Шќиптари / Shqip(ë)tarët / Albanians
За потеклото на албанците, постојат многу разјаснети одговори. Според сите пишани и материјални историски извори со кои што располага светската историографија и археологија, можеме да заклучиме дека албанците најкасно се населиле на Балканскиот Полуостров.
Во антиката, за прв пат се спомнува народ албанци, во Битката кај Гавгамела во 331-ва година п.н.е. каде Александар Македонски (Македонија) го поразил Дариј Трети (Персија). Албанската коњаница била на страната на Дариj Трети и биле поставени на десното персиско крило.
Целокупните историски извори од средниот век говорат дека територијата на денешна Албанија ја населувале само македонци, илири и епирци.
Хрватите се до почетокот на 19-ти век се изјаснуваа како илири, а нивниот јазик го означуваа како илирски. За разлика од народите кои и во средниот век се идентификуваа како илири т.е. потомци на илирите, не постои ниту еден историски албански извор, дека денешните албанци, некогаш и некаде до 20-тиот век имале свест за било какво илирско потекло. Тоа секако не наведува на помислата за нивното населување на Македонскиот Полуостров (Балканот) во средниот век. Целата книжнина од Хрватска, како земја која не потпадна под турско ропство и целосна германизација и која имаше литературна слобода, на илирскиот т.е. „словенскиот“ јазик. Хрватските интелектуалци до 20-ти век, својот јазик го нарекуваа илирски, a сите народи на Балканскиот Полуостров ги нарекуваа “илири“, а земјите беа за хрватските интелектуалци илирски провинции. И самата идеја за создавање на Југославија, како заедница на народи е наречена “илирска идеја“.
Во византиска географија од 10-ти век од анонимен автор, напишано е дека скити-словени го населувале целиот Епир (G. Müller, Geographi Graeci Minores, Paris, 1882, p. 574 (Извори за бълг. история, IX, с. 311). Византиската “Хроника на Monemvasia“ го потврдува фактот дека цела јужна Албанија (стар Епир) била словенска земја (Dujčev, I. Cronaca di Monemvasia. Palermo, 1976, p. 12–13.). Средновековната историја на Солун - “Miracula Sancti Demetrii“ спомнува само словени во денешна Албанија (lib. II:I,158, в: ГИБИ, III, с. 129.). Според византиски документ од 6-ти век, за Драч и северна Албанија се говори како словенска земја (ГИБИ, II, с. 129.). Византиските хроничари пишуваат и дека крајбрежните области Дирахион и Никопол биле словенски (Ferluga, J. Gli Slavi del sud ed altri gruppi etnici di fronte a Bisanzio, In: Gli Slavi occidentali e meridionali nell'alto medioevo.t.I, Spoleto, 1983, p. 303–352.).
Но, во истиот ран среден век, никаде не наоѓаме историска или археолошка трага на присуство на албанци на Балканот, ниту во Албанија. Само да се погледа топонимијата во Албанија, станува јасно секому дека Албанија била исклучиво словенска земја во средниот век. Албанските топоними се чисто словенски како Кукуш (алб. Кукс), Белград (тур. Берат), Коњух (тур. Елбасан), Горица (тур. Корча), Лесковиќ, Ќоровода, Леска (алб. Леш), Кроја (алб. Круја), река Војунита (алб. Вјуса), планина Мокра, Девол, Вагенеција итн.
Во 1308 година е издаден “Анонимен опис на источна Европа“, каде за албанците е напишано дека “немаат градови, замоци, тврдини, укрепини и села, туку живеат во колиби и постојано се движат од место во место со своите дружини и родови (Белчовски, J. Опис на Источна Европа од 1308 година. Вo: Споменици за средновековната и поновата историjа на Македониjа, т. 2 ,Скопjе, 1977, с. 470–473.). Како што сите знаеме, сите илирски населби биле утврдени уште во антиката, како и подоцна во средниот век, со што Албанците не може да се поврзат со Илирите.
Населувањето на aлбанците на Балканскиот Полуостров во 11-ти век
Која е татковината на Албанците?! Албанците се кавкаски народ, кој потекнува од кавкаска Албанија. Прво биле освоени од Александар Македонски и Македонците после битката на Гавгамела 331-ва година п.н.е. Потоа според нив, кавкаските албанци биле нападнати, заробени и одведени од страна на арапите како арапски војници во Италија, при арапските напади на Италија во 11-ти век. Дел од албанците биле заселени од арапите крај италијанскиот град Тоска, па се поврзува името на албанското племе Тоски со нивното привремено живеалиште во Италија. Од тука е присуството на латинските позајмици во албанскиот јазик, но и во подоцнежните албанско-влашки контакти и албанизацијата на епирските власи.
[Константинопол т.е. Источното Римско Царство - Ромеи ( Византија - Називот Византија прв пат се користи во 1557 година (нешто повеќе од стотина години по падот на Константинопол од страна на германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело Corpus Historiae Bizantinae ), која во тој период ја контролираше и јужна Италија, ја одбрани оваа територија од арапите и нив ги протера. Во “Historia, Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae. Impensis ed. Neberi, Bonnae” е објаснето дека Ромеискиот воен лидер Michael Ataliotos во 1042 година ги пренел албанците од јужна Италија на Македонскиот Полуостров (Балканот) и ги населил во месноста Арбан (денешна северна Албанија), на тромеѓето меѓу македонците, србите и црногорците, за да ги прекине и ослаби овие народи и нивните врски.]
Значи како резултат на ова населување настанале црногорците, рашките па потоа србите, а коренот им бил Македонија.
За кавкаското потекло на албанците може да се надоврзат и топонимите во кавкаскиот регион. Во денешна Грузија, во земјата на некогашниот аварски каганат, постојат топоними исти како и имињата на албанските племиња. Така, постои село Бушати во Грузија, а воедно Бушати е име на албанско племе заселено околу Скадар. Во Грузија воедно постојат села со имиња како Гегути, Гегени и Геги. Гегите се северните Албанци. Исто така, мноштво албански зборови се исти или имаат ист корен како и кавкаските јазици од Чеченија, Дагестан, Грузија итн. Ако на ова се додаде дека прв пат писмени документи на албански јазик се јавуваат дури во 15-ти и 16-ти век, несомнена е нивната средновековна колонизација на Балканскиот Полуостров.
[Then in 1042, the Byzantine Empire attacked by macedonian insurrection under command to the macedonian leader Petar Delian, after having defeated the Arabs in Sicily and having brought the Sicilian Albanians under their command and christianizing them. The leader of the Byzantines who led the Albanians was named Georgius Maniakos. Maniakos brought Albanian mercenaries from Sicily to fight the Macedonians insurrection and they settled in two waves in modern day Albania, first the mercanaries came, and then came the women and children. After the defeat of Maniakos, the Byzantines would not let the Albanians return, thus the Albanians requested that the Macedonians let them stay on the land. They settled under mount Raban and the city of Berat and from this, the macedonians called them "Rabanasi" or "Arbanasi". The city of Berat was known as Belgrad also, before the Albanians came to settle there. They mostly tended sheep and cattle.]
Населување во област Арбан
Прв пат историските извори спомнуваат присуство на албанци/арвани/арбани на Македонскиот Полуостров - Балканот во втората половина на 11-ти век. Византискиот хроничар Скилица пишувајки за историски настани од 1078 година, првпат во историјата спомнува албанци на Македонскиот Полуостров - Балканот (ГИБИ VI, с. 338–339.). Михаил Аталиат пак спомнува албанци во втората половина на 11-ти век.
Византиската принцеза Анна Комнена ги лоцира албанците во 11-ти век во областа Арбан (северна Албанија), (Анна Комнина, Алексиада. Съст. Я. Любарский. Москва, 1965, с. 351; Ферjaнчић, Б. Албанци у византиjским изворима, В: Илири и Aлбанци, Београд 1988, 287–292...
Пред втората половина на 11-ти век никаде не се спомнува народ албанци или било кое од другите имиња користени за овој народ на Балканскиот Полуостров, а не се спомнува и областа Арбан. Затоа албанците може да кажеме дека се најдоцните колонизатори на Балканот.
Историските пишани извори утврдуваат дека до 1280 година, немало албанци во други делови на територијата на денешна Албанија, освен во областа Арбан.
Населувањето на албанците во Драч и драчката област
Албанците од 11-ти век до 1280 година живееле исклучиво во областа Арбан, откога почнале да ја напаѓаат и населуваат драчката област. Кон крајот на 13-ти век е датиран првиот историски податок за албанско присуство во Драч, кога албанците го нападнале и ограбиле Драч, а потоа го напуштиле (Ibidem, 1, p. 357.).
Историскиот доказ вели дека тие не биле домороден народ во Драч, бидејќи дошле, го ограбиле и потоа заминале од него.
Некаде во 1280 година имало голем земјотрес во Драч, кој го разрушил градот и староседелското население од Драч се иселило, а тогаш прв пат албанците го населиле Драч (Pachymerеs, Georgii. De Michaele et Andronico Palaelologis. 1, Bonnae, 1835, p. 508.). Драч бил голема македонска колонија, кој бил во рацете на македонскиот господар Ивец, еден од првенците на царот Самоил. Poмeиските средновековни хроничари опишуваат како македонскиот војвода Ивец имал голем дворец наречен Проништа, на драчката планина Врохот (така се нарекувала во тие времиња). Појужните области на денешна Албанија ги владеел македонскиот господар Николица, исто така првенец на Самоил (Скилица-Кедрин, ГИБИ, 7, с. 292.)
Населување на албанците на југ од Драч
Византискиот историчар Лаоник Халкокондил сведочи дека албанците откога го зазеле и населиле Драч, почнале постепено да се селат на југ во 14-ти век (Веселаго, Е. Известия Лаоника Халкокондила об албанцах, ВВ, 10, 1956, с. 140).
Воедно и Јоан Кантакузин, друг византиски хроничар, пак опишува дека албанците како номади за прв пат почнале да доаѓаат во областите на Белград (дн. Берат), Канина и Колонија во 30-те години на 19-тиот век. (Cantacuzeni, I. Eximperatoris Historiarum. Bonnae, 1, 1828, p. 279–280, 450, 474, 495.).
Но, тоа не била права и масовна колонизација на албанци во овие места, зошто според турскиот попис од 1431 година, имало само неколку албански семејства во споменатите области (Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7, 1979.).
Населување на албанците во областите на Коњух (Елбасан), Горица (Корча) и Белград (Берат)
Според турскиот попис од 1431 година, нема присуство на албанци околу градовите и во самите градови Коњух (турски Елбасан), Горица (турски Корча) и Белград (турски Берат) (Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7, 1979.). Овие места почнуваат мали групи албански номади да ги населуваат дури во 17-ти век, но не станаа албански доминантни места се` до крајот на 19-ти век.
Турските податоци за албанците до 15-ти век
Османлиските пописи ни кажуваат дека во 15-ти век албанци живееле само во турскиот санџак Арванид, а географски тоа е поречието на реките Шкумбин и Матија, околу рамнината на Кроја. За тоа сведочи и пописот на населението од 1431-1432 година, каде албанци се зебележуваат во санџакот Арванид, но не и во другите места на територијата на денешна Албанија, со исклучок на неколку семејства (İnalcık, H. Higri 835 Tarihli Süret-i Defter-i Sancak-i Arvanid. Ankara, 1954.).
Според сите историски извори, може да забележиме дека албанската експанзија и албанизација на македонското домородно население од територијата на денешна Албанија започнува од 17-ти век, со исламизација на албанците и нивно зајакнување како отомански исламски сојузници против христијаните староседелци.
Шкрети - етнички македонци кои го прифатиле албанскиот јазик
Шкрети е македонски назив за етничките македонци, кои го примиле албанскиот јазик и кои во Република Македонија живеат во областа Горна Река (мавровско, денеска општина Ростуше-Маврово).
Етимилогијата на македонскиот збор шкрет потекнува од гегскиот (албанскиот) збор ШКЈА, кој што означува словен.
Самите албанци (геги) ги нарекувале етничките македонци кои го примиле албанскиот јазик ШКЈА или СКЈА т.е. словени, за да се разликуваат од етничките албанци. Но, шкрети нема само во Горна Река, туку албанизирани македонци во најголем број живеат во Голо Брдо, околиите на градот Коњух (преименуван од Отоманците во Елбасан), Белград (преименуван од Отоманците во Берат), Горица (турски Корча), Бобовишта, Поградец, Девол, итн. Поконкретно, ШКЈА е термин кои гегите (албанците) го користеле и за сите останати словенски народи. Српскиот етнограф Цвијиќ, забележал дека албанците ги нарекуваат и србите и црногорците “само Шкја, Скја и никако поинаку“ ( J. Cvijić, Balkansko Poluostrvo, Beograd 1931, II, 31 i d., 61). Според етимилошкиот речник на хрватскиот и српскиот јазик, албанскиот збор shqa (шкја) означува словен (Petar Skok, Etimologijski rječnik hrvatskoga ili srpskoga jezika, JAZU, Zagreb 1973).
Општо познато е дека македонците, како христијани во Отоманското царство, трпеле големи зулуми од страна на исламизираните албанци, кои биле главни отомански сојузници на Македонскиот Полуостров - Балканот. Поради тие притисоци, за заштита на својот живот, голем дел од македонците од западна Македонија и она што денеска е држава Албанија се исламизирале, а оние кои останале верни на својата прадедовска христијанска вера, само го прифатиле албанскиот јазик. Тоа се денешните шкрети.
Многу од шкретите со тек на време се исламизирале, па целосно се претопиле во албанци. Денеска исламизираните шкрети од Горна Река се сметаат исклучиво за албанци, иако етничкото потекло им е чисто македонско. Се претпоставува дека шкретите го прифатиле албанскиот јазик во 19-ти век.
Постојат белгиски сведоштва од 19-ти век, кои се однесуваат на селата во Корча (Горица) и Девол, населени со етнички македонци, но под арнаутскиот притисок морале да го прифатат албанскиот јазик т.е. да се албанизираат или пак да се исламизираат и да добијат Отоманска заштита.
Забележано е дека масовно, македонските селани од Корча и Девол, кои го говореле македонскиот јазик како мајчин, го прифатиле албанскиот јазик некаде околу 1870-та година. Првенците на подесетина села од овие области се заколнале групно да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат албанци (Списание "Albania"Bruxelles, 15–30 Juni 1898, p. 32.).
Пишаните историски извори и факти, ни откриваат дека голем број од денешните албанци имаат македонско етничко потекло.
No comments:
Post a Comment