Освојувањето на Северна Индија


Александар Македонски го продолжува освојувањето во местото Kалаш (денес позната како земја на неверниците) и Хунза. Ги остава старите, болните и ранетите војници и мал дел од војската заедно со благајник.

Александар Македонски ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326-та година п.н.е. Александар Македонски конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар Македонски ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него. Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Индус до Џелум, така и направил. Но водачите на некои кланови, како на пример Асапсиос и Асакеноис, познати во Индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.

Александар Македонски лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Според современите историчари, било доста тешко за Александар Македонски да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата Масага и Аорну дале силен отпор. Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар Македонски бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40000 воини биле заробени. Асакеноисите му се спротивставиле на Александар Македонски со армија од 30000 борбени кочии, 38000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар Македонски бил сериозно ранет во потколеницата.

Кога поглаварот на Масага загинал во битката, командата над неговата војска ја превземала неговата мајка Клеофис, која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив. Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето. Александар Македонски за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска. Според Куртис, Александар Македонски не само што ја уништил војската и останатите жители на Масага, тој исто така го разрушил до темел и го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар Македонски го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.

При крајот на битките кои ги водел Александар Македонски во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините, наречено Аорнос. Александар Македонски постојано бил зад петици на овие трупи. Само после четири-дневна крвава битка, Александар Македонски го завземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво. Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос.

Hа карпите на местото „Хас Рати Султан“, високо околу 4500 метри, а последните 1000 метри било многу стрмно и непристапно, таму непријателите мислеле дека биле безбедни, така што му праќаат едена порака на Александар велејќи: „Само ако можеш да леташ, ќе можеш да го заземеш местото.“
Но, 300 доброволци успеале да се искачат на тоа место и од зад грб да ги нападнат. После тоа Александар Македонски му рекол на локалниот водач: „Гледаш дека јас имам крилја да летам, па ве освоив.“

Сисикотос, кој му помогнал на Александар Македонски во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус. Диодор соопштува, дека Александар ја разделил армијата на три дела. На чело на едниот дел тој го поставил Птоломеј, каде му наложил да го пустоши крајбрежјето. Леонит за истата цел, го испраќа во подножјето на планинскиот регион кој постанал рушевина. Пламнале пожари, биле извршени грабежи и убиства, бројот на жртвите се проценува на повеќе од десет илјади луѓе. Се чини дека оние кои се бореле во близината на Норилск зачувале многу “воени” топоними: реката Батајка и нејзината област кај месноста Војнар, реката Убојна, р’тот Оружило, реката Могилна и Покојница. Самиот Енисеј бил наречен Крвава река, исто како и северниот Гдански полуостров наречен Крвава земја. Кај Јустин може да прочитата дека на деветиот ден на нападот на Масагите, кралицата Клеопида сфатила дека градот не можел да се одржи. За да го спаси народот самата му се предала на Александар. Синот од него, таа го нарекла исто така Александар.

Откако го совладал Аорнус, Александар Македонски ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во битката кај Хидасп во 326-та година п.н.е.

По конечниот пораз на Ахеменидската империја под водство на Бес и Спитамен во 328-ма година п.н.е., Александар Македонски почнал со походи на разните индиски кралеви. Според некои извори, Александар Македонски имал 120000 војска, додека според други војската не броела повеќе од 35000 војници, од кои коњицата била една третина.

Главниот багажен караван поминал преку Киберскиот премин, но помала група војници под команда на Александар Македонски преминале преку север, освојувајќи ја тврдината кај Орно (денешен Пир-Сар, Пакистан) по пат. Во раната пролет следната година, ги соединил своите сили и се сојузил со Таксил (познат и као Амби), кој бил крал на Таксила, против неговиот сосед, кралот на Хидасп.

No comments:

Post a Comment