Каран
К А Р А Н (808 - 778 п.н.е.) според Дексипус и Еузебиус бил првиот владетел од третата генерација на владетели на Македонија. Според Херодот, пак, основач на Македонската монархија од третата генерација на владетели на Македонија бил Пердика ПРВИ.
Каран потекнува од семејството на Теменидите од Арг. За него постојат повеќе преданија. Својата владетелска лоза јa основал во Егеја (денешна Вергина). Како што се вели, за него немало место да владее во пелопонескиот Арг, каде што тогаш власта ја држел неговиот брат Фејдон, и Каран на молба од кнезот на Орестида, денешно Костурско, оди да му помогне во борбите против соседот - Кисеј, кнезот на Еордаја, Островско. По разбивањето на Кисеј, во освоената територија Каран основал својa владетелска лоза.
Според Хигин, Кисеј бил тој што го поканил Каран да му помогне против соседите, ветувајќи му ја својата ќерка и своето кнежество. Но навреме предупреден од еден Кисеев роб за стапицата која му ја подготвувал, Каран го убива овој кнез. По победата над Кисеј, Каран издигнал трофеј, но еден лав се спуштил од Олимп и го соборил столбот. Одтогаш македонските владетели ретко или воопшто не издигнуваат трофеи по победите.
Според преданието на Јустин, Каран откога собрал војска и дошол во Македонија, врвејќи зад едно стадо кози, со помош на дождот и маглата успеал незабележано да влезе во еден град. Изгледа откако го завземал градот, тој се сетил на претскажувањето и тука го поставил својот престол, во градот Егеја (Според преданијата, Аполон му претскажал на Каран дека една коза ќе му го посочи градот од каде што ќе владее, тоа била древната македонска престолнина Егеја - од кој град доаѓа и името на Егејското Море). Откако ги изгонил непријателските кнезови, Каран обединил дел од македонските племиња, племињата кои верувале и основен култ и божество била Божицата Мајка - МА и Дион - МАКЕДОНИЈА.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
Овдека дечиња, овдека внучиња мои. Ридјето кај што се гравали, дабјето кај што се рои, Могилка малечка овдека нека ми стои. Могилка молк...
No comments:
Post a Comment