Циркулар со кој се објави Илинденското Востание
15 (28 јули по нов стил) 1903 г.
Главен штаб на II македонски
револуционен округ
Врф „Победоносец“
15 јули, 1903 г.
До центровите и селските началници и народот
Браќа,
Најсетне дојде веќе денот шчо толку многу го чекафме, за да се распрајме со вековниот наш душман! Крфта на загинатите от турската тиранија на првина наши браќа високо викат да си платиме! Згазената чес на нашите мајки и сестри сакат да си дојт на место!
Доста толку маки, доста толку страм!Хилјади пати поарно смрт отколку страмен и скотски живот!
Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе требит да излезат јавно со оражие в раце спроти душманот,јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорите и долготрајна борба јет нашето спасение!
Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт на душманите!
Да јет жиф народот! Да јет жива слободата! Ура!
Вe целиваме братски
Штабот
Н.К. Маиски, Илинден. Драма в пет деиствиа 1923, стр. 49.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
Овдека дечиња, овдека внучиња мои. Ридјето кај што се гравали, дабјето кај што се рои, Могилка малечка овдека нека ми стои. Могилка молк...
No comments:
Post a Comment