Говор на Димитар Влахов во Отоманскиот парламент
Парламентарни заседанија, 1910 година
Овој закон го сметам за привремен и површен; мерките што овде ќе бидат прифатени ги сметам недоволни.Сакаме да ги стимулираме нашпите земјоделци и нашата индустрија. Меѓутоа, по каков пат ќе ги стимулираме? Во тоа е прашањето. Што е потребно за стимулирање на нашата индустрија? Најпрвин се потребни капиталот и капиталистите. На второ пак место - работниците. На трето место, нужен е пазар за индустриските производи. Од која и да било нација и земја да доаѓа, нашата земја не ќе има загуба од капиталот... Претпријатијатац можат да бидат странски и домашни, бидејќи и во нашата земја
има богаташи. Меѓутоа, тие своите кредиторски пари ги кријат во касите, кесињата, а најмногу ги вложуваат во банките на другите земји. Кога овие луѓе ќе забележат напредок на претпријатијата создадени со странски капитал, ќе ги извадат и ќе им ги дадат сопствените пари на тие претпријатија...
Во нашата земја има многу работници. Се оплакуваме дека за работниците нема доволно работа. Вистина е, нема опитни работници. Но зарем не можат и нашите работници да бидат опитни? Ќе станат. Нашите работници што одат во Америка, Бразил, се квалификуваат и работат за напредокот на тие земји.
Ако отвориме индустриски училишта, и ние ќе имаме опитни работници.
За да се покрие дефицитот, треба да го зголемиме доходот. за да се зголеми доходот, треба да ги измениме даночните закони, треба да спроведеме финансиски реформи; и пред се, треба да работиме за прифаќање прогресивно-пропорционалниот даночен сисатем и за зголемување на економската моќ на народот. Пред се, треба да ги измениме непосредните давачки. Најпрвин таа реформа треба да ја оствариме. Тоа не одговара на приходот на населението.
Поради тоа сме принудени да направиме да се зголеми економската моќ на населението.
Гледате дека нашиот буџет е многу тежок за населението. За да се зголеми приходот, нужно е да се зголеми економската моќ. Ако не ја зголемиме неа, постојано ќе има дефицит и населението ќе ги смета даноците за товар. Со еден збор, да се изменат даноците, да се изврши финансиска реформа, да се примени прогресивно-пропорционалниот систем, да и се даде предност на економската моќ на населението. Така да се следи финансиска и економска политика. (Продолжителни аплаузи).
А. Стојановски, Еден говор на Димитар Влахов во Турскиот парламент. Историја (Скопје) ВИ, 2 (1970) стр.240-247. Според А/.Церрахоглу, Туркиѕеде Сосѕализм (1848-1925). Истамбул 1968, с. 72-84).
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment