Говор на Анатол Франс за Македонија и Ерменија
17 март 1903 година
Граѓани,
По наредба на Црвениот Султан, паднаа триста илјади Ерменци. Од врвовите на Таурус до високорамнините на Арарат, еден народ сирак живее под нож. Во Македонија, не неколку часа од Будимпешта и Виена, турските војници и функционери ги колат селаните, на кои им ги силувале ќерките и жените. Овие злосторства се направени за срам на Европа. Европа мора нив да ги спречи. Човештвото ја задолжува со тоа, а Берлинскиот договор и дава за тоа сигурно право.
Франција испрати свои оклопни кораби да бараат од Портата, преку топовските отвори исплаќање на Лорандо и Тубини. нашите оклопници, дали се единствено во служба на Турбини и Лорандо?
Султанот, предавајќи им ги Ерменија и Македонија на крвниците, нели се изложи на некаков приговор од страна на силите? Германија, Англија и Франција, неговите старателки, ќе му речат: „ Можеш да убиваш, само ако платиш?“
Ако им се верува на умешните луѓе, постојат две политики. Една што раководи од претпазливоста, и нашата. Ние одговараме дека пред злосторството има само една политика: човечност. Се вели дека нам ни недостигнуваат водржаност и претпазливост. Не. Предвидувајќи ги колежите, што по неколку дена ќе ја окрвават Македонија, и викајќи му на секој оној што може да не чуе дека турската сабја постојано е крената над Ерменија, нам не ни недостигнува ниту претпазливост, ниту разумност. Претпазливоста не се состои во тоа да се премолчуваат и негираат колежите. Не е претпазливост одобрувањето на злосторството со едно страшливо премолчување. Страшливоста никогаш не е разумна.
Каква е таа разумност да се молчи кога крвта на жртвите повикува? Единствено нашата политика е разумна, бидејќи е отворена и искрена, и бидејќи надвор од правите патишта постојат само изненадувања и опасности.
Единствено нашата политика е мирољубива, бидејќи се засновува врз народното чувство кај цивилизираните нации, а народот насекаде ја мрази војната.
Граѓани,
Интересирајќи се за судбината на Ерменците и на Македонците, не затоа што се христијани, ами затоа што се луѓе, ние бараме, како гаранција за нивната благосостојба, и за зацврстуване на општиот мир, полно и целосно извршување на Берлинскиот договор, што се однесува за Ерменија и Македонија.
Братски поздрав
/Анатол Франс/
Anatole France, Vers les tmps melleurs. Paris 1906, i-iii; Claude Aveline, Vers Les temps meilleurs. Trente ans de vie sociale.
Paris 1949, 1953, vol. i, p. 138-139.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment