Пердика BТОРИ
Пердика BТОРИ ( ПЕPΔIKOY BTOPI - древно македонско венетско писмо ) бил владетел на Македонија од 454 п.н.е. до 413 п.н.е. Бил син на Александар Први. По смртта на Александар први во 452, Македонија почнала да се распаѓа. Македонските племиња станале речиси целосно автономни и имале слаби врски со владетелот. Кон 434 година, братот на Пердика Втори, Филип, го предизвикал брата си за престолот. Филип добил помош од Атина и кралот Дерда на Елимеја. Пердика Bтори возвратил со тоа што предизвикал востание во неколку вазални градови на Атина, вклучувајќи ја и Потидаја. Атина возвратила со 1000 хоплити и 30 бродови во Македонија и ја зазеле Терма. При маршот за опсада на Пидна, им се придружиле уште 2000 хоплити и 40 бродови. Меѓутоа, додека траела опсадата на Пидна, атињаните дознале дека Коринт пратил 1600 хоплити 400 лесна пешадија во поддршка на Потидаја. За да се справат со оваа нова закана, Атина склучила сојуз со Пердика Bтори и продолжила да се бори во Потидаја. Пердика Bтори веднаш го прекршил договорот и се упатил кон Потидаја каде атињаните победиле.
Во 431 година, Атина се сојузила со кралот Ситалк на Тракија, по венчавката на атињанинот Нимфодор со сестра му на Ситалк. Нимфодор потоа почнал преговори меѓу Атина и Пердика Bтори, при што Пердика Bтори го добил назад градот Терма. Како резултат на тоа, Атина ја повлекла својата поддршка на Филип и Тракијците ветиле дека ќе му помогнат на Пердика Bтори да го фати Филип. За возврат, Пердика Bтори измарширал накај Халкидики, кај истите луѓе кои првобитно ги разубедил да се бунтуваат.
Меѓутоа, Пердика Bтори повторно ги изневерил атињаните и пратил 1000 војници во поддршка на Спарта во нивниот напад на Акарнанија во 429, но тие пристигнале предоцна за да бидат од помош (Тукидид 2.80). Како одговор на тоа, Ситалк ја нападнал Македонија со ветување за помош од Атина. Оваа помош никогаш не дошла и Пердика Bтори повторно употребил дипломатија за да го задржи интегритетот на Македонија. Ја ветил својата сестра за невеста на внукот на Ситалк, кој го убедил Ситалк да ја напушти територијата.
По оваа препирка, Пердика Bтори се сојузил со Спарта и, во 424 година, му помогнал на спартанецот Брасид да го заземе Амфиполис од атињаните кој бил една од најважните колонии заради нејзината обилност со дрво за бродоградба. Ова бил тежок удар за Атина бидејќи била присилена да увезува дрво од Македонија многу години. Ова ја зајакнало силата на преговарање на Македонија многукратно. За возврат, спартанците му помогнале на Пердика Bтори да ги зацврсти своите граници со тоа што го нападнале кралот Архабеј на Линк, со ветување на помош од Илирија. Меѓутоа илирците ја смениле страната и го нападнале Пердика Bтори и неговите спартански сојузници. Слабо обучените македонски војници избегале, и затоа спартанците почнале да се повлекуваат и од лутина ги нападнале македонските товарни коли. Ова го расипало односот помеѓу Македонија и Пелопонезот за многу години и затоа Пердика Bтори морал да склучи сојуз со Атина во 423/2 год.
Во 417, Пердика Bтори го напуштил сојузот со Атина и се приклучил кон Спартанско-Арговскиот сојуз. Само четири години подоцна, заради притисок од страна на Атина, Пердика Bтори ги раскинал врските со Пелопонезот и пратил помош на Атина во нападот на Амфиполис.
Пердика Bтори умрел во 413 п.н.е. и му го предал наследството на својот син, Архелај.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
Овдека дечиња, овдека внучиња мои. Ридјето кај што се гравали, дабјето кај што се рои, Могилка малечка овдека нека ми стои. Могилка молк...

No comments:
Post a Comment