Раскинувањето на ЦК со врховистите



Првата година од новиот, дваесетти, век донесе зближување на гледиштата меѓу ЦК на Македонската револуционерна организација и врховистите. Не за долго, меѓутоа: по паѓањето на владата на стоилов и доаѓањето на власт на Либералната партија на Радославов, политичките околности во Бугарија како да се изменија. Не затоа што министерот за внатрешни работи Радославов гледаше охрабувачки на национал - ослободителното движење на Македонците, туку затоа што тој и неговите пријатели имаа поважна задача: како да го зацврстат своето присуство во политичкиот живот на Бугарија, па, зафатени со акциите што беа насочени исклучително на тоа, ги оставија настрана и Македонците и нивната борба. Инаку, ставот спрема Македонците пред бугарскиот Парламент јасно го изрази премиерот Димитар Греков, кој, меѓу другото, во втората половина на 1899 година рече: „Владата се трудела и ќе се труди да направи нешто за своите сонародници во Македонија. Но во тоа треба голема претпазливост за да не бидеме вовлечени во некоја авантура... За да се подобри на бугарското население во Турција неопходно е да се премавне недовербата на турските власти кон него. Бугарската влада треба да се држи коректно со турците и да им покаже дека таа не сака преку револуција да ја заплашува Турција, туку сака на мирен начин да дејствува за подобрување на положбата на своите сонародници. Според тоа, бугарската влада е против револуционерни дејствија и верува дека тоа само им штети на Бугарите. Што се однесува до реформите, бугарската влада не може да го покрене тоа прашање, Времето не одговара, треба да се чекаат подобри времиња. Ако бугарската влада спрема Турција има коректно поведение, ако Бугарите во Македонијаго направат истото, тогаш нивната положба може да се подобри многу, дури и да се воведат реформи“.
Како што наведува д-р Крсте Битовски, гласилото на либералите на Радославов, „Народни права“, пред да падне владата на Стоилов, какоопозиционен весник имал редовна рубрика за Македонија и Македонците, во која ја напаѓал владата за негрижата за „братот роб“. Кога, пак, либералите дојдоа на власт, весникот во поголем дел од 1899 и 1900 година не објави ниту ред за ситуацијата во Македонија!
Дворот, пак, збунет од жестокоста со која Радославов и неговите истомисленици се наметнува во политичкиот живот на земјата (фалсификувани избори, притисоци од свите видови, чистка на своите политички противници), едноставно, немаше време да му се посвети внимание на движењето на Македонците.
Ваквата состојба се обидоа да ја искористат Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Сите акции, сите декларации што ги усвојуваа врховистите и нивниот комитет дотогаш одеа на тоа Македонија да се присоедини кон Бугарија. Врховниот комитет, со средствата што ги препорачуваше, воопшто не одеше на тоа кај Македонецот во емиграција да се збижогати и афирмира принципот на револуционерната борба и вооруженото востание како единствено можно и исправно решение на тогашната состојба. Гоце и Ѓорче се обидоа, всушност, во Врховниот комитет да вклучат личности, кои би ги прифатиле принципите на Македонската револуционерна организација и кои во соработка со нив, како зацгранични представници на ВМРО, би дејствувале поефикасно во општото настојување да се помогне борбата на угнетениот македонски народ.
Во своите сеќавања Ѓорче подвлекува:„При таква положба решивме да го земеме Комотетот преку наши соучественици - ние да останеме настрана, а тој да биде Врховен комотет. Друштвата сматавме да ги реорганизираме, да ја имаат предвид чисто револуционерната кауза. Однапред се разбравме со новите членови на Комитетот дека ние ќе имаме право да учествуваме на седниците на Комитетот; ние нема да ја преземеме одговорноста за она што ќе го прави ВК, но сето тоа ќе станува со наше знаење и со наша согласност. Од своја страна, ние ветивме поткрепа со поенергични и попредани луѓе, дојдени однатре, со кои би се соживеала дејноста на Комитетот, особено во внатрешноста. Така и стана. Со ова се совпадна авторитетот на тукашните македонствујушчи.
Моја идеја беше да се најде меќу маскедонствујашчите некое угледно лице, истовремено блиско до нашите идеи, за да биде избрано за председател на Комитетот. Уште не се осмелувавме да го дадеме ВК во рацете на офицерчињата. Цончев уште не се решаваше да даде оставка и да стане председател - ние тогаш ќе го примевнжме. Со цел да најдеме погодно лице и да ја подготвиме почвата за новиот Комитет, јас презедов една долга обиколка по Јужна и Северна Бугарија, посите градови. Врбував нови сили: каде што имаше Македонец посакав да се запознаам со него и да го испитам за да знам на кого можеме да се потпреме. Не можев да најдам ниту еден што ги споделува моите гледишта и целосно се сложува со револуционерното дело. Сите одобруваа, но самите не се согласуваа. Мислеа дека тука Организацијата е безсилна и не им се веруваше дека ќе може да се соживи до степен каков што очекуваа. Воопшто, револуционерното дело им се стори утопија. Даме и Ризов не попуштаа дека може да се засили дејноста на Комитетот, дека општеството ќе се заинтересира толку за Делото, дека ќе можеме да пласираме заем дури до 50000 лева. Ризов велеше дека тој прв на јавно место ќе ни ракоплеска ако успееме да собереме 50000 лева. Општа недоверба. Јас ги поканив сите повидни Македонци од внатрешноста што беа директно или индиректно замешани во борбите за македонското дело и претрпев фијаско. Секој што колку-толку држеше до себе не сакаше да се ангажира, да стане смечен... Остануваше да се задоволиме со офицерството од 1895 година. Јас мислев од нив да земеме во Комитетот помалку, за да ги искористиме направо во работата. Офицеритесилно да се смешаме, а јас да го земам председателското место. Не се согласив. Борис го предпоставувавме пред Бозуков, како попостојан. Мнигу пријатели се прснаа низ внатрешноста да ја поддржат нашата програма и нашата листа за предстојниот конгрес. На конгресот се поведе агитација и нашата листа се поведе без опозиција. Сарафов излезе на чело. На сите очите им беа во нас, не гледаа толку кои ќе бидат во Комитетот ами сите се тешеа со мислата оти одсега натаму ВК ќе работи во согласност со ЦК“.
Значи, на Шестиот вонреден конгрес на македонската емиграција во Бугарија што започна на 1 мај 1899 година беше прифатена листата што ја поднесоа Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Борис Сарафов беше избран за претседател. Почетокот на соработката меѓу врховистите и ЦК почна со изјавата лично на Сарафов: „Ние сме фирмата, а Ѓорче е комитетот“.
Соработката даде убави резултати: распишаниот партиски заем, како и помошта, до следниот конгрес (август 1900 гоцина) го наполнија буџетот на Врховниот комитет со 450000 лева! За првпат на едно среќавање на врховистите присуствуваа и Гоце и Ѓорче - на Седмиот конгрес на македонската емиграција во Бугарија. Задграничните претставници на ВМРО набрзо ја открија дволичноста на офицерите. Планот на Цончев и Сарафов беше подол и едноставен: да се преземе ВМРО и ЦК од страна на офицерите и во одреден момент, кога тоа ќе се овозможи политичката ситуација, користејќи го авторитетот на Македонската револуционерна организација, да исфорсираат востание! Ѓорче Петров, без различно што ги диктира своите спомени на сарафистот Милетич, дава прекрасна слика на тие настојувања на „офицерчињата“, како што тој ги нартекува: „Но, однатре се почуствува потреба од бојни луѓе. Претенциозноста на офицерите беше пречка. Фелдфебелите беа со помали претензии, па можеа полесно да се слеат со тамошните наши работници, без да се јавува разлика на надворешни и внатрешхжни. Поканивме да дојдат и офицери (во Македонија - з.н.) вака, поединечно, но тие откажаа зашто тоа не се согласуваше со нивната интимна тенденција, што јас веднаш ја сфатив. Уште кога Комитетот, сарафовскиот, се составаше, дваесетина души офицери од замешаните, во тој број и другарите од Комитетот на чело со Цижончев, Јонков и полполковникот Николов, се собирале на приватни советувања, без мене и Делчев, тајно, и донеле општо решение: Организацијата внатре да се преземе од офицери а и ЦК, исто така, да мине во рацете на офицерите внатре ( во Македонија - з.н.), па кога ќе се постигфне тоа, генерал Цончев да даде оставка и да го земе претседателското место во ВК, така што целото ослободително движење да падне во офицерски раце и офицерите да изведат востание во што покус рок. Дури кога Борис (Сарафов - з.н.) се отцепи од Цончев ми го раскажа ова што јас го знаев и одоколу. Тие си скроиле и план како да стане востанието: да ја разделат Македонија на четиринаесет востанички окрузи под раководство на 14 офицери и подофицери, а генерал Цончев тука (во Бугарија - з.н.) да подготви се за востание и со големи сили да навлезе во Македонија - значи, исто како во 1895 година, со таа разлика што ќе ја имаат поддршката и однатре... Јас таму се излагав во почртокот, кога ги подкрепив офицерите, зашто не бев ја разбрал особената класна психа на офицерите: тие не се во состојба ништо да прават без притоа да ги вмешаат своите класни наклоности. Беа ги задолжиле Сарафов и другите со чисто завладувачка мисија: да ја тука (во Бугарија - з.н.) организацијата во свои раце и да можат да ја кренат наспроти мене и Делчев, да не направат непотребни, а внатре (во Македонија - з.н.) да уфрлат офицери и други воени сили така што Комитетот еден ден оттука (од Бугарија - з.н.) да ја преземе Внатрешната организација по општ план. Сето тоа требало да се наптави тактички, за да не го забележиме ние, зашто биле уверени дека ние нема да го прифатиме тоа ако излезат отворено. Затоа со итрост не ни се наложат еден ден. Систем на изигрување. Тие беа уверени дека само тие најдобро можат да ја ослободат Македонија, а играше улога и класната офицерска честољубивост тие тоа да го направат!“
и. Неколку месеци по спогодбата за соработка меѓу централистите и врховистите, овие вторите го открија своето вистинско лице. Прашањето на Револуционерното братство ги покажа непремостивите и непреодни пукнатини во односите меѓу ЦК и Врховниот комитет, кој од 1900 година почна да се вика Врховен македонски комитет.
Треба да се претпостави дека целите на Македонската револуционерна организација и Егзархијата, околу која се туткаа и собираа бугарски учители дојдени во Македонија и македонски трговци, чии финансиски интереси беа поважни од Делото, не беа исти. Упростено речено: ВМРО имаше за цел борба против османлиското царство и ослободување на поробена Македонија, а Револуционерното братство, што го формира Егзархијата, борбата против Македонската револуционерна организација ја зацрта како своја превосходна задача! Ете зошто обидот на Врховниот комитет да воспостави потесни врски со братствата предизвика, првин, сомневања, а потоа отворен и гласно изразен протест од страна на ЦК.
Не било тешко да се открие „загриженоста“ на Борис Сарафов за „единството“ на Ослободителното движење. Неговиот напор братството да се вклучи во општото движење за ослободување на поробена Македонија бил образложуван од потребата за едиствена акција, иако неговото кокетирање со Иван Гарванов), всушност, е дел на една стратешки одлично подготвена тактика, која водела кон затапување на револуционерниот дух на Движењето и преземање на раководните функции во Организацијата од страна на оние, чии цели и задачи беа спротивни на учењето на Гоце, Ѓорче и Даме. Да се контектира со Братството, уште повеќе тоа да се вклучи во движењето, за Ѓорче Петров, на пример, било вклучување во Внатрешната организација на отцепници, на туѓи елементи во живото месо на Делото. Ете зошто Ѓорче со воодушевување ја поздравил акцијата, чија цел била ликвидирање на раководителот на Братството во Сер, Наумов.
„Ѓорче ракоплескаше на акцијата против Наумов, се сеќаваше неколку години потоа Сарафов. Сметаше дека треба да се искасапат сите од Братството - никакво разбирање, никакво понирување. Ние во Комитетот донесовме решение да посредуваме за да се разберат. против ова решение беше Ѓорче. Избравме човек специјално во наше име да замине во Солун за да постигне согласност меѓу Братството и Централниот комитет. Ѓорче во тоа испраќање специјален човек од наша страна најде дека се нарушува самостојноста на ЦК, па, според неговото разбирање, дека сме навистина нешто како „врховен комитет“... Отиде наш човек, Иван Камбуров, потпоручник. Ѓорче, за да ни попречи, беше напишал да не го примат. Камбуров штом дошол таму, веднаш се бутнал како клинец меѓу нив и по пет-шест дена разговори, се постигна согласност, писмено, потпи=ана и од Камбуров. Престана да постои Братството, а Гарванов стана претседател на Месниот комитет во Солун.
Ѓорче веќе потоа се олади, макар што таму се постигна согласност. Според Ѓорче таа постапка била принципиелно неправилна, зашто на некој начин испаѓало дека Комитетот се грижи да задоволува одделни амбициозни отцепници, за да ги привлече на своја страна и да ги вовлече во Внатрешната организација, како надворешен елемент. Според Ѓорче, утре, ќе се јават други назадоволници внатре (во Македонија - з.н.) кои ќе треба пак да се направат големци, за да им се задоволат амбициите. Остана незадоволен од тоа... Ја загубивме веќе довербата на Ѓорче“.
Наспроти спротиставувањето на Ѓорче и Гоце, врховистите успеале да го вклучат Револуционерното братство во Внатрешнета организација. И не само да го вклучат туку еден негов член да биде кооптиран во ЦК, а председателот Иван Гарванов да биде избран за председател на Месниот комитет во Солун.Вклучувањето на Братството во Организацијата, фигуративно речено, значеше разводнување на густото организационо ткиво. Последиците на ваквото разводнување ќе ги видиме само по три години, кога во вештачки создадениот вакуум. Иван Гарванов, кој во првите месеци на 1900 година замина за Софија да бара поддршка од Врховниот комитет за антиоргазиционата дејност на неговото братство, стана председател на ЦК на Внатрешната организација!
Медените денови на пријателството меѓу ЦК и ВК не траеја долго. Последователно од еден до друг случај амбициозниот и самобендисаниот Борис Сарафов, како и Комитетот на чие чело стоеше, почнаа да ги кршат договорите со Гоце и Ѓорче: скапо го плаќаа учестрвото на разни комити и војводи во организираните чети што доведе до нетрпеливост меѓу комитите; ја презедоа кореспонденцијата со ЦК во Солун во свои раце, иако требаше тоа да го прави Ѓорче; побараа двајца офицери да влазат во ЦК, а други петнаесет да ја преземат командата во револуционерните окрузи и реони.
Ѓорче Петров тој обид на ВК да се инфилтрира во Организацијата, вака ќе го резимира:„Така, тие од самиот почеток се обидоа да не направат нас, како претставници на ВМО, излишни. Отпрвин само со итрина, а потоа, чуствувајќи се зајакнати, почнаа и поагресивно да настапуваат. Правото тие да ги земат нишките во своите раце го мотивираа со тоа дека Комитетот давал материјали за внатрешноста. забораваа, дека тие, офицерскиот комитет, постоеја само во името на нашиот авторитет, на нашата кауза. Мнозина се помирија со овој офицерски комитет, само затоа што јас и Делчев стоевме зад нив и што не ги оставивме да прават глупости... Таму започна политиката на надигрување, изигрување, да се издигнат првин во наше име, а потоа, издигнати, да почнат да ја применуваат не нашата програма туку својата тајна, офицерска, програма, која радикално се разликуваше од нашата. Уште тогаш кога го подразбравме се ова, тие во нашите очи беа предавнициу на нашата кауза, на која и се беа ветиле да служат до крај. Колку и да го знаевме ова, јас и другарите од Солун требаше да бидеме отстапливи за да не даваме повод за нови раздори и меќусебни борби, решавајќи да ја чуваме само внатрешноста (Македонија - з.н.) строго независно. Нивното, на офицерите, поведение беше неморално предавничко“.
Кога сите овие работи малку по малку излегоа на површина, Гоце, лут и избувлив, без да им рече збогум на врховистите, им го сврте грбот и во знак на протест замина за Македонија. Останаа да одекнуваат неговите зборови упатени заканувачки на Сарафов: „Нема да допуштиме офицер во Организацијата и Комитетот (мисли на ЦК - з.н.) ќе ги сретнеме штиковите на Организацијата!“
Димо Хаџи Димов) дефинитивно раскинуваше на Гоце со врховистите го предава низ Гоцевите зборови: „Додека моето раме крепи пушка, Македонија е недостижна за бугарски офицер!“ Една година потоиа војводата Христо Чернопеев) диктираше во своите сеќавања: „Во Софија се најдов со Делчев и Ѓорче, но нивните односи со Сарафов беа расипани... Целта на Делчев, одејќи со мене во Џумајско, беше да подготви отпор против сарафистите, да го подготви населението да не им се доверува на други луѓе освен на внатрешните и на Делчев...“
ј. Провалата во Солун на 23 јануари 1901 година најави серија провали во Внатрешната организација, чии последици се протегаа до недоглед. И откри уште еден од многуте парадокси, толку присутни тие години во Македонското револуционерно движење. Иван Гарванов, во своите сеќавања, се навраќа на солунската афера со овие зборови:
„Повод за аферата даде Милан Михајлов (момче, службеник во сарафовскиот комитет, избеган од Софија зашто, како што се зборуваше, таму убил некоја проститутка). Препорачан од Сарафов, тој работеше во ЦК. Тој и Александар Ников од Битола (секретар на ЦК - з.н.) оделев јавна куќа и макар што некои од другарите ги предупредиле дека полицијата ќе ги претресе на улица, тие го продолжиле патот, одговарајќи притоа дека не се плашат. Истата вечер биле уапсени, зашто нашле револвери кај нив. Александар Ников избегал од полицијата, а останал само Милан Михајлов. Откако малку го помачиле, тој почнал да кажува се и тоа било причина да ја претресат собата на Коце Лазаров од Штип, ученик од осми клас, каде што нашле имиња, револвер, хектограф. По барање на Матов, проверивме дека сопственикот на собата, Пандо Бодев, кројач од Прилеп, дали се најдени компромитирачки документи. Тој на двапати не уверуваше дека ништо не е најдено, зашто самиот тој лично ги изгорел. Тој мислел дека други нема. Откако го затворија Лазаров, го затворија и Ников, а по два дена, на 27 јануари, ги затворија Матов, Диме Палашев, трговец, а потоа и поп Стамат, анџијата Васил Мончев (сопственик на Бошњак ан - з,н.) и д-р Христо Татарчев. По неколку дена Милан, преоблечен во жандармериска униформа, ја посочи куќата во која се криеше еден ранет комита, Кочо Флоралијата, ранет во Гуменче, дојден на лекување кај доктор Татарчев, и го затворија домаќинот на куќата, мајстор Андон. Тука го фатија Александар Ников, кој пак успеа да избега, прескокнувајќи го ѕидот на куќата. По три дена во колата на Анго, арабаџија од Кукуш, на излегување од Солун, кај месноста Тумбата, го фатија Милан Ризов, Тодорчето од село Серменин, Гевгелиско, и пак, по третпат, го фатија Александар Ников. Последниов притоа се самоуби.
Додека да ги осудат испитувањето траеше два месеца. Предавници излегоа Милан Михајлов, Милан Ризов и, донекаде Коце Лазаров (подоцна загина кај селото Карбинци). Почнаа апсења по внатрешноста: во Сер, Дојран, Кукуш, Гевгелија и Кавадарци. Се открија многу работи. Се дознаа членовите на комитетите, освен од солунскиот, уште и од внатрешноста: Никола Бојаџиев, роден во Велес, кој беше во Сер; поп Глигор Алексиев, кукушки црковен председател; Туше Делииванов; Антон Констатинов од Кавадарци, чорбаџиите Лазе Грозданов, Терзи Христо, Иван Велков и други; поп Филип од Бајалци.
Хаџиниколов, кој уште не беше уапсен, не викна мене и Спас Мартинов и, бидејќи очекуваше да го затворат, ни покажа на кој начин ќе стапиме во врска со внатрешноста и со Врховниот комитет во Софија (ни кажа мастило, канали, шифри и друго). На втората средба во воденицата на Латини донесовме решение да изпратиме пет бланко потпишани полномоштва, за да им послужат на офицерите што требаше да минат во земјата (во Македонија - з.н.) за инструктори, и ако се укаже потреба, да кренат востание...“
Ете го парадоксот: по игра на повеќе случајности, довчерашниот претседател на Братството, кое се бореше против Внатрешната организација, сега стана претседател на нејзиниот Централен комитет, зашто потегот на еден од оснивачите на ВМРО, Хаџиниколов, и не значеше ништо друго туку назначување на Иван Гарванов за председател на ЦК. Последиците од доаѓањето на Гарванов за прв официјален човек на Организацијата, веќе по две години се покажаа во својата вистибска светлина: на таканаречениот Солунски конгрес (јануари 1903 година) под претседателство на Иван Гарванов се донасе решение да се крене востание.
По враќањето во Софија од големата пролетна обиколка на Македонија во 1901 година, Гоце го затече Врховниот комитет во експанзија. Од Трново во Софија се врати и Ѓорче. Тие двајцата почнаа се од почетокот. Гоце категорички одби да ги признае петте бланко потпишани полномоштва: „Не можам да ги примам, рече, зашто се донесени во момент кога цел ЦК е уапсен!“ Одби да се формира подвижен ЦК. Престана дури и да се дружи со офицерите - толку беа заострени односите со врховистите, од една, и Гоце и Ѓорче, од друга страна. Како дефинитивно расдкинување на односите може да се земе писмото до окружните, среските и селските раководства, што во почетокот на март 1901 година го испратија Гоце и Ѓорче. Писмото е значајно од повеќе аспекти. Меѓу другото, тоа ја покажува големината на Гоце и Ѓорче, го зацврстува нивното место во македонското револуционерно движење и покажува дека тие двајцата ја презеле на себе, во тие критични и драматични моменти, улогата на уапсениот ЦК. Четири предлог-мерки го карактеризираат ова историско писмо: да не и се дава помош и да се разоружа секоја чета што нема пропусница потпишана од Марко) и од Ахил (псевдоним на Гоце - з.н.); да се нема доверба и да се парализира активноста на лицата испраќани од Врховниот комитет со задача да го разцепат револуионерното движење во Македонија; да се прелинат сите врски со ВК и, четврто, пограничните комитети да ги дисциплинираат куририте и пограничните работници за да останат досотјни на Организацијата.
Раскинувањето на ЦК со врховистите, значи, е дефинитивно. Трајно значење понатаму ќе имаат зборовите на Гоце и Ѓорче што ги кажаа тие денови:

„Чувајте се од луѓето навлезени од Бугарија!“

No comments:

Post a Comment