Гоце Делчев до Ефрем Каранов
17 октомври 1895 година
Господине Каранов,
Пред неколку недели г. Чакаров се јавил со офицерска униформа (чин поручник) во Виница со намера да прогласи внатрешно востание! Благородна намера! Нема поспасоносен лек од оној со кој се зафатил Чакаров. Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. Но кои се тие што ќе се кренат сега на востание? Г - н Чакаров ли? Ако востание може да се крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка. Но бидејќи тоа е невозможно, а треба луѓе, тогаш што да прави? Треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, којшто го направил Македонецот доста дебел дебел во свеста за човечка правина. И тоа ако не целиот народ, тогаш барем еден дел од него, па тогаш, наместо г. Чакаров да бара 40 души, ќе го бараат него 400, за да застанат под неговото знаме. Ако не стане така и ако се прогласи востание, жално ќе биде за народот, а тешко и горко за виновникот. Жално е зашто залудно ќе се изгубат најмлади сили (едни по зандани, други по бесилки), ќе се остават невини Македонки на самоволието на скотските и жестоки страсти на дивјаците и најпосле ќе останат под јатаганот на Азиецот 5-годишни деца и 70-годишни старци и за сето тоа виновникот ќе биде одговорен и пред својата совест, и пред народот, и пред историјата.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment