Кратер ( KPATEPOY - древно македонско венетско писмо ) бил владетел на Македонија само кратко во 399 п.н.е.
Орест ( OPEΣTOY - древно македонско венетско писмо ) бил владетел на Македонија кој живеел од 399 до 396 п.н.е.
Орест бил син на владетелот Архелај од Клеопатра, која веројатно била вдовица на владетелот Пердика Втори. Кога Архелај го загубил тронот заради заговор против него, Орест сеуште бил дете и бил прогласен за владетел само формално, а фактички владеел неговиот старател Аероп. Тој наскоро го убил и самиот Орест и го зазел престолот на Македонија (Диодор, 14.37).
Аероп ВТОРИ ( AEPOПOY ВТОРI - древно македонско венетско писмо ) бил владетел на Македонија од 399 до 393 година п.н.е., старател на Орест, синот на Архелај Први. Аероп владеел речиси шест години, започнувајќи од 399 година п.н.е.Во првите четири години владеел заедно со Орест, а во останатите сам. Бил наследен од неговиот син Павзаниј.
(Диодор. XIV. 37, 84; Дексип, по Синкел. стр. 263, а.; сост. Полиен II. 1. с 17.)


No comments:
Post a Comment