Кочо Рацин, „Богомилите - кратка расправиа од историјата македонска“
1940 година
Ќе се зачуди ли некој кога ќе чуе како кај нас у X век живееле и држеле пламени проповоди таквија луѓе, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители от XVII век? Заре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христијанство и толку време на тој јазик ја слушале кротката христијанска проповед за помирение со сичко - заре таја земја, уште у некое време на европејскиот Среден век, да даде претечи на оние бунтовници од XVII век, за равноправие на сичките луѓе, и сакале, „бездржавно“ уредение на светов?...
И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историја. Да се гордеат нашите Македонци со тиа свои славни лугје! Оти противно от науката на државното христијанство, внасено во народот одозгора, от самите државни главатари и пренесено од Византиа, идејно да го закрепи славјанскиот феудализам - протовно от се това, богомилството никна во самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско опозициона форма го организира народниот отпор против феодалите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го промени социјалниот живот. А по тиа свои особености това многу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на научна, а богомилството си стоеше на религиозна основа.
Кочо Рацин, Стихови и проза. Уредил Александар Спасов. Скопје, Култура 1966, стр.180-182.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment