333 година п.н.е.
Говорот на Александар на македонците и другите војници пред битката:
„На илирите, траките и другите војници давам злато како што немале никогаш. .. На македонците давам вечност.“
Војската на македонците и нивните сојузници, под водство на Александар Македонски, броела 5000 коњица и 26000 пешадија. Персијците од водство на Дариј Трети, Арсам, Реомитро, Атизиј, Бубак, Сабак со 30000 јонци - сонародници на атињаните од Мала Азија - платеници, 40000 пешадија (10000 бесмртници, персиските кралски телохранители - најелитната војска на Персија) и 20000 коњица.
Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројатно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2.6 километри раздалеченост, така што Дариј не можел да го употреби големиот број на неговите војници правилно.
Александар Македонски тргнал во поход на Азија во 334 година п.н.е. и ги поразил локалните персиски сатрапи во Битката кај Граник. Потоа тој продолжил со окупацијата на Мала Азија.
Додека Александар Македонски бил во Тарс разбрал дека Дариј собира огромна војска во Вавилон. Доколку Дариј сакал да дојде до Искиот залив, тој ја имал поддршката од адмиралот Фарнабаз, кој сеуште оперирал во Медитеранот, така што би го олеснил снабдувањето и би бил во можност да му се впушти на непријателот одзади. Александар Македонски ја држел својата главна војска во Тарс, но затоа го пратил Парменион напред за да го окупира крајбрежјето на Ис. Во ноември, Александар Македонски добил извештај дека големата персиска армија веќе навлегла во Сирија, во градот Сочи. Александар Македонски решил да ја прибере неговата раздвоена војска и да маршира јужно од Ис, преку Јоновата клисура.
Mногу современи историчари тврдат дека персиската пешадија била слабо вооружена, дека повеќе надбројната и до тогаш непобедена, страв и трепет за другите, персиската војска билa „детска игра“ за македонците, но тоа не е точно. Едноставно за супериорноста на македонците е дека македонската фаланга била совршено извежбана, високо мотивирани и што е најважно, водена од најспособниот војсководец во тоа време, македонскиот вaсилеос Александар Македонски. Додека персијците биле предводени од нивниот персиски владетел Дариј Трети, кој немал најверојатно никаква воена подготовка, го излагале дека бил полубог.
Дариј знаел дека Парменион ја држел клисурата и затоа се упатил северно. Персијците го зазеле Ис без проблем и ги убиле сите болни и ранети македонски војници кои останале таму. Сега Дариј разбрал дека успеал да дојде одзади на македонската војска и да ги прекрати набавките. Потоа тој ја наредил војската на добра одбранбена позиција долж реката Пинар и го чекал Александар Македонски да нападне.
Постојат различни мислења за причините за битката. Еден убедителен став врз основа на Куртиј е дека Дариј бил приморан да го премести логорот во терен кој му одговарал на Александар Македонски, заради тоа што македонците се бореле дефанзивно по препорака на Парменион. Дариј не можел да ја издржува војската за време на зимскиот период, а во неговите градови во Феникија веќе имало немири заради доаѓањето на Александар Македонски. Дариј бил принуден да ја премести неговата голема војска на еден рид на бојното поле, позиција која била во огромна корист на помалата војска на Александар Македонски.
Александар Македонски чекал Дариј да дојде јужно од планинскиот венец Аман, бидејќи преминот кој Дариј би го употребил, Беленскиот премин, бил многу поблиску до Сочи и давал најдобар пристап до територијата која Александар Македонски ја бранел. Александар Македонски чекал 16 километри западно од Беленскиот премин, кај Миријандер, за да му постави замка на Дариј кај Беленскиот премин или преку Јоновиот столб доколку одел северно, каде дариевата војска би била не организирана и расштркана во теснецот. Но Дариј се движел северно од Сочи и околу планините, доаѓајќи одзади александровата позиција и скратувајќи му ги комуникациските врски. Така Александар Македонски бил приморан да маршира кон Дариј, кој го фатил неспремен со голем крилен маневар. Ова ја дава илузијата дека Дариј играл дефанзивно, бидеќи Александар Македонски бил приморан да маршира кон него.
Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар Македонски и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион.
Битката кај Ис - Првични позиции
Дариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа јонскате платеници, 12000 на број. До јонскате борбени линии - сонародници на атињаните од Мала Азија, Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале другиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар Македонски (оваа формација била слична на буквата Γ). Аријан дава претерана бројка од 20000 за овие трупи. Дариј се сместил во средината заедно со најдобрата пешадија, јонскате платеници и кралската коњичка гарда. Според некои историчари, тој сакал да ја имитира македонската воена формација видена во битката кај Граник.
Персиската коњица јуришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на Александар Македонски набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи крилото против супериорниот број персијци доволно долго за Александар Македонски да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар Македонски пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови.
Потоа Александар Македонски се качил на коњ на чело на неговите коњички придружници - „чета херои“ и дирекно почнал да јуриша накај Дариј, кој избегал од бојното поле. Заради ова персијците почнале да се повлекуваат. Македонската коњица ги гонела персијците во повлекување сe додека не се стемнило. Тука се случило големо крвопролевање заради масовното, неогранизирано повлекување на персијците, околу 80000 и гонењето од страна на македонците. Македонците загубиле близу 500 војници. Поразот на персијците во битката кај Граник го означил почетокот на крајот на периската моќ. Ова била прва битка која персијците ја изгубиле во присуство на Дариј.
Битката кај Ис - Решавачки момент
Дариј пребегнал преку Еуфрат, оставајќи ја неговата мајка, жена и деца во милост и немилост на македонците. Александар Македонски уште еднаш го победува Дариј
во Битката кај Гавгамела, во 331 година п.н.е. Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, a бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки: Статеира и Дрипети, мајка му Сисигамба и непроценлива количина на богатство.
После битката на Ис, кога отишле да ја посетат заробената фамилијата на Дариј, кралицата Сисигамбa по грешка клекнала да се моли на Хефестион за нејзините животи, бидејќи бил повисок, а и двајцата биле млади и носеле скоро иста облека. Кога ја увидела грешката таа го замолила Aлександар Македонски да и прости, а Александар Македонски рекол:
„Не сте погрешиле мајко, и тој е Александар.“
Продолжувајќи по брегот на Средоземното море, Александар Македонски гo освоил Тир (денешен Либан). Во почетокот, Тир сакал да се предаде на Александар Македонски. Александар Македонски сакал да се помоли во храмот на Херакле во Тир. Таа желба на Александар била одбиена од гувернерот на Тир.
No comments:
Post a Comment