Писмо од Димитрија Миладинов до Кукушани


24 октомври 1857 година

Драги,
Со задоволство го прочитав вашето пријателско писмо, и со голема радост разбрав за вашите благородни чувства кон Словенството и за образованието на нашиот народ. Јас скокам од радост кога го гледам вашиот стремеж и љубов спрема нашиот мајчин јазик, и особено заради тоа што мнозина од младинците и свештениците решиле сесрдно да го учат словенскиот јазик, та по неколку месеци да можат да ја служат и божествената служба на стариот наш прадедовски јазик... Согласен сум со вашиот предлог и во скоро време ќе дојдам.

* Уште додека бил учител во Прилеп, Димитрија Миладинов бил поканет од Кукушките граѓани да дојде за учител во Кукуш.

No comments:

Post a Comment