непријателство, туку од желбата за мир и живот. Кристализирани одамна во својата национална физиономија, никоја од народностите во Македонија не сака туѓо политичко господство ниту раскинување на една земја која, по одделувањето на соседните балкански држави од Турција, издигна внатрешни трговски центри како Скопје и Битола, кои што им отстапуваа само на нивните престолнини. Притоа македонското население во својата целосна стана жртва на една балканска политика која надворешно имаше извесна национална оправданост, но која фалтички поради геогравската положба на Македонија, која што и даваше цена само како на цела, се изрази во стремежи за насилни завојувања, кои го фрлија целото население заедно со неговите балкански браќа во катестрофално самоистребување и сега, искрвавено, разорено и ги преживеало на два пати ужасите на таква безплодна политика, е исправено пред неопходноста да ликвидира еднаш засекогаш со неа и да живее самостојно, само за себеси и во братски односи со сродните балкански народи, доколку нивните влади ќе ја почитуваат Македонија како постојан и рамноправен фактор на Балканот.
Ако овие барања на нашите сонародници таму и овде, ако се тие идеалите како на населението во Македонија, така и на емиграцијата во Бугарија и ако ние, потписниците на овој апел, подавајќи си ја братски раката од името на еден народен идеал и решени да врвиме заедно до крај, ги имаме квалитетите да ја претставуваме бившата револуционерна организација и да и служиме верно, дајте ни ја довербата, дајте ни ја поткрепата. Ние ќе се помачиме оваа организација со сите нејзини зачувани сили да стане повторно на своите нозе. Помогнете и бидете готови да ја поткрепите секој момент, особено кога ќе и се наложи да даде соодветна форма на нерасипаните народни сили, за да ги упати кон задачите и потребите на иднината, каква и да биде таа.
9 март 1919 год.
Потпишале: Ѓ. Петров, П. Ацев, Т. Делииванов, М. Ив. Герџиков, Таско Спасов Серски, А. Лозанчев, Д. Х. Димов, Д. Икономов, Хр. Јанков, Кр. Љондев, Н. Пушкаров, Протојереј Томо Николов, ЧУд. Кантарџиев, Р. Ризов, Г. Скрижевски, П. П. Арсов, Пав. Христов, Лука Џеров, М. Шкартов, Ар. Ма-ев, Ст. - В. и др.
Архив Војноисторијског института ЈНА, (Београд) Операцијски дневник оперативног одељења врховне команде. Кут. 27, бр.2, кн. 40, 1919,596. Апел кљм македонското население и кљм емиграциљта в Бљлгариљ.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment