Кирил Пејчиновиќ, од „Огледало“


1816 година


Ете како се празнуат великиј ден, кој ест христијанин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо.
Ни христиани можем да ги наречем ни пак неверници. Великиј петок и велика суббота јадат и пијат, и великиј пост хора играат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветет, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причештиа чекаат. А попот узел, осом села попуат, каде по напред да стасат, трчат од село на село, со меинзил носит свјатии тајн. А едни сиромаси христиани дури ги жалим зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј великиј ден гладнии стоат и чекаат попа да му донесет причесна и викаат: „Се забави попот, тоа му било она му било!“ Другиј пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да се не забават!“ А еднии, чорбаџие што сат, мало позенгини, како кметинке, пак тија велат: „Не така. Да го тепамо, ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да потнесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата.“ Пак другиј кмет велит за другого тамо! Обај поп се забават, ама бре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другиот поп со Турци си земат хекот, ако му не платиш“.


* Појавата на првите печатени книги на македонскиот јазик во почетокот на минатиот век е најважен настан во однос на остварувањето на стремежот да се постави писмениот јазик на народна основа. Тоа се текстовите на Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски. „Огледало“ на К. Пејчиновиќ е печатено во Будим 1816 година. Тоа, како и другите негови книжевни дела, содржи се уште доста црковни елементи, но во основата на неговиот јазик е тетовскиот говор, измешан спорадично со елементи на централните говори. Оваа одломка е од „Поучение свакому христиану како подобает празновати празници господских и свјатих и како подобает причаститисја својатое причештение“.

No comments:

Post a Comment