Филип ВТОРИ Македонски Велики


Филип BТОРИ Македонски Велики ( ФIΛIППОY BTOРI MAKEΔoNΩN BEΛIKI - древно македонско венетско писмо ) (382-336 п.н.е.) е владетел на Македонија кој владеел во периодот од 359 до 336 година п.н.е.. Роден во Пела во 382 година п.н.е., тој бил најмладиот син на владетелот Аминта Трети и Евридика. Во младоста (периодот околу 368 до 365 година п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град-држава во тоа време. За време на својот престој се здобил со воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Тогаш се спријателил со командантот на Тебанската Света Чета и ги учел на терен нејзините воени тактики.

Тебанската Света Чета броела 150 хомосексуални машки двојки. Се сметало дека така во битка едниот на другиот ќе држи повеќе до својот партнер и ќе се бори похрабро. Четата била добро опремена со оклоп, шлемови, штитови, меч и копја, и била тактички најдобро извежбана воена сила во тоа време.

Смртта на неговите постари браќа Александар Втори и Пердика Трети, на Филип му овозможиле да седне на македонскиот трон во 359 година п.н.е.. Оригинално назначен за регент на неговиот малолетен внук Аминта Четврти, тој ќе успее целосно да ја превземе власта. Филип дошол на власт во најтешкиот период за Македонија, прво како старател. Во тој период Македонија била напаѓана од сите страни.



За градот - држава Теба


Основач на градот Теба е феникискиецот Кадмус кoj со голема војска дошол во Беотија, претходно пелазгиска провинција (населена со белци), во потрага по неговата сестра Европа. Остатоците од палатата на Кадмус во Теба датираат од околу 1200 до 1400 година п.н.е. Феникијците им го пренесуваат на Јонците од Мала Азија македонското писмо, кое претходно го презеле од Венетите од Илион (Троја). Јонците од Мала Азија на македонското писмо додале 5 додавки - симболи за нивни потреби. Старото Јонско писмо не е постаро од 800 - тата година п.н.е.
Според погоре кажаното, Тебанците по потекло биле Феникијци.
Градот - држава Теба бил потполно уништен од Александар Македонски, а неговите територии биле поделени од околните градови - држави, населението, пак, било продадено како робови. Во својот тестамент Александар Македонски наредил Tеба да се обнови, а за таа намена обезбедил и финансии. Градот Теба го обновил Касандар, но по неговото обновување градот немал никакво важно политичко влијание.




Реформите од Филип Втори Македонски



Наскоро по неговото доаѓање на власт, Филип Втори Македонски извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонеле Македонија да стане регионална сила.
Војската на Македонија во времето на Филип се смета за една од највеличенствените воени сили на античкиот свет. Нивната беспрекорност најпрвин ја покажале под водство на Филип Македонски. Воените иновации во оружјата и тактиките кои ги вовел Филип Македонски биле главните фактори за величината и успесите на македонската империја. Војувањето Филип го претворил во начин на живот за многу македонци, кои дотогаш ја гледале војската како хонорарна работа која се работи вон земјоделската сезона. Со тоа што војската ја направил да биде вистинска работа со полно работно време, Филип можел редовно да ги вежба војниците, градејќи единство и кохезија. Ова ја создало најдобрата воена машинерија дотогаш видена во светот, благодарение на времето и трудот посветен на маневри и воени иновации.
Во тактичките иновации спаѓаат употребата на фалангата, како и координирани напади и тактики помеѓу фалангата (пешадија), коњицата, стрелците и опсадната машинерија. Едно од нивните оружја била сарисата, која давала многу офанзивни и дефанзивни предности на македонската војска.


No comments:

Post a Comment