Смртта на Александар Македонски


По патувањето во Екбатана за да го преземе најголемиот дел од персиското богатство, неговиот најдобар пријател, Хефестион умрел од труење. Александар Македонски тагувал по умрениот пријател 6 месеци.

Антипатар бил наклеветен од василевна Олимпија за арогантно регенство (владеење во име на владетелот во отсуство). Поради тоа на Антипатар му било наредено од страна на Александар Македонски да дојде во Вавилон за да се одбрани од тие клевети. За лошото владеење од страна на македонските благородници со сигурност се знае дека Александар Македонски ги погубувал, па затоа Антипатар го праќа неговиот син Касандар како негов бранител.

Касандар кога стасал во Вавилон увидел можност: му наредува на својот помал брат Joлaj, кој служел како паж (слуга од доверба) кај Александар Македонски да го отруе Хефестион со тоа и да го проба ефектот на отровот што го донел со себе. Причината за смртта на Хефестион не се утврдила.

Во Вавилон, Александар Македонски лично го надгледувал градењето на една поморска база, каде македонци, вавилонци, индијци и персијци работеле и учеле од феникијците, највештите бродоградители во древниот свет. После една од прославите во чест на пуштањето во работа на нивната нова база, Александар Македонски добил треска, по една вечер на која обилно се пиело.

Така по неколку месеци кога ситуацијата околу смртта на Хефестион била стивната и Александар Македонски бил отруен на истиот начин како и Хефестион, од страна на помалиот брат на Касндар, Joлaj, а по наредба на Касандар, син нa Антипатар.

Надвор, војниците чекале вести и, кога сфатиле дека здравјето му се влошува, замолиле да влезат и да се збогуваат со него. Додека војниците се собирале крај неговиот кревет, тој бил премногу омалаксан за да зборува, но им возвратил на нивните поздрави и на секој од нив му посакал се најдобро, климајќи со главата, мавтајќи со рака или трепкајќи со очите.

Кога почувствувал дека е на прагот на смртта, Александар Македонски ги повикал своите генерали и им ги соопштил своите последни три желби:

- Да се пренесе неговиот ковчег врз рамото на најдобрите лекари.
- Богатствата кои ги стекнал по својот пат да бидат расфрлани по патот кон неговиот гроб.
- Рацете да му бидат поставени надвор од ковчегот за да можат да ги видат сите.

Еден од генералите зачуден од необичните желби на Александар побарал од него објаснување за причините. Александар Македонски одговорил:

- Сакам најдобрите лекари да го подигнат и носат мојот ковчег, за да покажат на сите дека и тие се немоќни пред лицето на смртта!
- Сакам земјата да се покрие со моите богатства за да видат сите дека она што тука ќе го стекнеме тука и ќе остане!
- Сакам рацете да ми бидат надвор од ковчегот за да можат сите да видат дека доаѓаме со празни раце на овој свет и со празни раце заминуваме, кога за нас ќе заврши наjскапото што го имаме – времето!

Времето тука ни е ограничено. Можеме да правиме пари, но не и време. Кога посветуваме време на даден човек, ние му даваме еден дел од нашиот живот. Го цениме ли доволно она што го даваме и примаме? Зошто времето истекува низ прстите на Бога...

На 10 или 11 јуни 323-та година п.н.е., Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години.

Пред да умре Александар го прашале кој да го наследи, а тој одговорил: „Кратерој“. Кратер бил неговиот генерал, но желбата на Александар Македонски не била усвоена од другите поамбициозни генерали. И не само таа желба, туку и многу заповеди на Александар Македонски.

Повеќе учени веруваат дека Александар имал намера да избере некој од неговите генерали, а очигледен избор бил Кратер, бидејќи тој бил командат на најголемиот дел од армијата, се докажал како брилијантен командат, и бил олицетворение на "идеален" македонец. После ваквиот одговор на Александар кој им го дал на своите генерали, најверојатно Кратер бил убиен пред воопшто да биде во можност да организира церемонија по повод неговото назначување.

Како последица на тоа империјата на Александар Македонски била поделенa на четири територии. Македонската Империjа постоела 12 години како целина.



Погребната церемонија на Александар Македонски




Од сите историски извори, античкиот историчар Диодор Сикулски дава најдетален опис на погребната кола и на целата погребна церемонија на Александар Македонски:

„Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна миризба и да го сочува телото од распаѓање;

Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот). Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил.

Потоа довлекле кола, на која што требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста “одаја“, направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка десет лакти.

Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од “трагелафи“ во величина од две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови;

На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува; На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете;

Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на кои што имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на “гробната одаја“.

На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и персијци, наречени “мелифори“; пред нив оделе војници, што го носеле оружјето;

На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале инди, а одзади македонци, со нивното вообичаено оружје;

На третата плоча се гледаат коњичките чети, кои што прикажуваат како се развива една битка;

На четвртата плоча се претствени кораби, подредени за битка; На влезот од оваа “одаја“ се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре; Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант;

Над “сводестата одаја“ над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на кој што била положена голема златна круна со маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњи;

Од страните на колата, над која што се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чии што пречки биле позлатени; само оној дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен; Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чии што усти држеле копје;

Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на “одајата“, се наоѓала механичка оска, која што на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места; Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем; на секој јарем биле врзани по четири мазги, така што вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата.

Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења.“


No comments:

Post a Comment