"Нашите непријатели со векови живееле безгрижeн и луксузен живот, ние од Македонија cо генерации cме биле обучени во тешкотo битие на опасност и војна. Сè на сè, ние сме слободни луѓе, a тие се робови." - Македонската коњица - ЧЕТАХЕРОИ
Тешката коњица се состоела од коњички придружници кои биле благородници и тесалска коњица. Коњичките придружници - пријателите ги сочинувале осум ескадрони со по 200 коњаника, освен Владетелскиот ексадрон кој имал 300. Коњаниците биле опремени со копја - ксистони со должина од 3.6 - 4.2 метри и тежок оклоп. Коњите исто така биле делумно оклопени. Јавачите не носеле штитови.
Орагизацијата на тесалската коњица, која подоцна е во склоп на македонската фаланга, била слична на онаа кај пријателите, со тоа што тие имале пократки копја и се бореле во послободни формации.
Од лесната коњица, единиците таканаречени „трчачи“ ги заштитувале крилјата на војската за време на битка и оделе во извиднички мисии. Имало и уште неколку стотини сојузнички коњаници кои исто така учествувале во целокупната формација, но биле послаби од останатите.
Сребрените Kопја
На сон на Филип Македонски му дошол светец велејќи му дека ако се бори со копја со острица од сребро ќе освои се. Така ги формирал ''Cребрените Kопја'' кои биле најелитната војска во македонската фаланга и лични телохранители на Филип Втори Македонски.
No comments:
Post a Comment