Крсте Петков Мисирков, „Неколку зборои за Македонскиот литературен јазик"


1903 година

Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено изменуајње на досегашниот процес на нашето дуовно развијајње, како и на тоа, да мојите возгледи во тој случај не сет нешчо ноо и безосновно, а сет само чекор напред во досегашното развијајње на нашето национално самосознајње и да сет затоа сосем природни и осноатељни.
Се разбират, оти во једна мала книга, како шчо је ова мојата, не се можат подробно да се разгледаат сите задирнати прашања. За секоје од ниф би се можела да напишат по једна цела книга. Но сега за сега от таквија подробни разгледуајна за задирнатите питајња се немат уште голема и неотложна нужда; за тоа требаше за сите од ниф да се кажит по неколку зборои за својевременоста на книгата и нашиот литературен јазик.
Откако се изберит наречијето, кое имат да бидит македонцки литературен јазик, ќе требит да се разгледат и прашајњето за македонцкиот праопис.
За праописот као и за праецот на нашето културно развијајње ќе требит тука да се напраит неколку забелешки. Праописот на једен јазик, како и изработуајњето на једен китературен јазик можит да идит постепено и полусознатељно. Једен чоек од једен народ, шчо немат писменост, можит да изучит азбуката од једен народ по културен од негоијот. Тој чоек можит да употребуат туѓата азбука и за гласои од негоијот јазик, или да изложит својите мисли со помоќта на туѓа азбука. Но ако во неговијот јазик се имаат гласои, кои е немаат во јазикот, от кој шчо е позајмуат азбуката, тогаш позамуачот на туѓата азбука ке напраит некоји изменејња и дополнејња во еја, со који ке бидат означена разликата во гласоите меѓу двта јазика. Таја позајмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предјадењето се измениат и се дотеруат до својствата на јазикот на позајмуачите. Така постпено и неосетно се израбиотуваат азбуките у по некултурнитенароди од допир со по културни народи. Но таква постпеност имат место, ако два саседни народи сет во не једнакви политички прилики, ке се речит, једниот, т.е по културнијот народ господаруат, а другиот, по накултурниот народ јет заробен, или нај малу немат полна политичка слободија. Но инак одат работите, ако двата народи имат свои држави. Во таков случај озајмуајњата, особено културните, биваат по сознатељно и по скоро. Така рисјанството и писменоста кај нас македонците симат зафатено нај рано от сите словенцки народи. Они се распространуват со векови и идеа одоздола на горе. За тоа воисторијата ништо не се зборуат за покрстуајњетона нашиот народ. Но со покрстуајњето секој поат имат идено и писменоста. Со замолчуајњето на нашето покрстуајње се замолчуат и процесот на образуајњето на нашата писменост.
И така нашето дуовно препородуајње и просветејњето кај нас, па и изработуајњето на нашета писменост, заради географцките и историјцките, имаат земано во првата иљадогодишнина по Р. Хр. инаков ход, а у друзите праославни словени инаков. Кај нас то се извршуат постепено и незабележано, кај ниф брзо и со извесна тенденција.
От турцкото завојуајње на Балканцкијот полуостров стана једна премена. Турцкото госпотство ни прсечи сите врски сонашата старина. Нај тешко се отрази оно на Македонија, као централна провинција, па затоа во тоа време, кога у дуристе праославни словени постепено се изработуаше писменијот јазик и праописот, није се поеќе се обезличаафме и готоо сосем се откажафме од нашиот јазик, као орган на литературна реча. Од време на време во течејње на цел век немаа за жал таков значај, да задобијат последуачи, затоа, ако и сега век видиме некоји опитуачки да се пишат на македонцки, то тоа се не праит сознатељно и од некакви патриотични влеченија и цели, а само за забаа. Во тоа се состоит разликата во нашето, т.е. македонцкото дуовно-национално возродуајње, от тоа на друзите праославни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по напред ние постпено и први се просветуафме со рисјанствои со писмо, а друзите словени - после нас и на брзо, така пак сега, во тоа време, кога сите праославни словени постепено си изрботија своји литературни јазици, своји богати литератури и постпено изработени праописи, није остааме назад от сите туку речи, без литературни традицији, не зато шчо и немаме, а зашчо заборааме својето, изучувајки туѓето.
Није сега со брзина ке требит да разработиме нашијот литературен јазик, д аустоноиме нашиот правопис и да содадиме једна наша литература, која ќе одговарат на сите наши нужди. Со нашето сегашно национално взродуајње није се протистаафме и напред: тогаш бефме први во дуовното препоридуајње, које кај нас беше бавно, а кај ниф скоро, сега наопаку; тогај они нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
Во зависност от тоа, како се имат развијано једен народ инеговиот јазик и праописот можит да бдит различен. Ако једеннарод само постепено си изработуат својето писмо и него го преработуат и при тоа во негоата историја се намат таквиоја собитија, шчо ја преполуваат и праат цела пропаст меѓу једната, т.е. старата и другат аили ноата нејна полоина, - писменијот јазик и праописот содржаат во себе мнго таквија особини, који мамаат реална вредност во гласоите на сегашното стајње на јазикот. Но, ако во историјата на културното развијајње на једен народ се имат два периода, меѓу који се имаат једен, као треки, но кој шчо јет период од застој и јет као непрелазна стена меѓу ниф, - тогај воновиот период на развијајњето на националното самосознаајње имаме препоодуајње на народнијот дух, кје стаат вистина на стара осноа, но во него визаат много нои начела, согласно со дуот на времето и со псецијалните потреби на народнијот жиот и негоите пројауајња. тоа препородуајње се одбележуат и во книжниот јазик и праописот: како једнијот, така и другијот сет горе долу слободни од некоји традицији, који не сет согласни со современото стајње на разгоорнијот јазик.
И така историјата на културното развијајње на народите, согласно сонејниот ход, содејствуват: или на чисто етимологијцки или историјцки праопис, или на бркан - етимологијцко - фонетичен или историјцко - фонетичен, или најпосле на чисто фонетичен праопис. Трите вида от праопис зависат од по големата или по малата приврзаност констарото или ноото стајње на једен разгоорен или литературен јазик. Једејњот от трите праописи се усвојуат за једен литературен јазик у једен народ, шчо се визродуат, главно во зависност от та тенденција, шчо госпотствуваат при народното возродуајње.
Једно јет така, то и нашиот праопис и праецот на нашијот литературен јазик ќе требит да бидат во полна зависност од та тенденција, која ќе не раководит нас при нашето национално возродуајње. Каква можит да бидит таја тенденцја е видит от таја книга. Но јас ќе си довољам да поворам. Она јет: прво, Македонија да е неутралисат за Бугарија и Србија и да се оддалечит еднакво од двете држаи и друго, она требит да се објединит на јазична основа. Тије принципи ќе ракоодат изработуајњето на литературниот наш јазик; они ќе ракоодат и праописот.
На тије два принципа одгорат: 1. Прилепцко-Битољцкото наречије за литературен јазик, као једнакво далеко и от србцкиот и бугарцкијот јазици, и централно во Македонија. 2. фонетичнијот праопис со употребените во таја книгаписмени знакои и сомали отстапки на етимологијата и 3.речничнијот материјал да јет собрајње от сите македонцки наречија.


Крсте П. Мисирков, За македонцките работи (Дототипно издание), (Уредил, Тодор Димитровски). Скопје, „Кочо Рацин“ 1953, стр. 132-145.

No comments:

Post a Comment