Петар Драганов за македонскиот јазик
1888 година
Самиот Востоков по прашањето за потеклото на староцрковно-словенскиот јазик се застапуваше за македонизмот, неговата татковина ја поставуваше во Македонија, и затоа тој, велеше Востоков, може да се нарече и македонски. Но Востоков никако не се застапуваше за бугаризмот на таа значајна научна поставка во тесното значење на тој збор, како што тврдеа некои негови противници, напротив, што се однесува до сопственото бугарско наречје, тоа, според Востоков, можело од старо време да се разликува од првото (македонското) по многу важни признаци и, ќе забележиме од своја страна, како што и сега тоа се разликува од него. Би требало да се очекува дека порано или подоцна убедувањето на Востоков ќе се потврди со истражувања не само по историските споменици на јазикот ами и на современиот строј на словенските наречја и особено на словенските говори во претполаганата татковина кирило-методиевскиот словенски јазик.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment