„Реформи“ за борбата во Македонија


16 август 1903 година

Борбата во Македонија предизвика такво воодушевување во срцата на многумина младичи во странство, што некои од нив решиле да ги остават и коските за слободата на херојските Македонци, Такви борци се јавиле од Чешка, од Одеса и други места. Дури и еден потпоручник од српската армија, родум Македонец, ја напуштил војската и влегол во редовите на македонските востаници. Јавуваат од Италија дека некои од италијанските гарибалдинци се готвеле да се борат за слободата на Македонија.


„Реформи (Софиа) 36 (16.vii 1903); Странскиот печат за Илинденското востание.
Скопје 1953, стр.72

No comments:

Post a Comment