Архелај ПРВИ
Архелај ПРВИ ( APXEΛAOY ПРВI - древно македонско венетско писмо ) бил владетел на Македонија од 413 до 399 п.н.е. Архелај стапил на тронот по смртта на неговиот татко, Пердика Втори. Мајка му на Архелај всушност била робинка, а Архелај успеал да дојде до тронот со тоа што ги убил неговиот чичко, братучед и неговиот полубрат, кој бил законски наследник на престолот. Архелај Први се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил административна структура на државата, војската и трговијата.
Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со Атина, кои претставувале голема закана во последните 50-тина годни. Атињаните биле тешко поразени во Сиракуза при крајот на 413 година и најголемит дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, Архелај и неговите деца биле почестени од страна на атињаните со титулата ,,Народен Проксенос и Евергет".
Потоа Архелај се зафатил за спроведување на многу внатрешни реформи. Издал големо количество на монети од одличен квалитет, изградил тврдини, направил прави патишта кои што биле од голема важност за мобилноста на војската. Тој ја подобрил и организацијата на војската, особено коњицата и хоплитите.
Архелај бил познат и како човек од култура. Тој создал посебни културно-уметнички врски со јужна Атина. Во неговото ново седиште Пела, кое го преместил од Егеја, тој почнал да ги прима големите поети, трагичари, вклучувајќи го и Еврипид кој ги напишал неговите трагедии Архелај и Бахите за време на неговиот престој во Македонија, музичари, и сликари, вклучувајќи го и најславниот сликар во тоа време, Зевкиј. Архелај ја продолжил традицијата што ја започнал неговиот прадедо Александар Први и го вовел празникот Олимпија, кој бил верски празник со атлетски натпревари во чест на богот на сонцето Иле и музите во храмот на Иле. Најголемите атлетичари и уметници биле собрани на едно место за овој настан, а тоа е северната страна од светата планина Олимп.
Архелај бил убиен во 399 п.н.е во лов од страна на еден од неговите пажови. Можно е ова дело да било дел од заговор, иако ништо никогаш не се докажало. За време на своето владеење Архелај Први успеал да ја претвори Македонија во голема воена и економска сила. Тукидид дури и има речено дека Архелај направил повеќе за Македонија отколку сите негови предходници заедно.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
Овдека дечиња, овдека внучиња мои. Ридјето кај што се гравали, дабјето кај што се рои, Могилка малечка овдека нека ми стои. Могилка молк...

No comments:
Post a Comment