Молба на охридското граѓанство за обнова на Охридската архиепископија
1890 година
До Неговата Светост Великиот Патријарх во Цариград,
Ние верните поданици на Неговото Величество царот Султан Абдул Хамид I од долго време немаме црковна слобода, а од 1872 година станавме уште повеќе заблудено стадо, зашто дојдовме под Бугарска егзархија, заблудени од бугарската пропаганда. Така и ние станавме шизматици.
Ние, Словените од Македонија, од секогаш сме имале своја црква, Охридска архиепископија, која имаше седиште во нашиот град. Денес ние би сакале одново да си ја вратиме и така живееме во слога со Великата црква.
Бидејќи нам ни е потребно Вашето свето благоволение по однос на нашата словенска црква во Македонија, поради тоа Ве молиме, макар и да сме измамени од страна на Бугарите, да ни простите, бидејќи сте благ Христов служител и да ни ја обновите нашата црква.
Покрај тоа што Бугарите не измамија и излагаа, тие ни го отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и нашите свети обичаи и ја менуваат и сета наша лика и прилика. Ние тоа не можеме повеќе да трпиме и не сакаме нашите деца да не колнат нас и гробовите на нашите предеди.
Сега ние се одделивме од Бугарите и сами сочинуваме словенски општини во Македонија, и сочинуваме самостоен народ. Како такви, ние сакаме да имаме наша црква, наши училишта. Ние си најдовме и наши учители, кои ги плаќаме и издржуваме.
Како такви, ние Ве молиме, Ваша Светост, да бидете наш толкувач и пред Отоманската порта, да ни издејствувате како на Словени-православни секаква наклоност, како и дозвола за обнова на Охридската архиепископија, дозвола за наши училишта во кои нашите деца ќе учат на својот мајчин јазик и ќе се воспитуваат во духот на својата православна вера и црква.
Ви ја целиваме Вашата св. Десница.
Ваши духовни чеда.
(Следуваат 120 потписи на охриѓани.)
ДА ДСИП - Београд - ППО, Ф. 7, д. 6, п.бр. 962, 1890.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment