Воените походи на Филип Македонски


Филип Македонски се издвојува од сите македонски кралеви по неговата умешност и оригиналност во воената тактика. Тој ги основал темелите на модерната (во свое време, па и денес) македонска воена формација. Со реформите кои што ги вовел на ова поле, неговите успеси се несомнени.

Иако млaд, Филип се покажал како добар дипломат поткупувајќи го Тракискиот крал со подароци. За мир со Илирите, Филип се оженил со ќерката на нивниот владетел Бардили, Атада. Меѓутоа, ова било само дел од неговата стратегија. Подоцна, кога Филип ја засилил својата воена моќ со новоформираната Македонска Фаланга, ги започнува своите воени походи.
Bо 358-та година п.н.е. го скршил отпорот на Илирите, кои ја окупирале северна Македонија во времето на неговиот брат Пердика Трети, и на локалните племиња. Сo тоа Филип ја проширил својата власт до Охридското Езеро. На бојното поле оставил 7000 илирски војници, бројка која претставувала околу три четвртини од нивните сили, заедно со нивниот владетел Бардили. На север го удрил темел каменот на новиот град Хераклеа, а ги ставил под контрола и Пеонците, приклучувајки ги во Македонија.
Во 357-та година п.н.е. ја завземал атинската колонија, Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пајак. Претходно атињаните не успеале да завладеат со градот Амфипол, бидејќи народот не ја прифаќал нивната власт. Во Атина избувнала социјална војна и атињаните му го понудиле на Филип назад градот Пидна, освоен 363-та година п.н.е., во замена за градот Амфипол. Меѓутоа Филип лесно го зазел градот Амфипол и одбил да го предаде, а со сила го зазел и градот Пидна. Поради овој чин атињаните објавиле војна на Македонија. Филип се сојузуил со Халкидик и Олинт, и за да им се додвори им го предал градот Потидеа кој го освоил 356-та година п.н.е.. Усовршувајќи го ковањето на пари, тој ја зацврстил македонската монета и нејзината употреба во цела Македонија и пошироко.

Во 357-та година п.н.е. Филип се оженил со Молосиската принцеза Олимпија.

Две години подоцна, во 355-та година п.н.е., Филип го освојува градот Кренид, и го преименува во Филипи. Кренид бил богат центар со руда, а Филип од него годишно заработувал и до илјада златни таленти. Атињаните пробале повторно да ги свртат старите непријатели на Македонија: илитите и траките, кои по смртта на Котиа биле поделени на 3 делови, водени од страна на: Амадоко, Берисаде и Керсоплепте. Тие биле поразени од страна на Филип, така што Филип ја проширил Македонија до реката Места, додека генералот Парменио ги поразил илирите заедно со нивниот новоизбран владетел Грабо.
Во 356-та година п.н.е. на Филип му се раѓа синот Александар. Оваа радост била проследена со добри вести од сите страни на Македонија, за победата врз траките и илирите и победата на неговиот коњ на македонските олимписки игри од македонската страна на планината Олимп, олимписки спортски игри организирани и финасирани од македонските владетели.
Понатаму, во 354-та година п.н.е. ja освојува атинската колонија Метон. При опсадата на градот Филип ќе го изгуби своето десно око. Атињаните пратиле две флоти на помош на градот. Првата во зимата 354-та година п.н.е., ама таа не била доволна, и втората 353-та година п.н.е. кога градот веќе паднал во рацете на македонците. За да ја искористи таа прилика Филип ги нападнал и Абдера и Маронеја, на тракискиот брег.

Во 353-та година п.н.е. атињаните одиграле победа врз Филип кај Керонесот Тракиски (Дарданели), а кралот на траките им ги предал на атињаните сите градови освен Kардиа, за да си обезбедат сигурен премин кон Црното море. Во меѓувреме избувнала Светата Војна. Во 353-та година п.н.е. Филип навлегол во Тесалиаја каде бил пречекан од 7000 фокијци и платеници предводени од Фаило, брат на Ономерко, владетел нa Фокијa. Фаило бил истеран од Тесалија ама неговиот брат му дошол на помош, принудувајќи го Филип двапати да се повлече од бојното поле. Ономерко успеал во тоа што го оневозможил дејствувањето на македонската фаланга. Филип претпазливо се повлекувал, но сепак се враќал поорганизиран со поголем број на војска.
Во 352-та година п.н.е. Филип со 20000 војници пешадија и 3000 коњаника, и овојпат потпомогнат од Тесалците, влегува во битка со Ономерко, кој имал ист број на пешадија, но со 2000 коњаника. Битката се одиграла на местото Полињата на Крстопатот. Во битката Филип убил 6000 непријателски војници а заробил 3000 кои биле удавени во море во чест на бог, а Ономерко бил убиен од страна на неговите платеници и бил предаден на Филип кој го распнал на крст.
Во 352-та година п.н.е. Филип се прогласил за водач на Тесалија до крајот на животот и ја припоил кон Македонија.
Причина да се повлече од освојувањата на југ било тоа што Филип бил повикан на помош од страна на Визант и Перинт, бидејќи новиот тракиски владетел Керсоблепте сакал да ја обнови силата на Тракија од времето на Котиа. Исто така и атињаните подготвиле флота со водство на 40 триери и одреден број на оплити да го одбранат теснецот ама до тоа не дошло бидејќи се раширила вест дека Филип бил тешко болен. Филип го победил тракискиот владетел, а неговиот син бил пратен како заложник во Македонија и бил принуден да плати оштета. Градовите Хераион и Теикон биле подарени на Перинт како верен сојузник.

Како голем воен стратег, Филип користел различни методи и механизми кои му го олеснувале патот до целта во неговите воени походи. Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во xеленските градови држави, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. Всушност, Филип го применувал принципот раздели па владеј. За таа цел, со златото на Филип на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во градовите држави. Меѓутоа од 352-та до 346-тата година п.н.е. тој нема да продре јужно, туку ќе ги освојува источните региони доаѓајќи до реката Марица.
Во 349-та година п.н.е. Филип ја започнува опсадата над античкиот град Олинт, првобитен македонски сојузник, а владетелите на овој град биле и роднини на Филип, кој подоцна ќе склучи сојуз кон Атина. Атињаните не направиле ништо да го спасат градот и тој во 348-та година п.н.е. е срамнет со земја. Во 347-та година п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија и ја припојува кон Македонија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346-та година п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, македонските војски преку Епир навлегле на северозапад се до Јадранското Море и тогаш дел од Илирија се припојува кон Македонија. Во 342-та година п.н.е. Филип превзел успешен поход против Скитите на север.
Во 340-та година п.н.е. го освоил Перинт, а во 339-та година п.н.е. Визант, со што империјата на Филип достигнува до Црно Море. Подоцна пак се вратил кон неговата стара цел - освојување на хеленските градови држави. Во тоа му помогнал како изговор и атинскиот оратор Демостен кој постојано зборувал против Филип Втори дека тој не е хелен и дека нема никаква врска со нив, туку дека бил само еден обичен варвар без чест и само еден смрдлив роб од Македонија.

No comments:

Post a Comment