Битката кај Херонеја
Битката кај Херонеја (338 п.н.е.), се одиграла близу Херонеја, во Беотија, и била најголемата победа на Филип Втори Македонски. Таму Македонците под командата на Филип Македонски со 32.000 војска ги поразил помалите комбинирани сили на Атина и Теба, зацврстувајќи ја македонската хегемонија над градовите држави.
Битката кај Херонеја се водела по класичните принципи на војување, војската на Атина и нејзиниот сојузник Теба наспроти македонската фаланга на Филип. Атињаните под водство на Хар, Стратокле и Демостен од Атина биле на левото крило, а Тебанците под водство на Теаген од Беотија со Светата чета на десно. Атињаните и Тебанците биле сместени до центарот на борбената линија.
По прецизна цифра од градовите држави: Тебанци вкупно на број околу 12.000 од левата страна со Светата Тебанска Чета, атињани вкупно на број 9.000 и биле распоредени од левата страна и во центарот биле пoмалите градови држави: Ебеа, Коринт, Мегара, Леуца и Корцира со вкупно од околу 9.000 војници и биле позиционирани во центарот. Десното и левото крило било зајакнато со уште по 2.500 платеника. Сојузниците во најголем број биле пешадија. Кај Македонците пак, Филип го командувал десното крило, додека Александар го командувал левото, надгледуван од најдобрите команданти на Филип. Славните коњички придружници Чета Херои, биле сместени позади македонската борбена линија. Македонците броеле 30.000 тешка и лесна пешадија и околу 2.000 коњаника. Фалангата била предводена од Филип Македонски, а коњаницата била предводена од младиот Александар.
Според античките извори, двете страни жестоко се бореле долго време. Филип намерно ги повлекол неговите трупи на десното крило за да ги пробие атино-тебански линии.
Од записите за битката кај Херонеја од историчарот Диодор Сикуло:
(IV.II.2)
Дочекувајки ги атињантите на Херонеја,
Филип изглуми повлеквање.Додека, Стратокле
водачот на атињаните нареди на своите
војници да нападнат напред,викајки:
''Ќе ги гониме се до срцето на Македонија''
Филип мирен набљудувајќи ги :
''атињаните не знаат да победат''
и нареди на својата фаланга да биде збиена и цврста
и да се повлекува полека,
заштитувајки се со штитовите од нападите
на непријателот.Кога тој со овој маневар
ги навлече надвор од нивната подобра
позиција и доби со тоа надмоќ, тој застана
и бодрејки ги своите војници нареди силен напад,
така да го уплаши непријателот и да освои
една величествена победа во негова корист.
(IV.II.7)
На Херонеја Филип знаејќи дека се страствени и не истренирани,
а македонците навикнати на напор и тренинг,
беше смислено да атињаните бидат изморени и со тоа да неможат
да го издржат финалниот напад.
Александар бил прв што ги разбил тебанските линии, проследен од храбар баталјон Чета Херои, веројатно роднини и пријатели, откако го видел ова, Филип се заложил да нападне со сет бес, а aтињаните, страствени но неувежбани, не можеле да им се спротистават на македонските ветерани. Со повлекувањето на aтињаните, Тебанците останале да се борат сами и биле поразени. После една силна борба Александар успеал да ја уништи тотално светата тебанска чета. 254 тебански воjници биле убиени.
Од записите на историчарот Диодор Сикуло:
''И сега Александар, во срцето решен да
покаже колку е вреден, жеден за победа
верно проследен од своите другари [hetairoi] Чета Херои,
прв успеа да ја пробие цврстата одбрамбена линиjа
убивајќи многу од нив, навлегувајќи длабоко во непријателските
линии пред него. Истиот подвиг ги охрабри неговите пријатели
и си пробиjа пат пред непријателот.''
''Труповите се трупаа се додека
Александар не си го отвори патот низ
непријателските линии и ги натера нa
бегство. Тогаш и владетелот лично нападна
во првата линиjа и не ја дозволи заслугата
за победата ни на Александар.
Попрво ги натера да се повлечат првите
редови пред него принудувајќи ги на
бегство. Стана најзаслужен за победата.''
Од записите за битката кај Херонеја од историчарот Плутарх:
''Беше прв што ја нападна Светата Тебанска Чета''
(Животот на Александар)
''сите погодени во гради од македонските копја''
(Животот на Пелопидеа)
Светата Тебанска Чета била опколена. Од напред фалангата со долѓите копја, а од позади Александар со своите Чета Херои во добро позната македонска воена тактика.
Филип Македонски од својот син Александар направил голем воин. Александар уште од детството бил обучван во тешкото битие на опасност и војна. Филип својот син го терал да спие со лавови, а понекогаш и со змии. Звучи сурово, но за Филип било важно од својот син да направи вистински воин. Александар секогаш одел прв пред неговиот татко Филип, кој направил ''Лав'' од својот син. Секогаш прв за пример, а со самото тоа и давал надчовечка сила на неговите македонски чета херои и војници кои верно го следеле во битка.
Оценка на историчарот Плутарх за македонците во битката кај Xеронеја:
''Атињаните се однесуваат спрема македонците како полубогови меѓу диви ѕверови''
Пред почетокот на секоја битка, македонците си ги простувале гревовите еден на друг, ако имале некој неразрешен проблем меѓу себе. Не само што биле добро опремени и извежбани туку биле и псиxички подготвени, па затоа стигнале и до Индија и немале непријател кој можел да им се спротистави, се додека биле обединети и ce додека си ги простувале своите меѓусебни гревови.
Од славните 300 членови на Светиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени. Атињани загинале 1.000, беотските жртви ce непознати. Загинатите тебанци ги закопале под статуа на лав, Лавот од Херонеjа. Другите заробени тебански војници биле продадени како робови, а со тие пари Филип Македонски инсталирал воена база во Теба. Од Теба Филип отишол во Атина и им ги предал заробените aтински воjници. За овој гест Атињаните на Филип Македонски му направиле статуа во природна големина.
Во битката кај Херонеја учествувал и Демостен како обичен хоплит, кој пред Филип и македонците бегал како уплашен зајак. Демостен и многу други непријатели на Филип побегнале во Персија и соработувале со персијанците против македонците.
Ефектот од битката кај Херонеја е потпаѓање на градовите држави Атина и Теба под македонска власт, но тие немале статус на робови и не плаќале данок. На Општиот Мир вклучен во зимата 338/7 година п.н.е. им била дозволена слобода и автономија но сепак била ограничена. Следните обврски им биле наметнати од Филип Bтори Македонски: насилно менување на уредувањето, нова прераспределба на земјата, отпишување на долговите, ослободување на робовите, терање на политичките противници, конфискација на имотите, враќање на политичките бегалци, стапување во служба на други држави, здружување во сојузи и меѓусебни борби. Преку склучениот мир по битката кај Херонеја, Филип Втори Македонски иако воено не ги окупирал, освен што поставил четири воени бази околу островот Евбеја, сепак остварил негово мешање во внатрешните работи на полисите и приватната сопственост на нивните граѓани, а со тоа и нивна подредена положба во однос на Македонците.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment