Олимпија
Олимпија била принцеза од Молосиа, жена на македонскиот владетел Филип Bтори Македонски, Василевна НА Македонија и мајка на Александар Трети Македонски. Олимпија е ќерка на епирскиот владетел Неоптолемеј Втори, кои се сметале за потомци на Ахил. Првичното име и било Поликсена, но во детскиот живот го носела името Миртала, а по свадбата, Филип Втори Македонски и го дал името Олимпија во чест на спортските игри. Сепак на крајот од нејзиниот живот името повторно и е сменето, овојпат во Стратоника.
Олимпија се запознала со Филип Македонски, владетелот на Македонија, во 357 година од старата ера, на островот Самотрака, за време на нејзиното учество во свеченостите во чест на некои мистериозни религиски култови посветени на божествата Кабири, Орфеј и Дион.
Била ќерка на поранешниот Mолоски (епирски) владетел Неоптоломеј и внука на тогашниот владетел Ариб. Стапиле во брак истата година. Во наредната 356 година п.н.е. е роден Александар, а во 355 година п.н.е. е родена и ќерката Клеопатра.
Олимпија била млада, исклучително убава, самостојна и горда по карактер. Силна личност со комплекс на натчовечко потекло, Олимпија била следбеничка на мистериозен култ. Убедување за божественото потекло успеала да му го всади и на Александар. Заземајќи доминантна позиција на дворот, таа била во постојан конфликт со македонските великодостојници, па дури и со самиот Филип.
Имало легенда во која се велело дека таткото на Александар Трети не бил Филип Втори Македонски, бидејќи тој ја одбил љубовта на Олимпија поради змиите, туку ИЛЕ - богот на Cонцето кој спиел со Олимпија за време на невремето. Самиот Александар Македонски ја поддржувал легендата поради политички причини, но го сметал за свој татко Филип Втори Македонски.
Непостојанството на Филип Втори Македонски и љубомората на Олимпија довело до смрзнување на нивната врска и развод. Најкритичен момент бил кога Филип Втори Македонски се оженил со млада македонка аристократка по име Клеопатра во 337 година п.н.е. Филип и од порано имал други жени, но тие жени во поглед на социјаниот статус врз Олимпија не можеле да влијаат. Во меѓувреме, Олимпија се вратила во својата родна земја Молосиа. Година дена подоцна Филип Втори е убиен.
За време на македонскиот поход, Олимпија упорно му пишувала на својот син Александар, таа претставувала авторитет и имала големо влијание врз Александар, дури и врз македонскиот претставник Антипатар. Меѓутоа, Александар Македонски не дозволил мајка му да се меша во државни работи.
По смртта на Александар Македонски во 323-та година п.н.е., Македонија била оставена на Антипатар, а Олимпија владеела со Молосиа, се додека нејзиниот внук Неоптоломеј, син на ќерката на Олимпија не пораснал.
Касандар се сојузил со Птоломеј Први, Антигон Први Едноокиот и Евридика Трета, амбициозната жена на Филип Аридеј, и прогласил војна против регентството. Полиперхон се сојузил со Еумен и Олимпија.
Иако отпрвин Полиперхон бил успешен во заземање на градовите држави, неговата флота била уништена од Антигон 318-та година п.н.е. Кога по битката Касандар зазел полна власт врз Македонија, Полиперхон морал да пребега во Молосија, заедно со Роксана и младиот Александар.
Неколку месеци потоа, Олимпија успеала да го убеди нејзиниот роднина Еакид да изврши инвазија на Македонија заедно со Полиперхон. Кога Олимпија отишла на полето, војската на Евридика одбила да се бори против мајката на Александар и ја напуштиле. Олимпија, Полиперхон и Еакид повторно ја зазеле Македонија. Филип и Евридика биле фатени и погубени во на 25 декември, 317-та година п.н.е., така оставајќи ја Mакедонија на Александар Четврти Македонски, но вистинската власт била во рацете на Олимпија, која била негов регент.
Следната година Касандар cе вратил (316-та година п.н.е.), повторно освојувајќи ја Македонија. Олимпија веднаш била погубена, додека владетелот Александар Четврти и неговата мајка биле ставени во затвор во тврдината Амфипол, под надзор на Главкиј.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment