Александар ПРВИ ( ΑΛΕΞΑΝΔΡOY ПРВI - древно македонско венетско писмо ) бил владетел на Македонија од 498 п.н.е. до 454 п.н.е. Бил син на Аминта ПРВИ. По повод отстранувањето на Персиската окупација врз Македонија, Александар Први ги организирал Олимписките Игри.
Според Херодот тој бил во непријателски односи со Персија и ги имал убиено дипломатите на Дариј ПРВИ кои дошле на дворот на неговиот татко за време на Јонската буна. Но подоцна морал да се покори на Персија за време на инвазијата на Атина од страна на Дариевиот син Ксеркс ПРВИ и бил претставник на персискиот гувернатор Мардониј за време на мировните преговори по поразот на Персија во битката кај Саламис во 480 п.н.е. И покрај неговата соработка со Персија, Александар често им давал воена помош и совети на Атина и ги предупредил за плановите на Мардониј во битката кај Платаеа во 479 п.н.е. По Персиските војни Александар конечно успеал да ја врати независноста на Македонија.
Иако Македонија била сметана за варварска земја од страна на некои хелени (особено оние кои имале колонии близу Македонија и биле загрозени од македонскиот експанзионизам), Династијата на Александар ПРВИ, Аргеади, потекнувала од Аргос и од Херакле. Во 450 год. п.н.е бил наследен од неговиот син Пердика ВТОРИ.
Јонската Буна
Јонците потпомогнати од нивните сонародници атињаните го налутиле персискиот владетел Дариј Први, потоа неговиот син Ксеркс Први доаѓа со 200.000 војска преку Хелиспон-Дарданелите и Македонија на Полуостровот Пелопонез, преку преминот Термобили и ја пали Атина. Aтињаните бегаат надвор од Атина и така се спасуваат. Oд тука и омразата на македонците и хелените кон Персија, зошто персијанците сигурно не биле и добри кон македонците, не само кон хеленските градови држави. Македонците само гледаат на потенцијален сојузник кон хеленските градови држави за идната освета против Персија. Персијците ја пустошат Македонија се до Кочанската котлина (денес), во тоа време Пеонија. Ова не било заборавено од Македонците кои после 150 години превземаат осветителна војна против Персија.
Олимписките Игри
Не е точно дека Олимписките игри биле само Хеленски, бидејќи тие се одигрувале на територијата на Македонија, на северната страна од Светата планина Олимп. Планината Олимп се граничи и со Тесалија, каде што егзистирале нации кои не биле Хелени, ниту пак градови држави, туку монархии со монарх. Според тоа, теоријата дека Олимписките игри биле Хеленски (грчки) е неточна, па дури и нелогична, затоа што Хеленските територии биле под Термобили, под Тесалија, Етолија и Акаранија. Уште повеќе, доколку Олимписките игри биле само Хеленски, тогаш истите би се одржувале на Хеленска територија, а не во земја како што е Македонија, која што не е Хеленска. Значи, разумно е да заклучиме дека теоријата за Олимиските игри како само Хеленски игри е измислена.
________________________________________________________________________________
Најголемиот античко-елински географ Страбос- Στράβων (63/64 г.п.н.е. -- 24 г.н.е), пишува дека Тесалија (земја помеѓу античка Македонија и Елада) е населена со Пелазги и тоа во првиот век од нашата ера (Страбо, стр. 221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со Елини (грци), туку со Пелазги - свои сонародници и пред 2000 години, после пропаста на Елада и Македонија.
Херодот, античко-елински историчар пак пишува дека порано и цела Елада (Грција) била населена со Пелазги - Белите-Белци, но со доаѓањето на Елините во Атика (Пелопонез), Пелазгите били асимилирани во тој дел на Балканот, но се' уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57-58), кои ги населувале Тесалија и Македонија. Во Елада сепак останале нехеленизирани Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Елада, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античко-римскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Titus Livius, книга XXX, стр. 29)

No comments:
Post a Comment