Уништувањето на градот држава Теба
Александар Македонски само за две недели поминал 1000 километри со македонската фаланга. Кога чуле за оваа брзина aтињаните и другите градови држави се предомислиле и не дошле на помош на Теба која истата сметала на нивната помош.
Генерал Пердика ја нападнал главната порта на градот. Откато го разбил отпорот Александар Македонски со остатокот на македонската фаланга влегле во градот, македонците го запалиле градот срамнувајќи го со земја, не штеделе никој. Убиле 6.000 тебанци, а 30.000 продале како робови. Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотски градови - сојузниците на македонците.
Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени.
После големите подготовки го оставил генералот Антипатaр со 13.500 војска да ги надгледува градовите држава, илирите, траките и се упатил кон Хелиспонт - Дарданелите.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment