Showing posts with label Документи. Show all posts
Showing posts with label Документи. Show all posts

Населување на албанците во Македонија



Многу често од албански историчари и политичари слушаме дека албанците биле автохтон народ во Македонија. Тоа воопшто не е точно. Сите историски извори го тврдат сосема спротивното, односно дека албанците се најдоцни дојденци во Македонија. Дури и турците се дојдени порано отколку првиот дојденeц албанец во Македонија. Историските сведоштва говорат дека првите албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на 18-тиот век. И секој човек кој што логично размислува и има малку познавања од македонската топонимија и археологија, ќе знае дека сите населени места каде што денеска живеат албанци некогаш биле чисти македонски места, со македонски топоними, со македонски цркви и гробишта, без никакви пишани историски извори или археолошки наоди од албанци се до половината на 18-ти или 19-ти век. Каде има албански џамии или цркви, албански гробишта од 17-ти век во тетовско, гостиварско, дебарско, струшко, скопско, кумановско?! Никаде!

Според отоманскиот попис на населението од 1430-1431 година, во Македонија немало воопшто албанци. Веќе од средината на 15-ти век, со исламизацијата на албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но сепак во многу минорен број. Во отоманскиот попис од 1452-1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје. Овие албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како „Арнаути“ или „Арбанаси“, како би се разликувале од староседелците. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или “Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.

Отоманскиот попис од 1467-1468 година, забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети:

Попис 1467-1468 година

Вилает Калканделен (Полог): 20 домаќинства
Вилает Ускуп (Скопје): 2 домаќинства
Вилает Пирлепе (Прилеп): 10 домаќинства
Вилает Ќипрјули (Велес): 3 домаќинства
Нахија Крчово (Кичево): 7 домаќинства
Нахија Мариово: 1 домаќинство
Нахија Манастир (Битола): 41 домаќинство

Извор: ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485


Првите шест албански села во Македонија


Албанците дошле на границите на Македонија во 1572 година. Французинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку, како што тој лично запишал, “албански групи на убијци и разбојници“ во 1572 година.

Во 1595 година, за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка тајфа која ограбила неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила. [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38].

Според отомански документ од 1597 година, околу 10000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во 6 од тие села, во дебарската област, се заселиле првите албанци во Македонија. Значи, прво населување на албанци во македонско село, временски датира 3 години пред почетокот на 17-ти век и тоа било во областа на Дебар.


Албанско населување во скопската област


Во отомански документ од 1595 година, за прв пат е забележано присуство на “арнаутски разбојнички групи“ во скопската област, но без албанско населување.
Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17-ти век (Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19-ти век било чисто македонско село. Во Љуботен албанците навлегнале на крајот на 18-ти век (Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Германскиот патувач Хан во втората половина на 19-ти век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австријските војни, што е крајот на 17-ти век (Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70).

До 20-ти век, на Китка и Црн Врв се населиле албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18-ти и 19-ти век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане (Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).

Во Скопското поле првите албанци се спуштиле дури во 19-ти век, за време на управувањето на Хамзи-паша, албанец кој етапно доселувал албанци од северна Албанија. [ J. Трифуноски, Скопско Поље, 358.]


Албанско населување на Полог


Албанското населување на Полог почнува од средината на 18-ти век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, се до првата половина на 19-ти век, кога со Полог владее албанецот Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал албанци од северна Албанија [ Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74.]. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно поалбанчено, цели родови биле поалбанчени, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум [ Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.]. Истото се има случено и со Кичевијата, каде најголемиот дел од тие албанци се всушност од македонско потекло. Затоа, можеме да кажеме дека албанците во Македонија се македонски браќа.

Албанците од село Теарце биле заселени од тетовските паши, од Мат, Долен Дебар и призренско. Албанците од село Доброште дошле од Дебар и Љума. Во село Длабочица, село Стража и село Култино, албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19-ти век ги избркал македонците и населил албанци ( Материали (Софија), 437, 439, 446-447).

Во Жеденската област до почетокот на 19-ти век живееле исклучително македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат албанци од Реч и Долни Дебар.

Од албанските зулуми, македонците од Полог масовно бегале и ги оставале празни селата. Васил К`нчов во последната деценија на 19-ти век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а во 1890 година опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои исто така останале опустени и празни (В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100). Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустување (Ј. Трифуноски, Полог, 39-40). На опустените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале албанци.

Еве неколку потресни вистинити историски приказни, како врз македонците од Полог бил вршен етногеноцид.

Во село Лопушник, кон крајот на 18-ти век се доселиле тројца албанци и со “зулум“ купилe земја oд селаните во Лопошник, плаќајки им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така албанците постепено го зазеле селото [Ј. Трифуноски, Полог, 183.].

Македонците од селото Железно Речане биле на удар на качачките банди во почетокот на 19-ти век, а населението за ситница убивано, "трган народ", велеле мештаните [Ј. Трифуноски, Полог, 191.].

Македонските селани од Горна Ѓоновица биле убивани на паша, во шума, на нивите, им ја грабале стоката [Ј. Трифуноски, Полог, 210.]. Во тогашното македонско село Симница, најпрво се населиле три албански семејства од Мат (Албанија) и со помош на други дојденци од Албанија ја нападнале Симница и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери, освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разорен. Манастирот во 1936 година бил обновен, но балистите повторно го разориле во 1943 година. [Ј. Трифуноски, Полог, 213.]

И селото Џепчиште, како и сите полошки села пред 200 години биле чисто македонски места, со манастир Света Богородица. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот "Турци" [муслимански Албанци] го запалиле манастирот заедно со селаните. [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347].



Албанизација на Кичевија


Албанизација на Кичевија, а не населување на албанците, бидејќи и сегашното албанско население на Кичевија има македонски корени. Зајас, сега изразито албанско село, до 1740 година било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ - Браднина, пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајас ги знаат своите муслимански претци до 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле “Шопки“, па албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и поалбанчиле (Т. Смиљанић, Кичевија, 440-441).

Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 година. Албанците удриле на селото од страна на Зајас за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа (Т. Смиљанић, Кичевија, стр. 431).
Селото Бериково, било муслиманизирано околу 1785 година, кога албанците ги исламизирале жените и децата од селото, бидејќи мажите им биле на печалба (Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437).
Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на 18-ти век во Австро-Унгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани (Смиљанић, Кичевија, с. 444).
Албанците во село Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 година. Тогаш било и албанизирано селото Туин. Во село Поповјани, село Другово и село Белица првите албанци се населиле околу 1840 година од Дебар.


Албанизацијата струшко-дебарскиот крај


Иако албанците прво проникнале во дебарскиот крај во 17-ти век, сепак до 19-ти век, апсолутното мнозинство на Голо Брдо и Дебарско Поле го сочинувале македонци, рисјани и муслимани. Подлабоки етнички промени во дебарскиот крај настанале во 19-ти век, со албанизација на македонците муслимани од повеќе села и населување албанци од северна Албанија.

Васил К`нчов во својата книга за Македонија обајвена 1900-та година, сведочи за поалбанчувањето на македонците муслимани и населувањето на албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле: “Жителите (македонски муслимани) на селата Острени, Трново, Клене, Летен, Џепиште, Ербеле, Обоки, Макелари и други, претпочитаат да се кажуваат за арнаути и да говорат арнаутски. Торбешите од село Раица, најјужно од подримските потурчени села, говорат повеќе арнаутски и се бројат за арнаути. Селата Вичишта, Голеишча и Писанки биле до почетокот на 19-ти век македонски, до пред 30 години биле половина македонски, а сега се населени од арнаути. Само во Писанки останаа уште 3 македонски куќи. Арнаутите идат од Горица и од други посеверни места. Уште посилен е притисокот на Поле (дебарко поле).

Македонците исчезнале во почетокот на 19-ти век од северните села, а денес бегаат од сите други села поради страшните уништувања на кои се изложени. Селото Граѓани до скоро било македонско. Арнаутите дошле пред 50 години и сега тие се мнозинство. Има уште 8 македонски куќи, но и тие наскоро ќе бегаат. Македонци имало и до пред 30-35 години во арнаутското село Балании и во турското Коџаџик, но сите избегале. Тој крај е жестоко опустошен од арнаутските полкови на Али Паша, кои го уништија Божји Град во долината на река Дрим, кон крајот на 18-тиот век.

Само во Река арнаутите уште не проникнале и тоа благодарејќи на торбешите од една страна и на фактот, што, тамошните македонски села се големи (види кај Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).


Населување на албанците во Гора (Корча), област Мокра - Поградец и Струга


До 19-ти век, македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора (Корча) и Мокренската област населението било македонско, православно и поданици на Охридската Архиепископија. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од 1761 година се наоѓа Епископијата Горо-Мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким (А.Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569).

Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19-ти век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (зап. охридски брег). Во 1805 година арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на Охрид, а во 1821 година пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница се` се запусти, сето имање го ограбија“ (Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900-та година запишува “арнаутски дојденци од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“, селата Фердово и Калиште се поалбанчени целосно, а македонското население се иселува и од селата Лин и Радожда.

70 години пред сведоштвата на К`нчов, доктор Муелер, кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во 1837-1828 година, сведочи дека овој брег бил населен со македонци, но почнале да се доселуваат и албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од македонци и албанци, додека селото Калиште било чисто македонско село (D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69). Само 70 години подоцна, на почетокот на 20-тиот век, немало трага од македонци во тие некогашни чисто македонски села.
До 1870 година жителите на областа Девол и Корча (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат албанци (Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.).

Од ова произлегува дека голем дел од денешните Албанци имаат и македонски корен.

За населувањето на албанците на Балканскиот Полуостров, повеќе прочитајте во написот:
Населувањето на aлбанците на Балканскиот Полуостров во 11-ти век.


Населувањето на aлбанците на Балканскиот Полуостров во 11-ти век


Шќиптари / Shqip(ë)tarët / Albanians


За потеклото на албанците, постојат многу разјаснети одговори. Според сите пишани и материјални историски извори со кои што располага светската историографија и археологија, можеме да заклучиме дека албанците најкасно се населиле на Балканскиот Полуостров.

Во антиката, за прв пат се спомнува народ албанци, во Битката кај Гавгамела во 331-ва година п.н.е. каде Александар Македонски (Македонија) го поразил Дариј Трети (Персија). Албанската коњаница била на страната на Дариj Трети и биле поставени на десното персиско крило.

Целокупните историски извори од средниот век говорат дека територијата на денешна Албанија ја населувале само македонци, илири и епирци.

Хрватите се до почетокот на 19-ти век се изјаснуваа како илири, а нивниот јазик го означуваа како илирски. За разлика од народите кои и во средниот век се идентификуваа како илири т.е. потомци на илирите, не постои ниту еден историски албански извор, дека денешните албанци, некогаш и некаде до 20-тиот век имале свест за било какво илирско потекло. Тоа секако не наведува на помислата за нивното населување на Македонскиот Полуостров (Балканот) во средниот век. Целата книжнина од Хрватска, како земја која не потпадна под турско ропство и целосна германизација и која имаше литературна слобода, на илирскиот т.е. „словенскиот“ јазик. Хрватските интелектуалци до 20-ти век, својот јазик го нарекуваа илирски, a сите народи на Балканскиот Полуостров ги нарекуваа “илири“, а земјите беа за хрватските интелектуалци илирски провинции. И самата идеја за создавање на Југославија, како заедница на народи е наречена “илирска идеја“.

Во византиска географија од 10-ти век од анонимен автор, напишано е дека скити-словени го населувале целиот Епир (G. Müller, Geographi Graeci Minores, Paris, 1882, p. 574 (Извори за бълг. история, IX, с. 311). Византиската “Хроника на Monemvasia“ го потврдува фактот дека цела јужна Албанија (стар Епир) била словенска земја (Dujčev, I. Cronaca di Monemvasia. Palermo, 1976, p. 12–13.). Средновековната историја на Солун - “Miracula Sancti Demetrii“ спомнува само словени во денешна Албанија (lib. II:I,158, в: ГИБИ, III, с. 129.). Според византиски документ од 6-ти век, за Драч и северна Албанија се говори како словенска земја (ГИБИ, II, с. 129.). Византиските хроничари пишуваат и дека крајбрежните области Дирахион и Никопол биле словенски (Ferluga, J. Gli Slavi del sud ed altri gruppi etnici di fronte a Bisanzio, In: Gli Slavi occidentali e meridionali nell'alto medioevo.t.I, Spoleto, 1983, p. 303–352.).

Но, во истиот ран среден век, никаде не наоѓаме историска или археолошка трага на присуство на албанци на Балканот, ниту во Албанија. Само да се погледа топонимијата во Албанија, станува јасно секому дека Албанија била исклучиво словенска земја во средниот век. Албанските топоними се чисто словенски како Кукуш (алб. Кукс), Белград (тур. Берат), Коњух (тур. Елбасан), Горица (тур. Корча), Лесковиќ, Ќоровода, Леска (алб. Леш), Кроја (алб. Круја), река Војунита (алб. Вјуса), планина Мокра, Девол, Вагенеција итн.

Во 1308 година е издаден “Анонимен опис на источна Европа“, каде за албанците е напишано дека “немаат градови, замоци, тврдини, укрепини и села, туку живеат во колиби и постојано се движат од место во место со своите дружини и родови (Белчовски, J. Опис на Источна Европа од 1308 година. Вo: Споменици за средновековната и поновата историjа на Македониjа, т. 2 ,Скопjе, 1977, с. 470–473.). Како што сите знаеме, сите илирски населби биле утврдени уште во антиката, како и подоцна во средниот век, со што Албанците не може да се поврзат со Илирите.




Населувањето на aлбанците на Балканскиот Полуостров во 11-ти век


Која е татковината на Албанците?! Албанците се кавкаски народ, кој потекнува од кавкаска Албанија. Прво биле освоени од Александар Македонски и Македонците после битката на Гавгамела 331-ва година п.н.е. Потоа според нив, кавкаските албанци биле нападнати, заробени и одведени од страна на арапите како арапски војници во Италија, при арапските напади на Италија во 11-ти век. Дел од албанците биле заселени од арапите крај италијанскиот град Тоска, па се поврзува името на албанското племе Тоски со нивното привремено живеалиште во Италија. Од тука е присуството на латинските позајмици во албанскиот јазик, но и во подоцнежните албанско-влашки контакти и албанизацијата на епирските власи.


[Константинопол т.е. Источното Римско Царство - Ромеи ( Византија - Називот Византија прв пат се користи во 1557 година (нешто повеќе од стотина години по падот на Константинопол од страна на германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело Corpus Historiae Bizantinae ), која во тој период ја контролираше и јужна Италија, ја одбрани оваа територија од арапите и нив ги протера. Во “Historia, Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae. Impensis ed. Neberi, Bonnae” е објаснето дека Ромеискиот воен лидер Michael Ataliotos во 1042 година ги пренел албанците од јужна Италија на Македонскиот Полуостров (Балканот) и ги населил во месноста Арбан (денешна северна Албанија), на тромеѓето меѓу македонците, србите и црногорците, за да ги прекине и ослаби овие народи и нивните врски.]
Значи како резултат на ова населување настанале црногорците, рашките па потоа србите, а коренот им бил Македонија.

За кавкаското потекло на албанците може да се надоврзат и топонимите во кавкаскиот регион. Во денешна Грузија, во земјата на некогашниот аварски каганат, постојат топоними исти како и имињата на албанските племиња. Така, постои село Бушати во Грузија, а воедно Бушати е име на албанско племе заселено околу Скадар. Во Грузија воедно постојат села со имиња како Гегути, Гегени и Геги. Гегите се северните Албанци. Исто така, мноштво албански зборови се исти или имаат ист корен како и кавкаските јазици од Чеченија, Дагестан, Грузија итн. Ако на ова се додаде дека прв пат писмени документи на албански јазик се јавуваат дури во 15-ти и 16-ти век, несомнена е нивната средновековна колонизација на Балканскиот Полуостров.

[Then in 1042, the Byzantine Empire attacked by macedonian insurrection under command to the macedonian leader Petar Delian, after having defeated the Arabs in Sicily and having brought the Sicilian Albanians under their command and christianizing them. The leader of the Byzantines who led the Albanians was named Georgius Maniakos. Maniakos brought Albanian mercenaries from Sicily to fight the Macedonians insurrection and they settled in two waves in modern day Albania, first the mercanaries came, and then came the women and children. After the defeat of Maniakos, the Byzantines would not let the Albanians return, thus the Albanians requested that the Macedonians let them stay on the land. They settled under mount Raban and the city of Berat and from this, the macedonians called them "Rabanasi" or "Arbanasi". The city of Berat was known as Belgrad also, before the Albanians came to settle there. They mostly tended sheep and cattle.]


Населување во област Арбан


Прв пат историските извори спомнуваат присуство на албанци/арвани/арбани на Македонскиот Полуостров - Балканот во втората половина на 11-ти век. Византискиот хроничар Скилица пишувајки за историски настани од 1078 година, првпат во историјата спомнува албанци на Македонскиот Полуостров - Балканот (ГИБИ VI, с. 338–339.). Михаил Аталиат пак спомнува албанци во втората половина на 11-ти век.

Византиската принцеза Анна Комнена ги лоцира албанците во 11-ти век во областа Арбан (северна Албанија), (Анна Комнина, Алексиада. Съст. Я. Любарский. Москва, 1965, с. 351; Ферjaнчић, Б. Албанци у византиjским изворима, В: Илири и Aлбанци, Београд 1988, 287–292...

Пред втората половина на 11-ти век никаде не се спомнува народ албанци или било кое од другите имиња користени за овој народ на Балканскиот Полуостров, а не се спомнува и областа Арбан. Затоа албанците може да кажеме дека се најдоцните колонизатори на Балканот.

Историските пишани извори утврдуваат дека до 1280 година, немало албанци во други делови на територијата на денешна Албанија, освен во областа Арбан.



Населувањето на албанците во Драч и драчката област


Албанците од 11-ти век до 1280 година живееле исклучиво во областа Арбан, откога почнале да ја напаѓаат и населуваат драчката област. Кон крајот на 13-ти век е датиран првиот историски податок за албанско присуство во Драч, кога албанците го нападнале и ограбиле Драч, а потоа го напуштиле (Ibidem, 1, p. 357.).

Историскиот доказ вели дека тие не биле домороден народ во Драч, бидејќи дошле, го ограбиле и потоа заминале од него.

Некаде во 1280 година имало голем земјотрес во Драч, кој го разрушил градот и староседелското население од Драч се иселило, а тогаш прв пат албанците го населиле Драч (Pachymerеs, Georgii. De Michaele et Andronico Palaelologis. 1, Bonnae, 1835, p. 508.). Драч бил голема македонска колонија, кој бил во рацете на македонскиот господар Ивец, еден од првенците на царот Самоил. Poмeиските средновековни хроничари опишуваат како македонскиот војвода Ивец имал голем дворец наречен Проништа, на драчката планина Врохот (така се нарекувала во тие времиња). Појужните области на денешна Албанија ги владеел македонскиот господар Николица, исто така првенец на Самоил (Скилица-Кедрин, ГИБИ, 7, с. 292.)


Населување на албанците на југ од Драч


Византискиот историчар Лаоник Халкокондил сведочи дека албанците откога го зазеле и населиле Драч, почнале постепено да се селат на југ во 14-ти век (Веселаго, Е. Известия Лаоника Халкокондила об албанцах, ВВ, 10, 1956, с. 140).

Воедно и Јоан Кантакузин, друг византиски хроничар, пак опишува дека албанците како номади за прв пат почнале да доаѓаат во областите на Белград (дн. Берат), Канина и Колонија во 30-те години на 19-тиот век. (Cantacuzeni, I. Eximperatoris Historiarum. Bonnae, 1, 1828, p. 279–280, 450, 474, 495.).

Но, тоа не била права и масовна колонизација на албанци во овие места, зошто според турскиот попис од 1431 година, имало само неколку албански семејства во споменатите области (Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7, 1979.).



Населување на албанците во областите на Коњух (Елбасан), Горица (Корча) и Белград (Берат)


Според турскиот попис од 1431 година, нема присуство на албанци околу градовите и во самите градови Коњух (турски Елбасан), Горица (турски Корча) и Белград (турски Берат) (Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7, 1979.). Овие места почнуваат мали групи албански номади да ги населуваат дури во 17-ти век, но не станаа албански доминантни места се` до крајот на 19-ти век.


Турските податоци за албанците до 15-ти век

Османлиските пописи ни кажуваат дека во 15-ти век албанци живееле само во турскиот санџак Арванид, а географски тоа е поречието на реките Шкумбин и Матија, околу рамнината на Кроја. За тоа сведочи и пописот на населението од 1431-1432 година, каде албанци се зебележуваат во санџакот Арванид, но не и во другите места на територијата на денешна Албанија, со исклучок на неколку семејства (İnalcık, H. Higri 835 Tarihli Süret-i Defter-i Sancak-i Arvanid. Ankara, 1954.).

Според сите историски извори, може да забележиме дека албанската експанзија и албанизација на македонското домородно население од територијата на денешна Албанија започнува од 17-ти век, со исламизација на албанците и нивно зајакнување како отомански исламски сојузници против христијаните староседелци.



Шкрети - етнички македонци кои го прифатиле албанскиот јазик


Шкрети е македонски назив за етничките македонци, кои го примиле албанскиот јазик и кои во Република Македонија живеат во областа Горна Река (мавровско, денеска општина Ростуше-Маврово).

Етимилогијата на македонскиот збор шкрет потекнува од гегскиот (албанскиот) збор ШКЈА, кој што означува словен.

Самите албанци (геги) ги нарекувале етничките македонци кои го примиле албанскиот јазик ШКЈА или СКЈА т.е. словени, за да се разликуваат од етничките албанци. Но, шкрети нема само во Горна Река, туку албанизирани македонци во најголем број живеат во Голо Брдо, околиите на градот Коњух (преименуван од Отоманците во Елбасан), Белград (преименуван од Отоманците во Берат), Горица (турски Корча), Бобовишта, Поградец, Девол, итн. Поконкретно, ШКЈА е термин кои гегите (албанците) го користеле и за сите останати словенски народи. Српскиот етнограф Цвијиќ, забележал дека албанците ги нарекуваат и србите и црногорците “само Шкја, Скја и никако поинаку“ ( J. Cvijić, Balkansko Poluostrvo, Beograd 1931, II, 31 i d., 61). Според етимилошкиот речник на хрватскиот и српскиот јазик, албанскиот збор shqa (шкја) означува словен (Petar Skok, Etimologijski rječnik hrvatskoga ili srpskoga jezika, JAZU, Zagreb 1973).

Општо познато е дека македонците, како христијани во Отоманското царство, трпеле големи зулуми од страна на исламизираните албанци, кои биле главни отомански сојузници на Македонскиот Полуостров - Балканот. Поради тие притисоци, за заштита на својот живот, голем дел од македонците од западна Македонија и она што денеска е држава Албанија се исламизирале, а оние кои останале верни на својата прадедовска христијанска вера, само го прифатиле албанскиот јазик. Тоа се денешните шкрети.

Многу од шкретите со тек на време се исламизирале, па целосно се претопиле во албанци. Денеска исламизираните шкрети од Горна Река се сметаат исклучиво за албанци, иако етничкото потекло им е чисто македонско. Се претпоставува дека шкретите го прифатиле албанскиот јазик во 19-ти век.

Постојат белгиски сведоштва од 19-ти век, кои се однесуваат на селата во Корча (Горица) и Девол, населени со етнички македонци, но под арнаутскиот притисок морале да го прифатат албанскиот јазик т.е. да се албанизираат или пак да се исламизираат и да добијат Отоманска заштита.

Забележано е дека масовно, македонските селани од Корча и Девол, кои го говореле македонскиот јазик како мајчин, го прифатиле албанскиот јазик некаде околу 1870-та година. Првенците на подесетина села од овие области се заколнале групно да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат албанци (Списание "Albania"Bruxelles, 15–30 Juni 1898, p. 32.).

Пишаните историски извори и факти, ни откриваат дека голем број од денешните албанци имаат македонско етничко потекло.

Христо Крстевски за Струмичкиот карневал


Според мислењето на некои етнолози (И. Сувариев), исто така, треба да се прави реска дистинкција помеѓу сурварите, бабарите, василичарите, џамаларите и кукерите (како што ги наречуваат во Бугарија) и карневалот што се одржува на Тримери во Струмица. Сурварите се пандани на бабарите, василичарите, џамаларите. Тие одат, исто така, маскирани во големи групи, напати преправени во мечки, напати во волци и сл. а позната е сликата на Циганот кој оди со Циганката, со задолжителното бебе. Тие одат по куќите за да добијат пари и храна и да благословат, со цел од куќата на домаќинот да ги истераат „злите духови“, бидејќи во некрстените денови низ куќата волнуваат лошите духови. Тие притоа маваат со стапови, викаат, креваат голем шум, палат огнови и рипаат преку нив (малата и големата Ората-копата и сл.). Освен тоа, тие и временски не се совпаѓаат: едните се на Василица, а другите на Тримери. Една можна дилема за тоа е дека Евлија Челебија при поминувањето низ Струмица, некаде кон втората половина на XVII век, можел, да речеме, да наиде на Сурвари наместо на карневалџиите на Тримери, можеби засекогаш ќе остане отворена, но нема сомнение дека дистинкција помеѓу сурварите и тримерските свечености постојано мора да се прави. Што се однесува до името Тримери, кај Стеван Тановиќ и неговите „Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази“ од 1927 год. постои едно предание според кое Евреите сакале да им напакостат на христијаните кои со голема ревност и верност го почитувале големиот Велигденски пост и бидејќи биле фурнаџии тој ден им ставиле крв во лебот. Христијаните некако разбрале за тоа и не им го купиле лебот. Оттогаш останало ТРИМЕРИ. Се разбира, корелацијата за симболот на троглавата ламја и ТРИМЕРИ е можна, но тоа е сепак само хипотетичко прашање. Она што, меѓутоа, е заедничко на сите би можело да се бара и истражува во носиите, во маските, во црвената боја која насекаде доминира итн. итн. Во таа смисла, би можеле за миг да се присетиме и на мистот, посветеникот од ТРЕСКЕЈАТА, кој преку космичките начела, врзувајќи го црвениот колан, ја изговара својата таинствена заклетва.

Евреите во Македонија


Традиционално вековно постоење на Евреите во Македонија - краток историјат


Постоењето на Евреите во Македонија датира уште од 6-от век пред нашата ера.
Евреите почнале да мигрираат за време на Римскиот Период. Прогонот присилил многу од Евреите да побегнат од земјите кои биле под Римска Власт и мал број од Евреите ја избрале за свој дом Македонија.
Најголемата преселба на Евреите во Македонија се случила во времето на Отоманското владеење. Отоманското време, исто така, било и време на Шпанската инквизиција. Евреите, главно доаѓале од Шпанија и Португалија, откако биле истерани од нивните татковини. Евреите биле во можност да успеат во трговијата, медицината и во правото, во градовите како што се Битола, Штип и Скопје. Но, Евреите многу повеќе зависеле од земјоделските производи отколку од трговијата. Во 1910 година во Македонија живееле повеќе од 90.000 Евреи во времето кога Солун бил најнаселениот еврејски град. Всушност, во Солун живееле поголем број Евреи отколку сите народи заедно и говореле Ладино ( мешавина од јудејски и шпански). Исто така, и Шабат (Сабота) се славел низ целиот град. Во 1912 година Грците го превзеле Солун и на Евреите им било забрането да престојуваат во одредени делови од градот. Тоа довело до уште една масовна преселба на Евреите кои се населувале во Соединетите Американски Држави и некои Европски држави. И покрај масовните преселби, повеќе од 100.000 Евреи сe уште живееле во Македонија, по релативно мирната атмосфера.


Големата Еврејска заедница од Солун го назначила Рабинот др.Зви Корец за претседател на градот. Рабинот Корец течно зборувал германски и заедницата сметала дека тој има моќ да преговара со Нацистичкиот режим. Корец бил погрешно проценет за неговите преговарачки тактики. Тој доследно им попуштал на Германците, сметајќи дека, ако ги следи Нацистичките наредби, Солун би бил поштеден. Всушност, во март 1943 Корец собрал една група Евреи од Солун и ги испратил во кампови во Полска.
Евреите во Македонија се соочиле со „расни закони“ на сегрегација и биле принудени да носат жолти ѕвезди за идентификација. „Месаџеро“ (Еврејски весник од Солин) набргу бил затворен од страна на Нацистичкиот режим. Во 1943 година голем број Евреи во Македонија биле или убиени или уапсени од страна на Нацистите. Тие што биле уапсени, биле однесени во концентрационите логори Аушвиц и Треблинка. Многу Евреи кои не биле уапсени во нивните градови биле убиени за време на војната. Само во Солун биле убиени педесет илјади Евреи. Накитот, златото и заштедата од богатите Евреи од Македонија, исто така, биле конфискувани од Нацистите оставајќи ги Евреите да се вратат во сиромаштија.
По Втората светска војна многу од преживеаните Евреи од Солун и Македонија емигрирале во Израел.
По 1945 година скоро и да не постоеле Евреи во Македонија. Поголемиот број Евреи кои живеат во Македонија главно живеат во Скопје. Во Републикава моментално живеат само 250 Евреи. Другите членови од Еврејската заедница биле или убиени за време на војната или одлучиле да не се враќаат назад. Поради вака малата популација, Еврејската заедница во Македонија изгубила многу од својата традиција.
_______________________________________________________________________________________________

Денес, во Македонија најголем дел од Евреите живеат во Скопје, неколку фамилии во Тетово, Штип и Битола.
Во спомен на загинатите Евреи во втората светска војна, на 11 Март 2011 година ќе се отвори Меморијалниот центар на ХОЛОКАУСОТ ВО СКОПЈЕ. На отворањето се очекува да присуствува висока делегација од државата Израел, претставници на еврејската заедница од САД, соседните држави и од Европа и многу видни политичари од целиот свет.

Гане Тодоровски предговор кон книгата Македонија-вековита и непореклива


Гане Тодоровски

Македонија - вековита и непореклива (одломки)


Летописот на македонската опстојба низ вековите прилега на неверојатна приказна: речиси, нема многу вакви или слични примери во историјата, за олку жилавост и истрајба пред непогодите на времињата!

Македонија како почва и традиција, како етнички организам и како општествена организација, ќе треба да помине низ милениумски долг период на молк и анонимност, ќе треба да тлее под пепелта на долга и неправедна целосна обесправеност, потчинетост и ропства од најразличен вид, додека не се појави на историската сцена кон средината на нашиов век како феникс-птица, како рамноправник на големото семејство на народите и државите.

Тој бескрајно долг и кривулест пат, исполнет со блескотни страници на едно величествено истрајување, Македонија го минува низ лавиринтот на времето со една феноменална исклучивост: нација којашто конечно ќе се конституира дури кон средината на XX век, стекнувајќи се со прерогативите на своја држава и јазик; нација од европски профил, лоцирана во срцето на Балканот…



Иако благонаклонетоста на судбата најчесто ги разминувала, Македонците во својата ВИА ДОЛОРОСА врашки упорито чекореле кон хоризонтите на надежта, па успеале конечно да се доближат до големата цел да се опстои низ премрежјата на долгата и исцрпувачка борба, проследена од востанија и од порази, од пркоси и поревања. Суровата школа на егзистенцијата ги научила Македонците на впечатлива издржливост.

...

Како самостојна држава Македонија постои во античкиот период. Тоа била робовладелска држава што се наоѓала на територијата на едноимената област, порано наречувана Ематија. Древната Македонија се граничела на југ со Грција, на запад со Епир, на северозапад со Илирија и на исток со Тракија. Основно население во државата биле македонските племиња Орести, Елимиоти, Еродејци, кои етнички биле блиски до Илирите, Тракијците и Грците.

Во шестиот век пред нашата ера Македонија нема поблиски комуникации со грчката држава и култура, таа во општествен поглед живеела во првобитен поредок, но веќе кон петтиот век пред нашата ера влегува во етапата на таканаречената воена демократија. Кога развојните процеси на општествен план веќе ја вклучуваат и Македонија во класното општество, доаѓа до првото обединување на расцепканата земја на одделни области, доаѓа до политичко обединување.

Царот Александар Први (498-454 година п.н.е.) е првиот обединител на Македонија. Царот Архелеј ја зацврстува централизацијата и воведува парични и воени реформи (431-399), додека во времето на Филип Втори (359-336) македонското царство се проширува. Тој ја реорганизира војската, ги ликвидира сепаратистичките тенденции, а со битката кај Херонеја (338 година пред нашата ера) им го нанесува на Грците, т.е. на сета антимакедонска коалиција, најголемиот пораз и ја издига Македонија во една од најсилните држави на Балканот.

Наследникот на Филип Втори - неговиот син Александар Македонски или наречен уште Александар Велики (356-323 година п.н.е.) ги продолжува завојувачките походи. Хегемонијата над Грција и врз поголем дел од Балканот е утврдена со Коринтскиот конгрес во 337 година. Александар ја уништува моќната држава на јужниот сосед и во своите походи на исток доаѓа до Индија. Тогаш Македонија е центар на огромна држава што се простира на три континенти и која го достига врвот на својот развиток.

По смртта на Александар Велики, македонската држава почнува да се распаѓа. Завојувачките стремежи на Римјаните на Балканот доведуваат до трите т.н. Македонски војни (214-205, 200-197 и 171-168 година п.н.е.). По ова Македонија е покорена и поделена на четири автономни области во рамките на римската провинција, со центар во Солун и со втор центар во Стоби.



Од крајот на шестиот па до средината на седмиот век, речиси цела Македонија, со исклучок на градот Солун, ја населуваат словенските племиња - Драговити, Сагудати, Велегизити, Струмјани, Ринхини, Смолјани, Березити, Копановци, итн., итн. Овие новодојденци се мешаат со староседелците, асимилирајќи ги мошне брзо и создавајќи го со тоа идниот етнички амалгам на склавините или македонските Словени, т.е. Македонците.

Меѓутоа, наоѓајќи се на најпрометниот дел на Балканот, македонските Словени набргу ќе станат објект на туѓинските аспирации и на завојувачки војни, зашто моќната Византија, во нивната евентуална поцврста државна организација, секогаш ќе гледа потенцијална опасност од создавање на нова словенска држава. По жилав и долг отпор од преку 200 години, македонските Словени ќе бидат покорени од Византија.

...

Византиската превласт на Балканот е силна и во десеттиот век. Се вршат процеси на интензивна феудализација на општеството, се развиваат земјоделството и територијалната селска општина, се зацврстува власта на кнезовите (архонтите) и се шири христијанството. Но, веќе започнуваат и нови процеси на општествена диференцијација. Сè повеќе се зацврстува феудализмот, што доведува до силен отпор кај македонските Словени, познат под името Богомилско движење. Овој противфеудален стремеж на најшироките слоеви на народот повремено се изразува и во буни и востанија.

Едно од најпознатите противвизантиски востанија е буната на синовите на брсјачкиот кнез Никола во 976 година. Синот на Никола - Самоил, до крајот на десеттиот век успева да ја ослободи цела Македонија и да ја организира првата државна заедница на македонските Словени.

Самоиловото царство трае од 976 до 1018 година. Тогаш Македонија е една од најсилните држави на Балканот, со центар најпрвин во Преспа, а потоа во Охрид. Нејзината црква има ранг на патријаршија. Во рамките на Самоиловата држава влегуваат Тесалија, Епир, дел од Албанија со Драч, северна Бугарија, Босна, Дукља и Рашка.

...

Откако на Византија ќе ѝ успее да го порази Самоил во 1014 година во битката кај Беласица, за Македонија започнува долгата врвица на повеќевековно робување - најпрвин Византија, потоа бугарските и српските завојувања, па најпосле турското османлиско ропство кое ќе се протегне низ седум календарски векови, а со вкупно петстотини и дваесет години (од четиринаесеттото до дваесеттото столетие).

Поробена од почетокот на единаесеттиот век, Македонија постојано се извишува низ свои величави мигови на непокорност. Тоа се првин востанијата против византиската власт: на Петар Делјан во 1040/41 година и на Георги Војтех во 1072/73 година, обете задушени во крв. Во дванаесеттиот век имаме пројави на слободни македонски области под управа на самостојни кнезови. Така, во областа на Струмица кон 1185 година го имаме Добромир Хрс, кој е поразен дури во 1202 година. Владетелот на Пресека, кнезот на Загорија - Стрез, успева да ослободи дел од Македонија и да создаде самостојна област меѓу Скопје и Солун и Охрид и Струмица, меѓутоа со интриги и насилства тој е убиен во 1214 година, а неговото кнежевство се распаѓа. Од 1230 па до 1241 година Македонија ја владее бугарскиот цар Иван Асен Втори. Во тринаесеттиот век кон Македонија започнува да се шири српската држава. Кралот Милутин успева да завладее дел од Македонија (северниот дел), додека во времето на цар Душан цела Македонија потпаѓа под српска власт (1331-1355) и станува центар на големото српско Душаново царство, чија престолнина е Скопје.

По Душана, Македонија ја владеат српските феудални кнезови како независни феудални господари на одделни области. Тоа се: Волкашин (Западна Македонија), Јован Углеша (Југоисточна Македонија) итн. По поразите од страна на Турците кај реката Марица, во Тракија (1371) и на Косово Поле (1389), српското владеење на Македонија престанува. Набргу целата Македонија е завладеана од Турците, па до самиот крај на четиринаесеттиот век, сè до распаѓањето на османлиското царство во 1912 година, трае периодот на турската хегемонија.



Македонците земаат активно учество во борбата против турскиот гнет. Тие се пројавуваат во Српското и Грчкото востание (во 1804 и во 1821 година) со свои чети. Најмасовното востание против турската власт го имаме во времето на големата Австро-турска војна, во 1689 година. Тоа е Карпошовото востание.

Во текот на осумнаесеттиот век, кога во Македонија се случуваат големи општествени промени (распаѓањето на турскиот феудален систем, преминот од натурално кон стоковно-парично стопанство) градовите растат, се создава граѓански сталеж, па постепено се јавуваат зачетоци на културно и национално будење. Се шири мрежата на просветата, се создава литература на народен јазик, се печатат првите книги на македонски јазик. Тоа е преродбата во деветнаесеттиот век, распослана низ сите негови десет декади.

Овој процес најавува една колективна пресметка на поробениот македонски етнос со двојниот угнетувач: грчкото духовенство и турската власт. Таа тешка битка се води сè до 1912 година. Актери на таа жестока битка за да се биде или не, се: ајдутите, комитите, револуционерите, преродбениците, писателите. Меѓу нив, на преден план, се истакнуваат имињата на Димитрија и Константин Миладиновци, Партенија Зографски, Кузман Шапкарев, Горѓи Пулевски, Григор Прличев, Крсте Мисирков и други, и други.

Создавањето на организиран отпор против петвековното турско владеење почнува кон крајот на деветнаесеттиот век, откако неколку локални востанија и буни ја растресуваат земјата, отворајќи пат кон нови подвизи. Тоа се: Кресненското востание од 1878 година, Брсјачката буна од 1880/81 година, акциите на војводите дедо Иљо Малешевски, Спиро Црне, Сирма Војвотката и др.

Кон крајот на 1893 година, во Солун се ставени основите на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, популарно позната под името на ВМРО, како израз на фазата кога започнува колективниот отпор на Македонците против султанската власт. ВМРО ќе се залага за автономија на Македонија во рамките на турската држава. Основачи на ВМРО се: Дамјан Груев, Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов, а нејзини познати активисти и раководители подоцна ќе бидат Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Пере Тошев, Никола Карев и др. Во овие години се создаваат и првите социјалистички групи во Македонија, кои прокламираат дека ослободувањето на Македонија е работа на самите Македонци и ја пропагираат идејата за создавање самостојна и независна македонска република. Оваа идеја историски се промовира низ два големи настана: АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија) на 2 август 1944 година, кога е прокламирана македонската држава во рамките на Југославија (ФРМ, НРМ, СРМ), и со Референдумот од 8 септември 1991 година, кога е прогласена независна Република Македонија, а набргу е донесен и нов устав на државата (17 ноември 1991 година).

Кулминација на своето дејствување македонската револуционерна организација достигнува во Илинденското востание од 2 август 1903 година, кога во Крушево е прогласена десетдневната Крушевска македонска република - првата република на Балканот. Македонските народни маси се креваат со оружје в рака во решителна пресметка со поробувачот, но во нерамната борба со далеку посилниот непријател, крваво се поразени. Востанието не успева, меѓутоа светот веќе нашироко е запознат со готовноста и решеноста на македонскиот народ да ја извојува слободата со сопствени сили.

Во 1912 година, во текот на Балканските војни што се водат на територијата на Македонија, дефинитивно е урнато петвековното турско владеење во Македонија. Сепак, иако Македонците земаат масовно учество на страната на сојузничките војски (бугарски, српски и грчки), Македонија не се здобива со слобода. Со договорот во Букурешт од 10 август 1913 година, Македонија е разделена меѓу Србија, Грција и Бугарија (Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија). По Првата светска војна, со договорот во Неј (1919), оваа поделба е санкционирана.



Во текот на речиси петгодишната крвава борба, во заедница со другите југословенски и балкански народи, македонскиот народ за првпат во својата историја се здобива со слобода и со своја државноправна институција. Тоа е Федерална Република Македонија, денес независна Република Македонија, член на ООН (од април 1993 г.).



Од IX па сè до XIX век на македонска почва настануваат стотици писмени паметници, од кои добар дел се зачувани, и кои евидентно и илустративно зборуваат дека во Македонија, во огромниот растег од речиси милениум години, пулсирала една писменост и култура што го претставувала македонскиот народ како високо културен народ, којшто во ризницата на словенската писменост, а со тоа и на светската цивилизација воопшто, има внесено неизбришливи и ценети траги на културни вредности.

Најблескотна трага од таа богата културна традиција, никната на македонска почва, секако претставува создавањето на словенската азбука (глаголицата и кирилицата). Со право е речено дека, кога се говори за Македонија, не може на неа да се гледа како на земја која штотуку излегува на патот на цивилизираното општество и која штотуку се буди, туку мора да се гледа како на една стара цивилизација и култура, која била потисната и која сега пак добива можност да се развива.

Оттука, кога ќе се каже дека почетокот на писменоста и литературната дејност кај Македонците значи и почеток на писменоста и литературата на словенските народи воопшто, не е никаква фраза, зашто првите словенски текстови кои ги сочинуваат словенските браќа Кирил и Методиј се напишани со дијалектот на македонските Словени од околината на Солун.

Кирил и Методиј (826-969 и 815-885) се основоположници на словенската писменост и литература. Родени се во Солун. Тие ги бранеле позициите на христијанството и на византиската култура сред паганските народи. Најпозната е нивната мисија од 862-863 година во Моравија, кога по молба на моравскиот кнез Растислав до Византија, одат таму за да ја организираат словенската црква и да и се противстават на германизацијата, спроведувана од германско-латинското свештенство. За таа цел Кирил ја создава глаголицата и на неа ги напишува потребните црковни книги, преведени од грчки јазик. Во Моравија и Панонија тие го зголемуваат фондот на првите словенски книги.

Во тогашната констелација на христијанските култури, Кирил и Методиј водат жестока борба со поставките на таканаречените тријазичници, кои сметаат дека словото божјо може да се шири и да се распространува само на еврејски, грчки и латински јазик! Кирил ги побива овие поставки, афирмирајќи го правото на секој народ да се просветува на својот јазик.

Кирил и Методиј, со својата пионерска дејност, стануваат основоположници на словенската литература, на општословенскиот литературен јазик и правопис, со сета своја книжевна актива, со создавањето на првото словенско писмо и со преводите на најважните црковни книги. Најдобра претстава за оваа нивна дејност ни даваат зачуваните глаголски писмени паметници: Зографското евангелие, Мариинското евангелие, Синајскиот псалтир и Синајскиот требник. Кирил и Методиј ја превеле на словенски Библијата, како и многу други богослужбени книги, а се јавуваат и како автори на ред оригинални состави (молитви, беседи и житија).

Делото на Кирил и Методиј го доживува своето продолжување и полн расцут токму во Македонија (тогаш под владеење на бугарскиот цар Борис), од каде што се шири и во другите словенски земји.

Директни продолжувачи на Кирило-Методиевото дело во Македонија се нивните најблиски соработници Климент и Наум. Климент Охрдиски (840-916) е создавач на Охридската книжовна школа. Како најдобар ученик на Солунските браќа, тој по прогонувањето од Моравија за постојано се населува во областа Кутмичевица (денешна Западна Македонија) и некаде по 887 година ја започнува својата блескотна и плодна просветителска дејност. Низ цела Македонија отвора училишта во кои се учат деца и возрасни, го формира својот универзитет на кој се учат над 3 500 ученици. Со тоа тој израснува во најпрочуен словенски педагог на своето време. Во 893 година Климент Охридски е ракоположен за прв словенски епископ во областа Велика (Охридско). Го воведува словенскиот јазик во официјалната богослужба во Македонија и Јужна Албанија, подига ред цркви и манастири, држи проповеди сред народот на разбирлив народен јазик и станува еден од првите творци на словенската и македонската литература, како автор на поголем број пофални и поучителни слова, црковни песни и др.

...

Најстариот зачуван кирилски паметник е откриен во Македонија. Тоа е надгробната плоча на царот Самоил од 993 година, најдена во селото Герман, Преспа. И вториот по старост кирилски паметник е од Македонија. Тоа е Варошкиот натпис најден во Прилеп, од 996 година.

Од Македонија потекнуваат неколку најпознати паметници на словенската писменост, пишувани со кирилица, а во кои се среќаваат елементи на македонската редакција. Тоа се: „Охридскиот апостол“, „Болоњскиот псалтир“, „Битолскиот триод“, „Станисавлевиот пролог“, „Лесновскиот псалтир“. Од другите зачувани ракописни зборници ќе ги споменеме уште: „Поп-Јовановото евангелие“ (XII век), „Вранешничкиот апостол“ (XIII век), потоа „Добромировото евангелие“, „Григоровичевиот паремејник“, „Слепченскиот апостол“, „Добрејшовото евангелие“, „Радомировото евангелие“ и др. Сите овие паметници потекнуваат од периодот меѓу XII и XV век. Од подоцнежното време имаме ракописни текстови во кои постепено навлегуваат елементи на македонските современи говори. Тоа се зборници од беседи и молитви и разни популарни текстови, наречени дамаскини.

Македонскиот јазик во литературна употреба, главно како неофицијална норма, се воведува уште во текот на турското владеење во Македонија, особено во XIX век, почнувајќи од Данииловиот „Четиријазичник“ (Венеција, 1802), преку делата на Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски и Теодосија Синаитски, од првите децении на XIX век, па сè до појавата на првата генерација македонски писатели од средината на минатиот век: Димитрија и Константин Миладиновци, Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Георги Динков, Андреја и Константин Петковиќ, Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и др. Преку нивните дела, народниот јазик се издига на степен на литературна норма.

Идеите за создавање на македонски литературен јазик научно и прецизно ќе ги образложи Крсте Мисирков (1874-1926) во својата книга „3а македонцките работи“ (1903). Тие идеи целосно ќе ги прифатат генерациите од Првата и Втората светска војна, така што по победата на Народната револуција (1941-1944), во почетокот на 1945 година официјално е кодифициран македонскиот правопис со указ на Народното собрание на Македонија.

На македонскиот литературен јазик, денеска, во услови на регуларен и легитимен развој на РМ (1945-1995), што значи: низ развојна етапа растегната низ половина век, се создава богата и развиена литература. Македонската современа лнтературна норма е создадена врз дијалектната основа на централните и западните македонски говори и врз писмената традиција во XIX и првите четири децении на XX век - Миладиновци, Прличев, Цепенков, Шапкарев, Мисирков, Чернодрински, Венко Марковски, Рацин.



Денес на современиот македонски литературен јазик, покрај јавната употреба во јавната комуникација, училиштата. т.е. образовните институции од сите три степени (основно, средно и високо). Администрацијата, печатот, радиото и телевизијата, театрите и филмот и друтите видови масовни медиуми, се создава национална литература, се преведуваат најпознатите вредности од светската духовна рнзница, а на повеќе универзитети во светот се проучува како одделен јазичен феномен.

Македонија е вековита и непореклива. Таа е денес, на самиот истек на XX век, историска, политичка, економска и, пред сè, културна реалност. Сместена меѓу фактите и метафорите. Македонија поимски се прелева надвор од своите постојни државни граници со богат евидентен влог во општата ризница на човечката цивилизација: не е малку да се биде во светската меморија сместен преку живи асоцијации за името на Александар Велики: за имињата на општословенските просветители Кирил и Методиј: за името на пронаоѓачот и воведувач на кирилицата свети Климент Охридски: за името на трагичниот цар Самоил и Богомилското движење: за достоинствените и слободопосегачки востанија на Кресна и двата Илиндена: за пртечниов миг на малата државна единица во која се гради на дело и во која се осмислува реалноста на мирот и демократијата, во која се развива и облагородува идејата за добрососедство и етничко-конфесионална толеранција. Македонија денес е мал, драгоцен и дејствен прилог во општите напори светот конечно да заприлега на братска заедница во која разумот ќе биде врховен и величествен принцип на опстојувањето.

Оттука, пристои наместо заклучок, во еден ваков краток компендиум кон книга во која се настојува сестрано да се растајни феноменот на нејзината вековитост и непорекливост, да се преповтори профетската порака на еден нејзин апсолутен сонувач, на Петар Поп Арсов, изречена драматично на почетокот од овој век:

„Македонија дури и да не постоеше, потребно ќе беше да се измисли за доброто и за мирот на Балканот“.

Па, кога таа веќе постои и успешно опстојува, да ѝ посакаме долголетие и понатаму низ времињата, како драгоцен пример на човековото достоинство.
На Растку објављено: 2007-12-11
Датум последње измене: 2008-07-28 10:53:23

Право на еднаквост


Согласно со конститутивниот акт на Обединетите нации - Повелбата на ОН, сите држави, без оглед на нивната големина, бројот на населението, географската позиција, обликот на државното управување и уредување, економската или воената моќ, се суверено еднакви.
Тоа значи дека сите држави-членки на современата меѓународна заедница се суверени и поради овој факт уживаат идентични права и обврски.

Поимот „суверена еднаквост на државите“ е прецизиран од специјалниот Комитет на ОН за проучување на начелата на меѓународното право, за пријателски односи и соработка меѓу државите, со следниве елементи:

- државите се правно еднакви;
- секоја држава ужива права кои одговараат на нејзината сувереност;
- секоја држава е должна да ја почитува личноста на другите држави;
- територијалниот интегритет и политичката независност на државите се неповредливи;
- секоја држава има право слободно да го избира и развива сопствениот политички, социјален, економски и културен систем;
- секоја држава е должна во целост и со добра верба да ги исполнува своите меѓународни обврски и да живее во мир со останатите држави;
- начелото на правна еднаквост на државите забранува мешање во внатрешните работи на другите држави и закана со сила или употреба на сила против нив.

Правото на еднаквост најексплицитно се манифестира во одредбите на чл.47 од Виенската конвенција за дипломатски односи, чиј ст.1 гласи:

„Применувајќи ги одредбите на оваа Конвенција, државата која се акредитира, нема да прави дискриминација меѓу одделните држави“.


Земјата е мала, но историски голема. Го имаме минатото ќе ја имаме и иднината.

Со името МАКЕДОНИЈА и ние постоиме, затоа не го давајте!

Јонче Манојлов

Македонците во бугарското општество


Анализа на министерството за надворешни работи на Германија во 1926 година, посветена за моќта на Македонците во бугарското општество


ВМРО и ГЕРМАНИЈА ВЕЧНО СОЈУЗНИШТВО
Историски непознати факти
Србите се лажат дека ќе ги уништат Македонците


Германските дипломати потикнувале иницијативи во политичките кругови во Софија, решението за Македонија да се бара во рамките на Дрштвото на народите. Се сметало дека тоа е патот за изнаоѓање на објективно решение за Македонија, но за тоа потребно било да покаже воља Владата во Белград. Според проценките на дипломатското преставништво на Германија во Белград, Србите не покажувале никакво расположение да се интернационализира македонското праање. Во еден од извештаите на тамошниот германскиот дипломатски претстваник, се вели:
”Србите сметаат дека потребно е да издржат десетина години во потиснување на македонското население за да се уништи македонството. Колку владата во Белград има волја се праведно решавање на македонскиот проблем пример е одбивањето на помошта што била понудена од странство откако Вардарска Македонија била погодена од силен земјотрес и предизвикал огромни штети. Мотивот да не се дозволи странска помош е стравот да не се открие теророт што го врши српскиот режим врз Македонците”.
Германија сметала дека не може да има стабилен мир меѓу Србија и Бугарија, со тоа и на Балканот и пошироко, без да се изнајде реално одржливо решение за Македонија. Бидејќи секој пат кога ќе се укаже можност за приближување и подобрување на односите помеѓу Бугарија и Србија, тогаш ВМРО презема воени активности во Вардарска Македонија која е под српска власт, и на тој начин го оневозожува воспоставување на добрите односи меѓу државите, а кои се спротивни на интересите на Македонците.
Политичарите во Берлин биле убедени дека реално ниедна бугарска влада неможе да преземе ефективни дејствија за да ги неутрализира активностите на ВМРО. Причината е во тоа што Македонците немаат обзир за интересите на Бугарија. Како доказ за тоа се пренесува изјавата на еден од водачите на ВМРО дадена на еден новинар, во кој тој вели "Отткако не успеаа сите обиди во Женева за подобрување на правата на Македонците во Вардарска Македонија, ние во нашето дејствување се водиме само од една мисла а тоа е да не дозволиме занемарување на македонското прашање. Во таа цел нема да не запре ниту еден договор помеѓу Бугарија и Југославија што би бил постигнат".



Македонците се духовни старатели на Бугарите


По завршувањето на Првата светска војна за Бугарија, македонскиот проблем е најголем. во надворешната политика бидејќи тој е тесно врзан со внатрешните политички прилики и поради тоа македонското прашање предизвикува силни внатрешни политички поместувања и бранувања.
”Причината за политичка сила што ја поседува македонското прашање во бугарското опшество, е поради фактот што Македонецот во споредба со Бугаринот, е интелектуално на повиско ниво и се издигнува над него.
Ваквите внатрешни прилики може да се окаректеризираат како врховно старателство на Македонците врз Бугарите, кои се духовно и политички послаби од Македонците. Показател за таквата ситуација е и фактот што на чело на Владата стои Македонец (се мисли на Андреј Љапчев). Во голем дел од дипломатските позиции во државата, на чело стојат Македонци. Тие истотака заземаат и многу важни и моќни позиции во внатрешното управување на државата. Политичките позиции на Македонците се толку силни при креирањето и водењето на надворешната политика, што тие се моќни во секое време да се спротистават на решавање на македонското прашање кое не е според нивната волја.” Ова е дел од една од опсежните анализи правени во министерството за надворешни работи на Германија во текот на 1926 година, посветена за моќта на Македонците во бугарското општество.
Поради таквата внатрешна состојба во бугарската држава, Германија смета дека не може да се воспостават пријателски односи меѓу Бугарија и Србија. Токму во таквата состојба во бугарското општество треба да се бара и причините за трагичното завршување на политичката кариера и живот на премиерот Александар Стамболиски и покрај тоа што имал институционално најголема политичка моќ во државата по завршувањето на Првата светска војна. Германија цврсто стои зад Независна Македонија.

Според официјален Берлин, секое идно решение кое е во насока и води кон подобрување на односите меѓу овие две балкански држави, а притоа е на сметка на интересите на Македонците, ќе предизвика големи внатрешни политички конфликти во Бугарија.

Ѓорги Чекутков

Историски предавања на д-р Блаже Ристовски


Во периодот после втората светска војна, институциите на владата на СР Македонија, која беше во состав на југословенската федерација, се почесто се појавуваа меѓу македонските иселеници, кои помасовно емигрираа во демократските држави , по континентите, за да имаат контрола врз нив.

Тие присуства на СРМ, беа исценирани од страна на злогласната УДБ-а на Југославија. УДБ-а, недозволуваше создавање на групи или организации кои имаа цел да го пропаднат неефикасниот комунистичко-социјалистичкиот систем, на србоманско-југословенското владеење, за да создадат демократска самостојна македонска држава.

Одвреме навреме се посетуваше диаспората, од преставници на поедини институции на таа социјалистичка власт на републиката,како што беше Министерството за иселеници на СРМ, Матица на иселениците на СРМ, како и културно-просветни друштва, високи свештени лица-владици од тогашната обновена Охридска Архиепископија на МПЦ и други групи и поедници, меѓу кои беше и историчарот-академик, д-р Блаже Ристовски.

Повекето од тие посети на диаспората, беа организирани под името: 'Денови на македонската култура', што амбасадорите и конзулите на Југославија ги организираа, на пример во Перт, Мелбурн, Сиднеј и така по ред во сите светски метрополи, каде живееја најповеке македонски доселеници.

Македонските иселеници иако несакаа или немаа потреба да се среќаваат со поедини такви делегации, почесто реагираа кога имаше такви средби. Тоа беа почетоците за помасовен и поорганизиран отпор, против едноумниот ситем на Југославија, која го спречуваше јавното изнесување и барање на правата на македонците, за нивната вистинска историја, религија, култура, национални традиции и сл., а посебно за демократско - политички потреби.

Еве делови од таквите тогашни средби, што како историски материјал, е користен во книгата на Јанко Томов: ТНМРД од Австралија,2008 година, Македонија-Австралија, ИСБН:13 978-9989-2935-4-2.

Во Македонската општина во Перт се беше подгот¬вено за дочек на гостите од СР Македонија. Тоа беше во февруари 1987 година. Јас со мојата сопруга Нина, исто така бевме помегју останатите членови на Општината и на Координативниот одбор што го организиравме дочекот за гостите од Македонија. Гостите беа дочекани уште на аеро¬дромот со букети цвеќиња, по што беа доведени во Општината, каде што беше подготвен коктел.И пред тоа доа-ѓаа вакви делегации во Австралија со претставници на комунистичкиот режим во СР Македонија. Овојпат делега¬цијата ја сочинуваа: Трајан Бавтировски (секретар на Матицата на иселениците), д-р Блаже Ристовски (историчар и член на Матицата на иселениците претседател на уредништвото на "Ма-кедонија"), како и интерпретатори на народни и забавни песни: дуетот Селимова-Желчевски и Драган Мијалковски. Имаше и претставници од Радио Скопје.Во поголемите австралиски градови (Мелбурн,Сиднеј, Бризбејн и други) оваа делегација присуствувала на "Денови на македонската култура", што беше македонска манифестација претежно од национален карактер.Постојано се истакнуваа слики од македонски дејци, војводи и борци од илинденскиот период и сл.). Манифестацијата беше организирана од Републиката. Секаде каде што настапувале, пеачите пееле македонски песни, а д-р Блаже Ристовски држел историски предавања. Перт беше последниот од големите официјални државни центри на Австралија што го посети Македонската делегација.


Во холот на МО се беше подготвено за дочек на гостите. Пред влезот една девојка во македонска народна носија чекаше да се појават гостите. Кога се појави прв секретарот на Матицата на иселениците,таа му го даде букетот со цвекје што го држеше. Еден од членовите на Координативниот одбор ги претставуваше гостите на домаќините и обратно. Гостите први седнаа на свечено украсената маса на која требаше и јас да седнам, но бидејкји бев со сопругата, за да не ја оставам сама,седнавме отспротива. Со гостите седеа: свештеникот Мирко Пешовски, прота Петре, Сашо Цветковски, Иљо Огненов, Лазо Наумовски, Зоран Ќосески и Васил Панов - конзулот на Југославија во Перт.

Иљо Огненов ги поздрави гостите и им посака добредојде и пријатен престој во Перт мегју Македонците.

Трајан Бавтировски од името на гостите се заблагодари на срдечниот дочек. Потоа за збор се јави пеачот Желчевски, кој почна да зборува за тоа дека секаде каде биле, топло биле дочекувани од Македонците. Тој истакна дека голем број Македонци со посебно внимание ги следеле историските предаванја на д-р Ристовски. Притоа тој потенцира дека ние сме имале славни предци, а тоа биле Словените од зад Карпатите. На мнозина од присуттните ни беше јасно дека Желчевски ова го кажа со пропагандна цел за да ја шири југословенската "вистина" за нашето потекло и сигурно дека тој секаде низ Австралија ги кажувал овие зборови. Откако почувствува недоволно одобрување од присутните, тој почна да кажува шеги, кои сите ги прифатија. Инаку, Желчевски е еден од најпознатите македонски естрадни пеачи, кој настапуваше заедно со својата сопруга Кевсер Селимова.На оваа средба разменив неколу зборови со Селимова која пред две години беше во Перт. Таа ме праша дали сум ја гледал тогаш, а јас и реков дека мнозина овде ги сакаат песните што таа ги пее, но дека пред две години мнозина не отишле да ја слушаат затоа што таа нас¬тапила заедно со други југословенски пеачи, од кои некои не беа попуаларни среде Македонците.

Историското предавање на Д-р Блаже Ристовски во Перт,

Западна Австралија,во Фебруари 1987 година

Во просториите за активност во објектот на македонската црква "Свети Никола" во Перт беа собрани шеесетина Македонци, главно членови на комитетите, но и обични членови на МОО од Перт. Бев присутен и јас заедно со мојата сопруга Нина. Беше присутен и Трајан Бавтировски, околу кого постојано се врткаа неколлку полтрончиња. Тука беше и југословенскиот конзул во Перт Васил Панов.

Пред нас имаше мала бина со маса и со два стола. На масата беа наредени десетина книги од д-р Блаже Ристовски.

Пред предаванјето Сашо Цветковски беше отишол позади бината. Јас појдов да го побарам за да го известам дека Трајан Гаштеов (претседателот на "Илинден"),се согласува да организираме заеднички состанок сите тројца за да се смират тие двајцата и да го потпишеме документот што јас го изготвив. Позади бината се наоѓаше кујната каде се подготвуваше храната за крштевки, верски свечености и друго. Го видов Сашо, но тој ми кажа дека сега немал време да зборува на таа тема. Почувствував дека нешто се лути на мене, што подоцна и се докажа кога одвај ми даваше збор да му поставам прашања на д-р Ристовски.


Потоа се вратив на моето место и по извесно време почна предавањето. На почетокот Сашо Цветковски имаше мал вовед, а потоа му даде збор на предавачот. Д-р Блаже Ристовски искажа жалење што нема повеќе млади присутни во салата. Во своето предавање Блаже Ристовски рече дека ние Македонците сме посебна нација,со посебен јазик и своја држава.Понатаму рече дека не требало да се занесуваме дека сме потомци на античките Македонци и рече дека ние сме Словени. Тој рече дека Словените дошле како порој на Балканот и никој не можел да ги сопре. На тоа јас и мојата сопруга реагиравме и станавме од седиштата, но некои ни рекоа да седиме. Блаже Ристовски рече и дека Словените дошле и во стара Грција. Некои од присутните почнаа гласно да го одобруваат она што тој го зборуваше. Тоа уште повекје ме налути затоа што јас сметав дека ние сме потомци и на античките Македонци. По предавањето му поставив прашање на Блаже Ристовски: "Како може античките Македонци да исчезнале кога дошле Словените, а останатите народи, како што се Грците, да останат негибнати до ден денешен?" Блаже одговори дека Словените тогаш ја преплавиле и Грција, но јас и Нина знаевме дека тој како да не сака или не смее да зборува отворено за сето ова. Тој имаше голем углед меѓу нас Македонците и јас тоа отворено му го реков, мислејкји дека не е во ред да се зборува само за Словените, а не и за античките Македонци. Ако тие биле масовно истепани од Словените, тогаш исто¬риските хроники ќе забележале таков податок. Но, такво нешто не постои во историјата. Вака испаѓа дека Словените биле зверови кон Македонците и сите ги истепале, а биле хумани кон Грците и ги оставиле да живеат. Иако немавме историски податоци, самата логика и интуиција ни зборуваа дека ние сме потомци и на античките Македонци и знаевме дека постои континуитет кај денешните Македонци уште од античко време. Кога ги слушна нашите прашања, Блаже како малку да го смени текот на предавањето и рече дека античките Македонци и античко-македонската историја се составен дел од нашата македонска историја. Интересно е дека по предавањето се обидов и да поразговарам со Блаже Ристовски. Му се приближив и го замолив да се заложи за испраќање историска литература кај нас овде. Но, тогаш се вмеша еден од обезбедувањето, кој застана помеѓу нас и, под изговор дека брзаат, го изведе Ристовски од салата.

Откако заврши сето тоа требаше да се одржи состанок со претставниците на Матицата на иселениците и комитетите на МО - Перт. Пред почетокот на седницата ми пријде кон¬зулот Васил Панов и насмевнувајќи се, ме праша зошто сум му поставувал такви прашанја на Блаже Ристовски. Му реков дека јас така мислам. Но, наеднаш почнав да чувствувам болки во 'рбетот поради претходната операција, по што морав да си отидам дома. Но можеби и подобро што си заминав затоа што во спротивно можеби немаше да можам да се воздржам и јавно да ги искажам моите ставови како одговор на некоја пројугословенска провокација.


Кочо Рацин, „Богомилите - кратка расправиа од историјата македонска“



1940 година

Ќе се зачуди ли некој кога ќе чуе како кај нас у X век живееле и држеле пламени проповоди таквија луѓе, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители от XVII век? Заре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христијанство и толку време на тој јазик ја слушале кротката христијанска проповед за помирение со сичко - заре таја земја, уште у некое време на европејскиот Среден век, да даде претечи на оние бунтовници од XVII век, за равноправие на сичките луѓе, и сакале, „бездржавно“ уредение на светов?...
И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историја. Да се гордеат нашите Македонци со тиа свои славни лугје! Оти противно от науката на државното христијанство, внасено во народот одозгора, от самите државни главатари и пренесено од Византиа, идејно да го закрепи славјанскиот феудализам - протовно от се това, богомилството никна во самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско опозициона форма го организира народниот отпор против феодалите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го промени социјалниот живот. А по тиа свои особености това многу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на научна, а богомилството си стоеше на религиозна основа.




Кочо Рацин, Стихови и проза. Уредил Александар Спасов. Скопје, Култура 1966, стр.180-182.


Изјава на ЕСА - Виножито, AMHRC и MHRMI - 12 март 2010


STATEMENT OF EFA-RAINBOW, AMHRC AND MHRMI ON THE
2010 STATE DEPARTMENT REPORT ON HUMAN RIGHTS PRACTICES IN GREECE

12 March 2010

The European Free Alliance – Rainbow, the political party of the Macedonian minority of Greece, the Australian Macedonian Human Rights Committee (AMHRC) and Macedonian Human Rights Movement International (MHRMI) call upon the international community to demand that the Greek government take action to end its human rights violations in light of the US State Department’s annual report on human rights practices in Greece.
Yet again, the denial of the rights of the Macedonian minority featured in this year’s report. In respect of freedom of association, the State Department noted that the “government continued to refuse to allow the registration of the group Home of Macedonian Culture as an association in accordance with the provisions of the civil code” and that “[d]uring the year international organizations and NGOs expressed concern that this practice violated freedom of association.” A similar problem also existed in relation to Turkish cultural associations.
The report also observed that “at least a dozen unidentified men violently disrupted a presentation of a new Greek-Macedonian dictionary and a speech by a Western linguist and academic at the Foreign Press Association in Athens. The reports alleged that the men damaged banners and video equipment and injured at least one reporter. Allegedly, they were members of the ultra-nationalist group Golden Dawn.” This neo-Nazi group is tolerated by the state and fully participates in the political life of Greece.
Also noteworthy was the US State Department’s acknowledgment of the report issued in March 2009 by the UN Independent Expert on Minority Issues, Ms Gay McDougall, in which she “urged the government to withdraw from the dispute over whether there is a Macedonian or a Turkish ethnic minority in the country and focus instead on protecting the rights to self-identification, freedom of expression, and freedom of association of those communities and complying fully with the rulings of the ECHR that associations should be allowed to use the words “Macedonian” and “Turkish” in their names and to express their ethnic identities freely. The independent expert found that those identifying themselves as ethnic Macedonians still reported discrimination and harassment. Representatives of this minority claimed that they were denied the right to freedom of association, citing unsuccessful efforts since 1990 to register the organization “Home of Macedonian Culture” in Florina.”
Although EFA-Rainbow, the AMHRC and MHRMI welcome the inclusion of the aforementioned information in the report, there were some notable omissions which could have strengthened the report and thus given a better picture of the human rights situation in Greece. For example, the report makes no mention of the Macedonian political refugees who were driven out of Greece during the Civil War in Greece and are prevented from returning to Greece to reclaim citizenship and property rights due to fundamentally discriminatory laws enacted in 1982 and 1985 respectively which only afford such rights to “Greeks by genus”. In 2009 this discrimination was noted by the UN Independent Expert on Minority Issues, the European Commission against Racism and Intolerance (ECRI) and most recently again in a report authored by Boris Cilevics of the Parliamentary Assembly of the Council of Europe (PACE). In the section on religious freedom, the State Department failed to mention the continual persecution of Father Nikodim Tsarknias and the denial of church services in the Macedonian language.
Furthermore, a number of inaccuracies in the State Department report must also be pointed out. Firstly the Macedonian language is not just spoken in the “northwestern area of the country” i.e. in the Region of Western Macedonia as the report suggests, but also in the north-central part of the country, namely in the Region of Central Macedonia i.e. around the towns of Edessa/Voden, Naoussa/Negush etc. Secondly, in relation to the statement that “a small number of Slavic speakers insisted on identifying themselves as “Macedonian” we wish to state it is unacceptable (and inaccurate) to declare that the number of persons in Northern Greece that identify as Macedonian by ethnicity and the number of people that speak the Macedonian language is “small”. Given the fact that in Greece no data on questions of ethnic and linguistic identity are collected in the census, it is most inappropriate for the State Department (and indeed the Greek government) to speculate on the numbers. EFA-Rainbow, AMHRC and MHRMI strongly urge the international community to require the Greek government, under international supervision, to collect data on ethnic and linguistic diversity at the next national census in 2011.
In relation to the report’s claims that “Government officials and the courts denied requests by Slavic groups to identify themselves using the term “Macedonian,” stating that approximately 2.2 million ethnically (and linguistically) Greek citizens also use the term “Macedonian” to identify themselves”, we would like to state, as indeed we have in the past, that this is a poor attempt on the part of the Greek government to manipulate matters. Ethnic Greek citizens who might identify as “Macedonian” do so in a regional/geographic sense (and many also identify as Pontians, Refugees, etc in light of the fact that a considerable number of them settled in Greece from Asia Minor after 1923), while other Greek citizens identify as Macedonian in an ethno-cultural sense. The claim that some ethnic Greeks add a geographical/regional qualifier to their main ethnic identity marker (“Greek”) cannot serve as a justification for denying Macedonians their right to an ethnic identity. The right to self-identification is of crucial existential significance and must be respected. These points should have been acknowledged by the State Department in its report and the Greek response should not have been presented in the manner that it was, which seemed to be attempting to provide a ‘justification’ for the discriminatory policies of the Greek state.
Finally, EFA-Rainbow, AMHRC and MHRMI this year must once again strongly condemn the State Department’s use of the terms “Slavic dialect” and “Slavic groups”. These are not terms of self-identification and it would be appropriate that in issuing a human rights report, the State Department would indeed respect the principle of self-identification and refer to this group and their language simply as Macedonian. These terms have long been in pejorative use in Greece and have been utilised in conjunction with attempts to violently assimilate and even exterminate Macedonians. We trust that this error will be corrected in next year’s report.
__________________________________________________________________

Изјавата е во врска со извештајот за почитување на човековите права во Грција, издаден од Американскиот Стејт департмент. Извештајот во целост може да го видите овде.
The European Free Alliance – Rainbow / Европската Слободна Алијанса (ЕСА) - Виножито е политичката партија на македонското малцинство во Грција со канцеларии во Лерин и Воден.
Australian Macedonian Human Rights Committee (AMHRC) / Австралиско Македонски комитет за човекови права е невладина организација основана во 1984 година.
Macedonian Human Rights Movement International (MHRMI) / Македонско меѓународно движење за човекови права кое е активно уште од 1986 година по однос на прашањата за човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи.

Гемиџиите


„Кога по револуционерните окрузи посериозно започнало да се дискутира за проблемот на востание, еден друг настан ја возбуди Македонија. Тоа биле солунските атентати. Тие биле дело на група македонски интелектуалци, кои се наоѓале под влијание на анархистичките идеи, а во Солун формирале своја терористичка група позната под името „Гемиџии“. Во својата дејност тие се ориентирале кон подготвување на „динамитни атентати“ за рушење на установи на капиталистичките држави или на установи каде што бил инвестиран странски капитал во Македонија. Основната акција на тие динамитни акти се состоела во стремежот да се заинтересира европската јавност за состојбата во Македонија и да се предизвика интервенција на европските сили... Солунските атентати предизвикале голем шум во Македонија и во Европа... Со тоа кај значителен дел на поробената македонска маса се засилувал отпорот, стремежот да се најде спас од кризата. Таа состојба солунските атентати, како и другите слични акции, особено атентатите на железничките линии, уште повеќе ја револуционизирале. Во европската јавност и во дипломатските кругови... започнало се повеќе да се говори за македонските работи и да се предлагаат можности за решавање на прашањето на Македонија“.
(Од „Историја на македонскиот народ“, книга втора).

„Ние сакаме да жртвуваме свои сопствени, а не народни животи, за создавање услови за едно широко востание и ослободување на нашиот народ. Ние сакаме повремено да предизвикуваме судирања со турските полчишта и преку нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на „човекољубивата“ Европа и да ја придобиеме - во едно наше востание ако не ни помогне, барем да не биде против нас“.
(Од писмото на Петар Манџуков до Костадин Кирков, Женева, 18 јуни 1898 година).

Вообличен мозаик од факти


Поврзувањето и афирмирањето на групата македонски револуционери, наречени Гемиџии, нивната национално-политичка и идејна физиономија и практична дејност со право го привлекуваат вниманието зашто тие се релевантни моменти и прашања за позадлабочено проникнување во главните текови, струи и тенденции на македонската револуционерна демократија на преминот од XIX во XX век. Во тој временски период, како последица на економско-социјалната диференцијација и на општествените и духовните превирања и насочувања во Македонија, настануваа и се издвојуваа неколку струи и поборници со изнијансирани сфаќања за патиштата, средствата и целите на борбата за национална и социјална еманципација на Македонија. Неминовната потреба од премавнување на создадените заострени класни, национални, верски и други спротивности на собудените народни сили во Македонија ја наметнуваше борбата за урнување на намразениот брутален османлиски систем на економско ограбување, национално угнетување и политичко обесправување.
Во врска со тактиката и стратегијата за насилна промена на неподносливата положба и на одживеаните општествени односи во Македонија, се појавија групи и протагонисти, чии погледи и визии имаа многу допирни точки со програмските начела и барања на ВМРО, како и дивергентни мислења и разијдувања, особено по прашањата за средствата и методите на револуционерната борба. Една таква група што се одликуваше со мошне карактеристични и издиференцирани разбирања и со вонредна упорност во остварувањето на своите замисли беа, несомнено, Гемиџиите. Во досегашните обиди и настојувања за утврдување на идејните корени и импулси на Гемиџиите не се одминува значењето и улогата на младинскиот кружок во Пловдив, образуван од Михаил Герџиков, Петар Манџуков (од скопското село Мирковци) и велешанецот Георги Бошков.
Членовите на пловдивскиот кружок Михаил Герџиков и Петар Манџуков со своите непосредни контакти и ангажирања извршија големо влијание врз идејното формирање на Гемиџиите и нивното определување за атентаторска дејност. М. Герџиков и П. Манџуков за време на студирањето во Швајцарија 1897 година дошле во допир со анархисти, нихилисти, руски револуционери и со други радикални елементи и политички емигранти. Швајцарија со политиката на стриктна неутралност во меѓународните односи и со внатрешно либерално-демократско уредување претставуваше бастион на слободоумното и „ветена земја“ за револуционерите и политичките дејци и бегалци од целиот свет, кои во неа наоѓаа азил, се собираа, организираа и ги пропагираа своите идеи и цели. Од тамошните социјално-политички движења и идејни струи анархизмот оставил во тоа време најдлабоки траги на М. Герџиков и П. Манџуков.
Вклучувајќи се во Женева во „еден кружок на лица со најлиберални, крајно левичарски идеи“ М. Герџиков и П. Манџуков ја започнале својата дејност со издавање на трајно отпечатен повик - апел кон македонскиот народ. Откако се констатира дека политичкото ропство и потиснување, е „анахронизам во векот на напредокот и на слободните институции“, во апелот се укажува на тоа дека македонскиот народ и понатаму стенка под гнетот на одвратната султанска тиранија додека Европа врви во пресрет на социјалната револуција и на ослободувањето од ропството на капиталот.
Наскоро кружокот се преформира и се нарече Македонски таен револуционерен комитет (скратено: МКРТ), чии членови во објавената Програма декларираа дека не се задоволуваат „со некакви прости реформи во монархијата на царигрдскиот деспот“, тукут сакаат „целосно одделување во политички и административен однос на Македонија и Одринскиот вилает од султановата држава“ и „најцелосна независност и широка слобода за населението на оваа земја“. Голема принципиелна важност имаше стојалиштето дека МТРК е создаден и има главна цел да ја урне тиранијата и да ги раскине ропските окови, „да ги ослободи од векови потиснатите и измачени Македонци“. За постигање на таа цел МТРК гледа само едно средство - револуцијата што ја подготвува.



Насловната страница од Уставот на МТРК

Уставот на Македонскиот таен револуционерен комитет, составен и објавен заедно со Програмата и Апелот, на вонредно прегнантен начин ги изразува раководните принципи, карактерот и намената на МТРК. Околноста што веќе во чл.1 од Уставот на МТРК се истакнува дека МТРК треба во прв ред да ја подготви и доврши револуцијата во Македонија со сите можни средства за конечно ослободување на македонскиот народ и истовремено да работи за „неговото економско, класно разбудување“ е мошне убедливо сведоштво за рефлектирањето на социјалистичките идеи кај основачите на МТРК. За целосно посветување на ослободителното дело се бараше членовите на МТРК да бидат лишени од секакво чувство и помисла за сопственост и се’ што имаат („ум, сили, живот и имот“) да му припаѓа на Комитетот и на светиот револуционерен потфат. Во распоредбата на Уставот за можноста МТРК да се снабдува со финансиски средства - пари, употребувајќи начини што тој ги наоѓа за „најдобри и целесообразни“ е изразено во зачеточен вид сфаќањето што подоцна ќе се среќава во практиката на некои револуционерни дејци во Македонија да не се избегнуваат грабнувања и други насилни методи за доаѓање до пари за потребите на ослободителното дело или за извршување одредени покрупни акции. ...



Банк Отоман во Солун


.. Наскоро по појавата на првиот број на весникот „Глас“ (јуни 1898) како орган на МТРК кој „излегува кога ќе најде за нужно“, се појави идејно сличен весник - „Отм’штение“, во чија насловна страна стоеше дека е „орган на македонските револуционери терористи“. Според досега утврдените податоци групата на македонските револуционери терористи ја сочинувале Михаил Герџиков, Петар Манџуков, Славе Мерџанов, Д. Општински, Ј. Калчев, Д. Ганчев, Д. Николов и Г. Дончев. Како во времето на афирмирањето и групирањето на „македонските револуционери терористи“ така и во наредните години највидна улога играа М. Герџиков, П. Манџуков и Сл. Мерџанов. Со цел да пуштат корени и да организираат акции во Македонија, кон крајот на 1898 година Сл. Мерџанов ги напушти студиите во Женева и пристигна во Солун, а П. Манџуков дојде во Скопје. Меѓу учениците на солунската гимназија Сл. Мерџанов брзо нашол приврзеници и следбеници на замислите за вршење атентати и други потфати на индивидуален терор за револуционерни цели. М. Герџиков исто така ги прекина студиите во Швајцарија за да се посвети на револуционерна дејност во Македонија која под името на неговиот женевски колега Тодор Луканов ја започна како учител во битолската гимназија во есента 1899 година. Таму се поврзува и најтесно соработува со Дамјан Груев, земајќи активно учество во македонското национално-ослободително движење. Заедно со В. Пасков, Д. Груев и П. Мартулков го издадоа во Битола хектографираниот весник „На оружје“, на чија насловна страна - според соопштението на конзулот Крал - се наоѓал женски лик како симбол на Македонија или вооружен борец со замавнат јатаган и паролите „Слобода или смрт!“ и „Смрт на тираните!“. Запаметени останале предавањата со „револуционерно-воспитни тенденции“ што Д. Груев, М. Герџиков и други се држеле на битолските граѓани во т.н. „Неделно училиште“. ...



Остатоците на Банк отоман по атентатот

.. Предлозите и намерите на Сл. Мерџанов за вршење атентати со цел да бидат засегнати објектите и интересите на странскиот капитал беа прифатени од Гемиџиите со младешки ентузијазам и крајна самопожртвуваност и упорност. Како прва акција тие го изведоа привидното киднапирање на Костадин Кирков и Тодор Богданов со цел од нивните родители да изнудат откуп и со добиените пари да пристапат кон подготовките за минирање на Отоманската банка и сл. Заслужува да се спомене интересниот податок дека Македонската револуционерна социјалистичка група околу Васил Главинов и весникот „Политическа свобода“ внимателно ја следела аферата со исчезнувањето, односно „грабнувањето“ на Кирков и Богданов и ја ползуваа за напади против турската власт, бугарската полиција и сомневањата и поткажувањата на таткото на Кирков. Запознат со акцијата и во договор со Гемиџиите, Гоце Делчев, со чија чета порано заминаа за Македонија Сл. Мерџанов, П. Соколов и П. Манџуков, одигра улога на посредник за земање на откупот во полза на Гемиџиите, што беше знак на взаемната доверба и врска помеѓу Гемиџиите и видниот идеолог и предводник на македонското револуционерно национално-ослободително движење. Основата на таквите разбирања и односи лежеше во блискоста на погледите и методите, во склоноста на Гоце Делчев да одобрува или и самиот да применува слични постапки. Впрочем, самиот Гоце говореше за себе „дека во душата е анархист, по убедувањето социјалдемократ, а по делата револуционер“. ...



Парабродот „Гвадалкивир“

.. Покрај тоа што врз Гемиџиите беше доминантно влијанието на анархистичките идеи и методи и што тие се воодушевуваа и вовлекуваа во поединечни потфати и акции по углед на оние што ги вршеа руските, ерменските, ирските, италијанските и другите анархисти и терористи, Гемиџиите не беа едноставни, заслепени и секташки закожуравени доктринери што се оддаваат на индивидуален терор од болна херостатовска амбиција да ги запамети историјата како херои или како маченици. Гемиџиите беа - како што ги карактеризира Хр. Силјанов - „далеку од разбирањето на анархизмот како филозофска концепција и се вовлечени главно од неговите терористички методи, пренесени врз почвата на месната борба против тиранијата“. Споменатото вовлекување на Гемиџиите беше наедно и израз на нивниот нагласен индивидуализам, на нивното сфаќање дека масовната револуционерна дејност и борба не ветуваа скоро ослободување и дека за ослободителното македонско дело повеќе можат да придонесат спектакуларни акции што ќе одекнат во светот. За да имаат тие акции максимален ефект треба да бидат насочени против објектите и интересите на европските капиталистички држави - главните виновници за продолжување на ропската положба на Македонија. Настроението на Гемиџиите никнуваше и од спонтаното бунтарство што ги опфаќаше декласираните елементи од малограѓанството што пропаѓаше, понатаму: од замаглените перспективи на македонската интелигенција и од психологијата на жестоко експлоатираните работни маси во Македонија, кои својата огорченост ја истураа низ одделни истапувања и насилни акти. Иако малубројна група Гемиџиите се покажаа идејно единствени и компактни, останувајќи докрај решени да ги остварат своите замисли по цена на најскапи жртви - нудејќи и ги на татковината сопствените животи. Подготовките за извршување на солунските атентати траеја со години и за сето време не се појави кај нив никакво малодушие и сомневање. Прокопувањето на каналот бараше натчовечки маки и напори, што тие стоечки ги поднесуваа.



„Гвадалкивир“ во пламен

За големината на нивната саможртва најречито зборува нивниот договор да не ги преживеат планираните акции и повеќе од тоа: да не ги остават за потомствата дури ни своите ликови на фотографија. Желбата да останат анонимни покажа колку високо го ценеле делото на кое се’ треба да му биде потчинето и да му служи. Проникнати со чувство на длабок хуманизам во текот на акциите во последните денови на април 1903 година, кога самите одеа да загинат, правеа се’ да се избегнат непотребните невини жртви. Гемиџиите кои одамна престанаа да мислат на своите животи во најкритичните моменти за време на солунските настани со најголема присебност се грижеа да ги заштитат туѓите. Непомирливи противници на секаков авантуризам и самољубивост тие и’ се подадоа на смртта во цветот на својата младост. Експлозијата на бродот „Гвадалкивир“, кревањето во воздух на солунската филијала на Банк отоман, прекинувањето на осветлувањето и другите акции во Солун им покажаа на Турција и Европа дека Македонија нема да се смири се’ додека не стане слободна. ...



Патници се спасуваат од запалениот брод




.. Аналитичкото вникнување во идеите и делата, потфатите на Гемиџиите упатуваат на заклучок дека тие беа во прв ред национални револуционери, крајно загрижени за судбината на својата поробена татковина, патриоти на кои најважна цел им е ослободувањето на Македонија, а терористичките методи се само средство од секундарно значење.
(* напишал Д-р Данчо Зографски, од книгата „Гемиџиите“ на Јован Павловски)



Резултат од разорното дејство на динамитот




За време на судењето: Павел Шатев, десно, Марко Бошњаков, во средината и Милан Арсов, лево

..Од судењето:
.. Четиринаесет дена траеше испитувањето на Павел Шатев. Тој настојчиво тврдеше дека се вика Георги Манасов и дека е од Ќустендил. Го донесоа како сведок Иван Гарванов:
- Да, рече тој, го познавам: тоа е Павел Коцев Шатев. Четири години му бев учител.
Шатев продолжуваше по своето:
- Веројатно господинот се лаже, јас првпат го гледам!
Го повикаа добродушниот учител по турски јазик Етхем ефенди.
- Дали е ова Павел Шатев? го прашаа.
- Да, потврди тој.
- Дали знае турски?
Етхем ефенди знаеше дека Павел одлично зборува турски, меѓутоа, сепак, рече:
- Колку што знам, беше многу слаб ученик по турски.
Сакаше да му помогне, зашто се прошири гласот дека уапсениот Павел Шатев тврди оти не знае турски и дека бара преведувач.
Најпосле Џемаил бег му нареди на Павел:
- Земи молив и хартија и напиши: On dit que la mort n'est pas un mal (Се зборува дека смртта не е несреќа).
Павел Шатев ја напиша оваа изрека и самоиницијативно го потпиша нејзиниот автор: Демокрит. ...
.. Едип паша кимна со главата: ..Тогаш му се обрати на Павел:
- Му припаѓаш ли на некое современо социјално учење?
- Не, одговори Павел Шатев. Не и’ припаѓам ниту на една организација, било национална или социјална, јас, едноставно, сум Македонец!
_______________________________________________________________




Михаил Герџиков (1877-1947) е истакнат македонски војвода, учесник во македонското револуционерно движење, следбеник на Гоце Делчев.

Петар Манџуков е роден во село Мирковци, Скопско, околу 1880 година. Беше член на Македонскиот таен револуционерен комитет во Женева и, најверојатно, соработник на весникот „Отмштение“.


Павел Шатев

 



Павел Шатев е роден во Кратово, на 2 јуни 1882 година. Во родното место завршил основно училиште, а во Скопје трети клас прогимназија. Во Солун матурирал во летото 1900 година во Реалната гимназија. Умрел во Битола во 1952 година.



















Костадин Кирков

 


Костадин Кирков е роден во Велес во 1882 година. Ја завршил Реалната гимназија во Солун. Еден е од првите членови на кружокот на гемиџиите.





















Илија Трчков

 


Илија Трчков е меѓу најмладите членови на кружокот на гемиџиите - роден е во 1884 година во Велес. За да може да ја прикрие својата револуционерна дејност, понекогаш во Солун работеше како чевлар. Беше најмолчаливиот меѓу заговорниците.





















Тодор Органџиев

 


Благодарејќи на проф. д-р Георги Шоптрајанов можеме нешто повеќе да кажеме за биографијата на Тодор Органџиев: татко му на Тодор, Андреја Органџиев, беше познат трговец од Велес. Се збогати тргувајќи со афион купуван од Велес, Свети Николе и Штип и продаван во Солун. Во Велес отворил шарлаганџилница и станал сопственик на големи поседи земја во околината на Велес. Тодор Органџиев беше еден од првите членови на гемиџискиот кружок. Тој ја користеше трговијата на татко му со зејтин, за да префрли динамит од Кочани и Велес во Солун. Акцијата на неговите другари го затече во Велес. Разбрал за неа утредента и веднаш од Велес избегал во Скопје во куќата на чичко му Лазар, свештеник. Чичко му му помогнал, преоблечен како свештеник, да остане десетина дена скриен во еден гроб на скопските гробишта, од каде една вечер избегал во Бугарија, а потоа во Дрезден, каде што ја завршил Високата техничка школа. За време на Првата светска војна Тодор Органџиев беше проектант и изведувач на теснолинејката од Градско до Прилеп. По војната работеше во Софија како инженер. Умре во октомври 1958 година.









Ѓорѓи Богданов

 


Ѓорѓи Богданов е роден во Велес (1889) и, заедно со брата си Тодор, беше еден од првите членови на гемиџискиот кружок. По кревањето во воздух на Банк отоман беше уапсен и во затворот страотно мачен. Во еден момент му попуштија нервите. Единствено тој и Павел Шатев од атентаторите останаа живи.



















Милан Арсов

 



Милан Арсов беше најмладиот гемиџија. И неговото родно место беше Велес. Во јуни 1903 година, значи, два месеца по атентатите, тој требаше да ја заврши Реалната гимназија во Солун. За време на акциите немаше ни полни 18 години.

























Марко Бошњаков

 



Марко Бошњаков е роден во Охрид. За време на атентатите имаше повеќе од 40 години.