Битката кај Хидасп
Битката кај реката Хидасп се одиграла 326-та година п.н.е. помеѓу војската на Александар Македонски и војската на индискиот крал Пор (Пурурава) крај реката Хидасп (денешна река Џелум) во регионот Пенџаб. Кралството на Пор се протегало во делот од стара Индија кој денес припаѓа на Пакистан. Оваа битка бил последниот покрупен судир на Александар Македонски. Иако во битката македонската војска победила, поради истоштеност одбила да оди подлабоко во Индија и покрај желбата на нивниот војсководец, Александар Македонски.
Македонци, персиски и индиски сојузници под воство на Александар Македонски со околу 4000 коњица и 50000 пешадија и 2700 војска под водство на Кратер, кои играле диверзиона улога. Пор со 200 бојни слонови, 6000 коњица и 30000 пешадија. Битката се одвивала на источниот брег на реката Хидасп, (денешен Џелум која е притока на реката Инд) близу денешните места Лила и Бора во Пакистан.
Влaдeтeлот Пор на Хидасп се сместил на левата страна од реката за да ги спречи преминувањата на истата. Реката Хидасп е доволно длабока и брза за да го однесе секој што сака да ја премине. Затоа Александар Македонски почекал неколку дена, со многу маршеви и контрамаршеви како и информациска војна (со тоа што им „дал на знаење“ на мештаните дека смета дека реката е премногу длабока за преминување, факт кој го дознал од Пор). Една ноќ, кога осетил благосостојба во кампот на Пор, Александар Македонски собрал мала војска и ја преминал реката 17 километри низводно. Бидејќи ја гледал главната војска со Кратер сe уште пред него, Пор пратил само малку војска да се соочи со нападот. Меѓутоа тој погрешно проценил и војската била убиена заедно со неговиот син.
Кога битката подоцна почнала, александровата коњица била сместена на десното крило, но Александар Македонски пратил група коњаници да ги заобиколи индијците и да ги нападне одзади. Индијците имале коњица на двете крила, бојни слонови напред и пешадија позади слоновите. Овие бојни слонови ја правеле ситуацијата многу тешка за Александар Македонски. Речиси сите негови победи се должеле на неговата способност да го раздвои непријателот и да јуриша со неговите коњички придружници низ отворот. Меѓутоа слоновите ги уплашувале македонските коњи. Тогаш Александар Македонски морал да ја промени неговата стратегија.
Битката кај Хидасп - Преминување на реката и измамување на индијците
Александар Македонски ја започнал битката со вообичаениот јуриш на десното крило (лево на индијците) со предвидливи резултати, индиското лево крило ослабело и Пор ја зајакнал таа страна со коњица од десното крило. Ова ги оставило индиските коњаници без никој да ги брани од опколниот напад одзади. Александар Македонски го сакал токму ова. Тој ја уништил индиската коњица без да ги доближува неговите коњи до слоновите. Доколку индиската коњица не би била уништена, таа сигурно би претставувала закана за фалангата подоцна во битката и македонската коњаница не би можела да ја поддржува пешадијата во борбата против индиската коњица заради близината на слоновите.
Во меѓувреме, македонската фаланга и персиската пешадија трнале напред за да го пречекаат јуришот на слоновите, кој бил запрен, иако со тешки последици за пешадијата. Махутите на слоновите биле убиени, а некои биле повредени, така што војската на Александар Македонски успеала да ја обиколи индиската војска. По загубата на огромен број животи, Пор, кој бил ранет во борбата, се предал.
Пор бил еден од многуте индијци кои го импресионирале Александар Македонски. Погоден од најмалку шест стрели во битката, но сe уште на нозе, тој бил запрашан од Александар „Како би сакал да биде третиран“, а одговорот бил: „какo владетел“, така од тогаш и се однесувле македонците со Пор. Пор бил висок речиси 210 сантиметри.
Битката кај Хидасп - Комбиниран напад
Тешко е да се измерат жртвите, но се знае дека индијците ја изгубиле целата своја коњица, голем дел од пешадијата и преку 100 бојни слонови. Македонците фатиле 80 слона, но изгубиле многу пешадија во битката. Коњицата имала многу помалку жртви. Историчарот Питер Грин вели дека Александар Македонски изгубил дури 4000 војници, главно фаланга. Тие биле оние кои морале да се соочат со слоновите бидејќи коњите не сакале ни да се доближат.
Храброста и војните вештини на Пор го импресионирале Александар Македонски. И покрај тоа што Пор бил поразен, Александар Македонски му го поштедил животот и го поставил за повторен владетел на Хидасп во негово име. Ова била најдалечната точка кај што Александар Македонски стигнал заради одбивањето на неговата војска да оди напред не само заради тоа што била истоштена, туку и заради тоа што за прв пат го увидела вистинскиот начин на употреба на слонови во битка. Дариј пред тоа употребувал слонови во битка, но тие не играле значајна улога. Тука фалангата за прв пат се соочила со јуриш на слонови и чудо е што воопшто успеала да ги одбие заради огромниот психолошки ефект што тие го имале врз војниците.
Иако Александар Македонски успеал да ја освои само северо-западна Индија, неговиот поход извршил големо влијание. Со тоа што ги победил опасните локални властелини во Хиндукуш и соседните региони, тој го подготвил теренот за идната Маурска империја, втората империја која успеала да ја освои цела Индија.
Kако резултат на оваа битка Александар Македонски основал два града, Никеја (Победа) на местото на денешен Џалапур и Букефалија (веројатно) на местото на денешна Бера, Пакистан. Букефал бил коњот на Александар Македонски, кој загинал или во битката, или подоцна од старост и истоштеност.
Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓалa моќноcтa на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар Македонски запира кај реката Биас, одбивајќи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.
После битката со Пор, моралот на војската на Александар Македонски опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар Македонски имала на располагање околу 20 илјади пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставила на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фатоми). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови.
Некои извори дури велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. (Плутарх, Вита Александри, 62.)
-------------------------------------------------------
Bојниците, одлучиле да не го следат натаму во конечното освојување на Индија и посакале да се вратат во своите домови. Меѓутоа, никој од нив отпрвин не се осмелувал да му го соопшти тоа. Александар сфатил што се случува, ги повикал на состанок своите офицери и им одржал говор во кој ги потсетил за сите достигнувања што ги добиле со походот против Персија.
Коен бил еден од најдоверливите генерали на Александар Македонски. Годината на неговото раѓање е непозната, но се смета дека починал во 326-та година п.н.е.. Тој го придружувал Александар за време на походот во Азија, со тоа што есента 334 година п.н.е. се вратил во Македонија заедно со други војници и офицери кои добиле одмор, по што пак се придружил на македонската војска (во малоазискиот Гордиум). Тоа било пролетта 333 година п.н.е.. Потоа учествувал како командант на пешадијата и фалангата во најзначајните битки на Александар. Сепак, во пишаните извори Коен останал запаметен по својот говор што го одржал пред Александар и кој во голема мера е зачуван од страна на историчарот Аријан.
По овој негов говор офицерите долго молчеле, а потоа Коен, собрал храброст и му се обратил. Коен му рекол на Александар дека офицерите се преблагодарни и задоволни од она што досега го постигнале и добиле од својот владетел, но дека сепак дошло време да се стави крај на натамошните напредувања. Меѓу другото Коен рекол:
„Вие го знаете бројот на македонците кои го почнаа ова освојување, а можете да видите и самиот колку останаа денес. Тесалијците ги испративте дома од Бактрија, бидејќи знаевте дека нивните срца не се повеќе внесени во оваа работа. Овде вие мудро постапивте.
Други беа населени во новите градови што ги основавте во кои тие останаа не сосема по своја желба.
Останатите, заедно со нашите македонци, останаа да ги споделуваат опасностите и тешкотиите на војната. Некои од нив беа убиени, а некои онеспособени заради тешките ранувања, при што беа оставени во разни делови на Азија, каде мнозина од нив умреа заради болест. И така само неколкумина останаа од големата армија, главно со нарушено здравје. Нивната виталност и решителност исчезнаа. Секој од нив сака да си ги види родителите повторно ако се уште живи или своите жена и деца. Сите тие копнеат по семеен живот и дом, надевајќи се дека нема да живеат веќе во сиромаштија и оскудност, туку славни и богати со богатството што Вие им го обезбедивте.
Не обидувајте се да водите луѓе кои немаат веќе волја да Ве следат. Ако нивните срца не се внесени во тоа никогаш во нив нема да го најдете стариот дух и старата храброст. Поарно посветете се на враќање кај Вашата мајка и дом. .. А потоа, ако посакате, повторно можете да превземете експедиција против Индијците на исток или, ако сакате, кон Црното Море или кон Картагина и либиските територии.
Ваше е да одлучите. Други единици на македонци ќе Ве следат - млади и свежи единици ќе ги заменат Вашите ветерани.“
(Аријан, цит. дело, стр. 292 - 298).
Коен на крајот укажал дека секој треба да знае кога да запре со некоја работа. Присутните офицери му аплаудирале, а Александар разочаран им рекол дека оној што сака, може да си оди дома. Потоа, како што е познато, Александар налутен се повлекол во својот шатор потајно надевајќи се дека офицерите ќе се предомислат. Но, откако тоа не се случило, тој ги известил офицерите дека одлучил војската да престане со освојувањата и да се врати назад.
И овој говор на Коен, Аријан го превзел од изгубената историја на Птолемеј.
Александар Македонски, после состанокот со неговиот офицер Коен, бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад.
Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар Македонски после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едeн од налетите на утврдувањата Александар Македонски бил сериозно ранет од стрела. Неговата војска, мислејќи дека нивниот владетел е мртов, ја завземаат тврдината и го искажуваат нивниот бес на заробениците. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар Македонски, а главницата продолжила со движење.
Тука Роксана на Александар раѓа и син, но за жал мртов.
Поголемиот дел од својата армија Александар Македонски ја насочува кон Карманиа (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под водство на адмиралот Неархo, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).
Александар Македонски дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до 316 година п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил Еумен како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еумен станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата владетели (Пејтон и Еумен) се враќаат на запад во 316 година п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Мауриа во Индија.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment