Евреите во Македонија


Традиционално вековно постоење на Евреите во Македонија - краток историјат


Постоењето на Евреите во Македонија датира уште од 6-от век пред нашата ера.
Евреите почнале да мигрираат за време на Римскиот Период. Прогонот присилил многу од Евреите да побегнат од земјите кои биле под Римска Власт и мал број од Евреите ја избрале за свој дом Македонија.
Најголемата преселба на Евреите во Македонија се случила во времето на Отоманското владеење. Отоманското време, исто така, било и време на Шпанската инквизиција. Евреите, главно доаѓале од Шпанија и Португалија, откако биле истерани од нивните татковини. Евреите биле во можност да успеат во трговијата, медицината и во правото, во градовите како што се Битола, Штип и Скопје. Но, Евреите многу повеќе зависеле од земјоделските производи отколку од трговијата. Во 1910 година во Македонија живееле повеќе од 90.000 Евреи во времето кога Солун бил најнаселениот еврејски град. Всушност, во Солун живееле поголем број Евреи отколку сите народи заедно и говореле Ладино ( мешавина од јудејски и шпански). Исто така, и Шабат (Сабота) се славел низ целиот град. Во 1912 година Грците го превзеле Солун и на Евреите им било забрането да престојуваат во одредени делови од градот. Тоа довело до уште една масовна преселба на Евреите кои се населувале во Соединетите Американски Држави и некои Европски држави. И покрај масовните преселби, повеќе од 100.000 Евреи сe уште живееле во Македонија, по релативно мирната атмосфера.


Големата Еврејска заедница од Солун го назначила Рабинот др.Зви Корец за претседател на градот. Рабинот Корец течно зборувал германски и заедницата сметала дека тој има моќ да преговара со Нацистичкиот режим. Корец бил погрешно проценет за неговите преговарачки тактики. Тој доследно им попуштал на Германците, сметајќи дека, ако ги следи Нацистичките наредби, Солун би бил поштеден. Всушност, во март 1943 Корец собрал една група Евреи од Солун и ги испратил во кампови во Полска.
Евреите во Македонија се соочиле со „расни закони“ на сегрегација и биле принудени да носат жолти ѕвезди за идентификација. „Месаџеро“ (Еврејски весник од Солин) набргу бил затворен од страна на Нацистичкиот режим. Во 1943 година голем број Евреи во Македонија биле или убиени или уапсени од страна на Нацистите. Тие што биле уапсени, биле однесени во концентрационите логори Аушвиц и Треблинка. Многу Евреи кои не биле уапсени во нивните градови биле убиени за време на војната. Само во Солун биле убиени педесет илјади Евреи. Накитот, златото и заштедата од богатите Евреи од Македонија, исто така, биле конфискувани од Нацистите оставајќи ги Евреите да се вратат во сиромаштија.
По Втората светска војна многу од преживеаните Евреи од Солун и Македонија емигрирале во Израел.
По 1945 година скоро и да не постоеле Евреи во Македонија. Поголемиот број Евреи кои живеат во Македонија главно живеат во Скопје. Во Републикава моментално живеат само 250 Евреи. Другите членови од Еврејската заедница биле или убиени за време на војната или одлучиле да не се враќаат назад. Поради вака малата популација, Еврејската заедница во Македонија изгубила многу од својата традиција.
_______________________________________________________________________________________________

Денес, во Македонија најголем дел од Евреите живеат во Скопје, неколку фамилии во Тетово, Штип и Битола.
Во спомен на загинатите Евреи во втората светска војна, на 11 Март 2011 година ќе се отвори Меморијалниот центар на ХОЛОКАУСОТ ВО СКОПЈЕ. На отворањето се очекува да присуствува висока делегација од државата Израел, претставници на еврејската заедница од САД, соседните држави и од Европа и многу видни политичари од целиот свет.

No comments:

Post a Comment