Македонската фаланга била пешадиска формација осмислена од Филип Втори. Филип поминал голем дел од младоста како заложник во Теба, каде што учел кај познатиот генерал Епаминонд. Реформите кои што ги спроведувал генералот Епаминонд биле основа за Филиповите реформи на фалангата. Членовите на фалангата биле професионални војници, тие биле едни од првите трупи во историјата кои биле организарано вежбани, поседувајќи способност да изведуваат комлицирани маневри многу подобри од оние на непријателите. Тие се бореле во густи квадратни формации од 256 војници со просечна длабочина од осум војници. Водачот стоел на чело на секој ред од 16 војници, а помошникот на водачот во средината на редот, така што задните редови можеле да се разместуваат по страните во случај да треба повеќе фронтални војници.
Војниците во фалангата носеле по една ''сариса'' - копје со два врва кое било долго преку 6 метри. Сарисата се носела во два дела кои се спојувале пред битка, и морале да бидат ракувани со две раце. Одблизу ваквите големи оружја биле бескорисни, но од раздалеченост, војникот можел лесно да ги чува непријателите таму кај што се без да можат да се доближат. Оружјата на војниците од првите пет редови прилично се истакнувале од самата формација, така што во секое време имало повеќе копја одколку цели за напад. Второто нивно оружје бил краток меч, заштитен оклоп, шлем и штит кој бил прицврстен преку рамо со јаже за да војникот биде послободен во ракувањето со долгото копје.
Краток меч
Оклоп
Шлем од ковано железо од македонската фаланга од времето на Филип Втори Македонски (пронајден 1998 година на местото Исаp Мрвинци)
Филип не ја користел фалангата како главно оружје за напад, туку како алатка за држење на непријателите во едно место додека тешката коњица им ги разбивала редовите. Македонската коњица се борела во клинеста формација и била сместена најдесно. По пробивањето низ непријателските редови, коњаниците ги придружувале штитоносците, елитни пешадијци кои служеле како телохранители на владетелот, а по нив доаѓала фалангата. На левото крило секогаш се наоѓала сојузничка коњаница од Тесалија, која се борела во ромбоидна формација и служела главно за одбрана.
Македонската воена формација од времето на Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски
Другите единици, престрелниците, разните гаѓачи, резервите од сојузничките хоплити (или коплити - копја што литаат), стрелците, и артилеријата, исто така биле употребувани во битка. Фалангата имала прилично мал багаж, со само еден слуга на неколку војници. Ваквата формација на фалангата и давала голема брзина на марширање која никој неможел да ја надмине. Во некои случаи противниците на Филип се предавале заради неспремност бидеќи неможеле да предвидат дека неговата војска ќе пристигне толку рано. Фалангата исто така била извежбана за изведување и на кратки јуришни напади.
Војските во тогашниот период биле опремени и се бореле на сличен начин на македонската војска. Меѓутоа, подоцна офицерите почнале да претпочитат напади само со фаланга и го исфрлиле комбинираното војување од употреба. Во тој случај, фалангите морале да јуришаат кон непријателот како хоплитите пред нив. Ова ја направило формацијата многу ранлива, иако била речиси непобедлива при напад врз неа. Фалангата, како и другата пешадија е прилично подложна на заобиколување или раширување при брз марш по нерамен терен.
No comments:
Post a Comment