После походот во Индија


Патувајќи за Суса, Александар Македонски открил дека многу од неговите сатрапи и воени управници лошо се однесувале во негово отсyство и казнил со смрт извесен број од нив за пример. Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците, и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. Но, војската не ги разбрала неговите намери и се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени персиски обичаи, како и воведувањето на персиски офицери и војници во војската.

„ Потоа Александар Македонски, неспособен повеќе да го задржи својот гнев скокна на нозе и фрли едно од јаболките кои лежеа на масата кон Клитo и го погоди, а потоа почна да го бара својот меч. Но еден од неговите телохранители, Аристофан, го сокри пред тој да може да го дофати, а останатите го обиколија и го молеа да се воздржи, кога тој наеднаш скокна на нозе и извика на македонски јазик да се соберат трупите на сребренитe копја - неговитe телохранители (а ова беше знак на голема вознемиреност) и му нареди на трубачот да затруби и го удри со тупаница бидејќи овој се колебаше и не сакаше да го стори тоа. Овој човек подоцна го гледаа со голема почит, бидејќи само поради него кампот не го зафати метеж.
Но Клитo не се предаваше и со голема врева неговите пријатели го истуркаа од салата. Но, тој се обиде да влезе од друга врата и многу храбро и со презир ги изрецитира следните стихови од Андромаха на Еврипид:

„Ах какви лоши обичаи сега владеат во Елада!„

И така конечно, Александар Македонски успеа да дофати едно копје од еден од неговите телохранители, го фрли кон Клитo додека тој ја тргаше завесата на вратата и го прободе.“

Појаснување: Цитатот од Еврипид е всушност дофрлање и провокација кон Александар Македонски и македонската гарда. Со цитатот од Еврипид, Клитус сакал да посочи на лошите обичаи кои ги наметнале новите владетели на Елада - македонците.

No comments:

Post a Comment