Повелбата на Александар Македонски



Книгата “Кралството на Словените“ е објавена во 1601 година во Пезаро од италијанскиот историчар и патописец Мауро Орбини, роден во Дубровник на преминот од 16 во 17 век. Самата книга под буквата “М“ има одредница која гласи “Македонците се Словени“ но и еден редок документ познат како Повелбата на Александар Македонски. Повелбата била пронајдена во Цариград од Џулио Балдасар, царски секретар.



ПОВЕЛБАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ


НИЕ, АЛЕКСАНДАР, син на Филип, Крал на Македонија, Кнез на Монархијата, од Натабан најавен како дете на големиот Зевс, владетел на Августите, и на Браманите и на Арбоните, од изгрев до зајдисонце, од југ се до север, на благородниот род на Словените му посакуваме благост, мир и здравје. Ние, и нашите следбеници кои ќе дојдат по нас во владеењето со светот, бидејќи ни бевте доследни во вербата, храбри во борбата и наши водачи и јуначки борци, ви доделуваме и слободно ви го даруваме навеки веков целиот овој дел од земјата, на Север се до јужните граници со Италија; и со такво право, што никој, освен вие, не смее таму да се задржува; или да се пресели или да живее. Ако пак, некој се задржи, тогаш нека биде ваш роб, а неговите деца, робови на вашите деца. Привилегијава е дадена во новиот град Александрија, кој ние го создадовме на големата река Нил, во дванаесеттата година на нашето владеење, под заштита на големиот бог Зевс и Марс, Плутон и божицата Атина. Сведоци за ова дело се благородниот Атлета, нашиот благајник, заедно со другите единаесет кнезови, кои ги назначивме, по нашата смрт, како наши сеопшти наследници, со оглед на тоа што ние немаме деца."


За името Александар



Името Александар на античко писмо се пишува AЛЕIIIДАРОY.
АЛЕ > ЕЛЕ > ИЛЕ > Богот на сонцето.
ИИИ Три вертикални црти (|||), бог.
Дарој е дарови.

Александар е Дар од Бога, божји син.

No comments:

Post a Comment