Аргој ВТОРИ, Аминта ТРЕТИ


Аргој ВТОРИ ( APГOY ВTOPI - древно македонско венетско писмо ) бил претендер за македонскиот трон, кој со помош на илирците, го протерале Аминта Трети и го чувале тронот две години. Потоа, Аминта со помош на тесалиците, успеал во истерување на Аргој Втори и возвратил дел од својата моќ. Најверојатно, во 359 година п.н.е. истиот тој Аргој Втори се обидел повторно да го освои тронот. Тој успеал да ги убеди атињаните да го подржат, но Филип Втори, кој тукушто станал владетел на Македонија, го спречил во тоа. Подоцна Аргеј со помош на неколку трупи безуспешно се обидел преку сила да го завземе тронот. Неговата смрт не е позната.


Аминта ТРЕТИ ( AMYNTAOY TPETI - древно македонско венетско писмо ), син на Архидеј и дедо на Александар Македонски, бил владетел на Македонија од 393 (или 389) до 369 година п.н.е.
Аминта дошол на тронот по десет години проблеми со наследството по смртта на Архелај BТОРИ, покровителот на уметноста и книжевноста. Но тој имал многу непријатели во самата Македонија; во 383 год. бил истеран од страна на илирците, но следната година си го повратил кралството со помош на Тесалија.
Склучил договор со Спарта, која му помагала да го намали Олинт (379 година). Исто така влегол во лига со Јасо од Фера, и предано одржувал пријателство со Атина. Од неговата жена, Евридика Втора , имал три сина, од кои најмладиот е познатиот Филип Bтори Македонски.

No comments:

Post a Comment