Решенијата на Смилевскиот Конгрес на Внатрешната Организација
2-7 мај 1903 г.
Решенија од првото заседание
Денеска, 19 април (стар стил-б.р.) илјада и деветстотини и третата година, дванаесет часот по турски утрината, по покана на раководителите од Вториот македонско-одрински округ, се собравме во местото определено од него - село Смилево, Битолско - окружните раководители на Битола: Анастас Лозанчев, Георги Поп Христов, Георги Пешков. Делегатите од Централниот комитет: Даме Груев, Борис Сарафоф, Димитар Дечев; Делегатите од подвижните горски раководни тела: (и неподвижните градски) на Битолско-Пелистерскиот дел... Потоа се пристапи кон разгледување на прашањата предложени од окружните раководители.
Откако се кажа целта на Конгресот и се прочитаа земените решенија во минатите заседанија со кои наполно се согласија пристигнатите, се пристапи кон дневниот ред:
Определување на времето за востание. Се реши: донесените одлуки на Конгресот по однос на подготвувањето и распределувањето на сите да се приведат што поскоро во исполнување и реоните да бидат готови за востание не подоцна од крајот на месец мај. Датумот на востанието да го определат претставниците на штабот, сообразно со гореизложените услови. При тоа се задолжуваат реонските началници да ја соопштат навреме застрашувачката положба на нивните реони. На крајот се прочита дисциплираниот устав и се прими наполно...
За верноста на гореизложеното следуваат потписите на претставниците.
Оригиналните протоколи од Смилевскиот конгрес. Собшава Скендер - беи. Илиостација Илинден бр. 87 (1937), стр. 7-12.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment