Причина за војната со Персија


Причината за војната со Персија е претходната персиска окупација на Македонија од страна на персиските владетели. Македонија била окупирана и опустошена од персиските владетели. Во таа војна Македонците добиле поддршка и од Коринтската Лига, но не и од Спарта.

Најважни богови за македонците пред да ја земат Христијанската Вера, па и други вери, биле вератa во Божицата МАЈКА - МА (Земјата) и ИЛE Богот на Сонцето. Главно култно место на Богот Иле било во храмот на планината Олимп, храм кој се наоѓал на северната страна на планината Олимп и каде македонските владетели ги приредувале Олимписките игри. Богот на сонцето Иле бил обожаван и од другите народи ама и во форма на друго име.

Храмот кој се наоѓал на источната страна на Родопските Планини, каде се обожавала големата мајка МА, било на местото Хипер - Икон, најсветото место за македонците. Ова место било спомнато и во книгата на Meлeгeнe (Хомер): Илијада и Одисеjа, за време на војната во Илион (Тројанската војна). Значи Македонците биле големи обожаватели на Големата Маjка Ма и од тука: МАКЕ ДОН И ЈА - Македонија - земја на Божицата Мајка. На тоа место дошол и младиот македонски владетел Александар Македонски, каде свештениците му претскажале дека ќе го освои светот, a походот против Персија ќе биде успешен.

No comments:

Post a Comment