Апел на „МАКЕДОНСКИОТ КОНГРЕС“ во Женева
12 јануари 1899 година
МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВО ЖЕНЕВА
АПЕЛ
До заштитниците на човечката совест,
правдата мирот и човечноста.
Имајќи ги предвид несреќите што ги поднесува народот во Македонија и Одринско со отоманското ропство, кое ги притиска повеќе од петстотини години; споменувајќи си ги ужасните сцени од Виница, ужасните пискоти на нашите живо горени браќа, на силуваните девици и на децата истргнати од прегратките на нивните мајки; имајќи ги предвид сите грозотии, Централниот македонски комитет се зафати со тешката задача да биде заштитена на македонскиот народ со овој Апел до благородните луѓе ги изразува само своите оправдани стремежи.
ЦЕНТРАЛНИОТ МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ свикува за следниот 3 март конгрес во Женева. Овој конгрес има за цел да ги изрази јавно оправданите желби и политичките барања на Македонците; откако ќе се задоволат тие барања, пак ќе завладее на Балканскиот Полуостров мир и правда.
***
Како што произлегува од предходното излагање, каузата на ослободувањето на Македонија се заснова врз законитосто и врз јавниот морал.
ЦЕНТРАЛНИОТ МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ бара поддршка од членовите на Конгресот за подобрување на судбината на Македонците. Тој предлага да се организира постојан комитет, кој би бил задолжен да ги претставува интересите на Македонија пред европските сили. Централниот македонски комитет ќе се договори со претставниците на Конгресот во врска со мерките што непосредно ќе се наложат за смирување на земјата. Тој ќе достави на Конгресот мемоар, кој со исклучок на измените што самиот Конгрес би можел да ги внесе, ќе биде доставен до европските сили, потпишан од членовите на Конгресот.
Женева 12 јануари 1899 година
За централниот македонски комитет,
Ѓорѓи Ив.Капчев
Главен уредник на весникот „Мacedoine“
Public Record Office (London)FO78/5061,(Turkey)/Bulgaria/(Diplomatic).From Filot,January-May 1899
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment