Пердика ПРВИ


После Каран, втор владетел од третата генерација на Македонија е Кен (KENOY - древно-македонско венетско писмо). Третиот владетел, пак, е Тирима (TIPIMOY - древно-македонско венетско писмо).

Четвртиот владетел на Македонија од третата генерација бил Пердика ПРВИ (ПЕPΔIKOY ПРВI - древно-македонско венетско писмо). Пердика Први владеел од 700 година п.н.е до 678 година п.н.е.
Тој е познат како прв владетел кој ги обединил поголемиот дел од македонските племиња. Пердика Први заедно со своите браќа работеле кај некој владетел од Македонија. Секој ден за ручек жената на владетелот месела леб. Лебот кој бил наменет за Пердика Први секогаш бил најголем. Кралот мислел дека Пердика Први има нешто со неговата жена. Кога требало да им плати за тоа што го сработиле тој ги повикал во својата одаја. Во неа имало само еден прозорец низ кој влегувала сончевата светлина. Владетелот им дал една торба и им рекол да соберат од светлината колку што сакаат.Тогаш Пердика Први го извадил својот меч и со мечот направил еден круг на земјата каде што паѓал зракот.Од таа земја ставил во торбата и му кажал на кралот дека тој ќе направи своја држава голема колку сонцето. Така Пердика Први направил свое владетелство, обединил дел од македонските племиња и го поразил владетелот кај кого работел.

No comments:

Post a Comment