Запис на учителот Ѓорѓи Македонски за своето потекло
1846 година
Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како 7-мо дете од дванаесетте деца, пет машки и седум женски. Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зошто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стоиман, свјаштеник. И ја прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија. Ден Голема Богородица на 1846 година.
Ѓорѓија Македонски.
* Учителот Ѓорѓија Македонски, родум од село Радибуш (Кривопаланечко), по повод на стапувањето на учителската должност во родното село Радибуш, го оставил овој запис со фразата вообичаена за тоа време: „Да се знае“ (Знано будет...)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment