Битката кај Гавгамела
Битката кај Гавгамела бил вооружен судир во 331-та година п.н.е. каде Александар Македонски - Македонија го поразил Дариј Трети - Персија. Битката исто така се нарекува и како Битката кај Арабела.
Според Аријан, македонци и сојузници под водство на Александар броеле 7250 коњаница и 40000 пешадија. Персијци под водство на Дариј веројатно со 20000 главно тешка коњаница, 230000 пешадија (вклучувајќи околи 10000 јонски платеници). Вистинскот број на персијците не е утврден, но се знае дека биле многу побројни од македонците.
Персијците биле на бојното поле уште пред самата битка да започне. Дариј ја регрутирал најдобрата коњаница од неговите сатрапии и од сојузничкото скитско племе. Дариј исто така ги спремил српните двоколки за кои имал приготвено чист терен пред неговите трупи. Исто така Дариј имал 50 индиски бојни слонови со поддршка на индиски двоколки, иако тие не играле никаква улога во битката. Пред битката, Дариј наредил да се искорне секаква вегетација на бојното поле за да може што подобро да оперира со српните двоколки.
Самиот Дариј стоел во средина заедно со најдобрата пешадија, по персискиот кралски обичај. Тој бил опкружен, десно, од каријска коњица, јонски платеници и персиска коњичка гарда. Меѓу центарот и средината ја поставил неговата пешадиска гарда (Јаболконосачи или Бесмртници), индиската коњица и неговите мардиски стрелци.
На двете крила била коњицата. Бес го командувал левото крило со бактријанците, дахајската коњица, арахрозијската коњица, персиската коњица, сузиската коњица, кадузијската коњица и скитите. Двоколките биле сместени напред заедно со мала група бактријци.
Мазеј го командувал десното крило со сиријската, медијската, месопотамиската, партијанската, сакијанската, тапуријанската, xирканијанската, албанската, сакезијската, кападокијанската и ерменската коњица. Кападокијците и Ерменците биле сместени во преден план и го воделе нападот. Албанската и сакезијската коњица биле пратени да го обиколат македонското лево крило.
Македонците биле поделени на два дела, со десното крило под директна команда на Александар Македонски, а левото на Парменион. Александар Македонски се борел со своите коњички придружници. Со нив биле пајонците и лесната коњица на Александар Македонски. Платеничката коњица била исто така поделена на две групи, со ветераните на десното крило, а остатокот од нив пред агријанците и македонските стрелци кои се наоѓале непосредно покрај фалангата. Парменион се наоѓал лево со тесалците, платеници и тракиските коњички единици. Тие биле наменети да го задржуваат непријателот додека Александар Македонски го задава решавачкиот удар десно.
Битката кај Гавгамела - Првични позиции и движења
Меѓу десната страна и центарот биле критски платеници. Зад нив била група од тесалски коњаници под команда на Филип како и платеници. Десно од нив бил друг дел од сојузничката коњица. Таму била и фалангата која била позиционирана во двојна линија. Заради тоа што биле бројно надминати 5:1 во коњица, и персиската линија била за 1.5 километар подолга од македонската, изгледало неизбежно дека македонците ќе бидат заобиколени од Персијците. Вториот ред фаланга имал за задача да се справи со оваа ситуација ако тоа се случи. Оваа втора линија се состоела главно од платеници.
За време на битката Александар Македонски употребил толку уникатна стратегија која само неколкумина во светската историја можеле да ја повторат. Неговиот план бил да повлече што повеќе персиска коњица на крилата. Овој план имал за цел да направи отвор во непријателската линија каде подоцна би се задал решавачки удар кај Дариј во центарот. За ова бил потребен речиси совршен тајминг и маневрирање како и условот дека Дариј требал да изделува прв.
Македонците нападнале со крилата свиткани наназад под агол од 45° за да ја намамат периската коњица да нападне. Истовремено полека крилата се придвижувале кон десно. Александар Македонски го натeрал Дариј да нападне и набрзо неговата војска се поместила од подготвениот терен, иако Дариј не сакал да нападне прв откога видел што се случило во ваква слична ситуација кај Ис. На крајот Дариј бил принудeн да нападне.
Сега Дариј наредил напад на двоколките. Некои од нив биле пресретнати од агријанците. Меѓутоа, македонската војска имала извежбана тактика за соочување со овие смртоносни направи. Првите линии се поттргнале, отворајќи процеп. Коњите одбииле да се втрчаат во копјата на првите редови и се фатиле во т.н. „стапица за глувци“, каде што биле запрени со копјата од задните редови. Потоа возачите биле лесно убиени. Двоколките биле бескорисни.
Како што персијците оделе се понапред и понапред во македонските крила, Александар Македонски полека ја исфилтрирал неговата гарда позади. Персијците го направиле истото, додека не се отворила празнина помеѓу левата страна на Бес и центарот на Дариј, кога Александар Македонски ги пратил своите последни коњички резерви против нив. Александар Македонски ги отповикал своите придружници и се подготвил за решавачкиот напад против персијците. Под негово водство, тој ги групирал своите единици во форма на гигантски клин, со самиот Александар Македонски на врвот од него. Позади него била бригада од неговата гарда и батаљони од фалангата кои успеал да ги извлече од битка. Овие биле лесни, проследни трупи.
Овој голем клин се судрил директно со ослабениот персиски центар, масакрирајќи ја кралската гарда на Дариј и јонскате платеници. Бес од левата страна сега бил отсечен од Дариј и плашејки се дека и тој би бил нападнат од овој клин почнал да се повлекува. Самиот Дариј бил во опасност да биде отсечен, и тука има неколку различни верзии на она што потоа се случило. Според речиси сите верзии, Дариј почнал да бега и остатокот од неговата војска исто така. Меѓутоа единствениот зачуван документ од тоа време вели дека војската сама почнала да бега.
Битката кај Гавгамела - Решавачки потег и финален напад
По битката, Парменион го обиколил персискиот багажен караван, додека Александар Македонски и неговите телохранители го гонеле Дариј со надеж дека ќе го фатат. Како и кај Ис, така и во оваа битка пленот од грабежот бил огромен. Биле фатени 4000 таленти, како и личната двоколка и лак на Дариј. Исто така биле фатени и бојните слонови. Дариј успеал да избега од битката со мала група на војници. Бактријската коњица и Бес, успеале да го стигнат. Некои преживеани од кралската гарда и 2000 јонски платеници исто така им се придружиле.
Сега Персиската империја била поделена на две половини – Источна и Западна. Александар Македонски се прогласил за Големиот Господар (титулата на Дариј).
При своето бегство, Дариј одржал говор пред остатокот од неговата војска. Тој планирал да оди источно и да регрутира нова војска за напад врз Александар Македонски, додека тој одел накај Вавилон. Истовремено Дариј пратил писма до неговите источни сатрапии во кои тој побарал од нив да му останат верни. Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар Македонски го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана. По оваа битка, Александар Македонски бил крунисан за владетел на Азија во Арабела, „по милост Божја“, што било азиски (персиски) обичај. Потоа Александар Македонски тргнал кон Вавилон.
Од Вавилон, Александар Македонски се упатил во Суса, еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија Персеполис, Александар Македонски ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос).
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment