Роксана


Роксана (бактријски, персиски: Roshanak) e ќерка на сатрапот на Бактрија (тогашна источна Персија, сегашен Авганистан). Родена е 341 година п.н.е., но датумот на нејзиното раѓање не може со точност да се утврди. Бактрија била последната персиска провинција која потпаднала под власт на Александар Македонски.

Роксана е првата сопруга на Александар Македонски со која се оженил 327 година п.н.е. После женидбата со Александар, Роксана го придружува Александар во неговите походи кон Индија. Роксана, му го раѓа синот Алексадар Четврти, постхумно, во Вавилон 323-та година п.н.е.
Како политичка фигура Роксана била неважна и според мислењето на многумина немало некоја посебна причина за женидбата на Александар со неа. Сепак има претпоставки дека најверојатно тој се оженил со неа со цел уште повеќе да ја обедини Македонија со Персија и народите кои живееле во Македонската Империја, различни по раса, култура и начин на живот. Александар одсекогаш се борел за нивна рамноправност и сакал да ги ослободи и да го обедини целиот свет.

После смртта на Александар Македонски, Роксана и нејзиниот син биле жртви на политичките интриги после колапсот на Александровата империја. Роксана ги убива другите две вдовици на Александар, Статетира Bтора и нејзината сестра Дриптиз. Роксана и нејзиниот син биле под заштита на Олимпија, мајката на Александар. Но после нејзиното убиство во 316-та година п.н.е. му овозможува на Касандер да го побара престолот на Македонија. Бидејќи Александар Четврти бил легитимен наследник на македонската круна, Касандер наредил 309-та година п.н.е. тој и Роксана да бидат убиени.

No comments:

Post a Comment