Првите воени походи на Александар Македонски
Во 336 година п.н.е. на дваесетгодишна возраст Александар станува василeoc Алекcандрoj Македонон, владетел на Македонија. Bacилeoc Александар Македонски го започнал своето владеење со убивање на својот роднина Аминта ЧЕТВРТИ, потоа убил и двајца принцови од Линкестис, додека третиот бил поштеден. Олимпија ја убила Клеопатра Евридика со нејзининото новороденче од Филип Македонски и наредила да ги запалaт живи. Кога Александар дознал за тоа, бил многу лут на неговата мајка. Hаредил да биде убиен и Атал, кој во тоа време бил во македонската извидницата во Мала Азија. Атал ce допишувал со Демостен за ситуацијата во Атина. Александар Македонски го поштедил својот брат Аридеј.
На веста за атентатот на Филип Македонски веднаш се побуниле Тесалија, Теба, Атина и на север Траките. Александар одговорил брзо. Пробал прво да употреби дипломатија. Со 3000 коњаници ја опколил Тесалија. Александар Македонски бил зад Олимп и преминот Оса. Така да Тесалијците се предале, a тесалската коњаница се придружила на страната на Александар Македонски. Така Александар Македонски продолжил надолу накај Пелппонез.
Александар Македонски застанал на Термобили, каде бил избран како водач на Светата Лига. Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти. Атина го замолила за мир, а во Kоринт бил избран за „Хегемон“ - водач на Коринтската Лига. Кога бил во Kоринт добил вести дека Тракиската буна се раширила.
Во 335 година п.н.е. Александар Македонски ја нападнал Тракија за да се справи со бунтот, буна која била водена од Илирите и Трибалите. На патот кон Агриани бил засилен од едно тракиско племе под водство на Лангар. Војската марширала се до преминот Хаем каде наишол на два гарнизона на Траки кои биле утврдени на високо. Tраките направиле борбени направи co кои ги гаѓале македонците со камења. Александар наредил да ги нападнат во разредена формација, со помош на македонските стрелци кои со огнени стрели го нападнале утврденото место, така да тешката пешадијa стасала до врвот на ридот. Во меѓувреме, Трибалците под водство на нивниот владетел Сурм, ги нападнале македонците од зад грб, но биле одбиени на една чистинка каде биле прегазени од македонската фаланга и коњаница, убиле околу 3.000 непријателски војници.
---------------------------------------
„ Напролет тој (вacилeoc Александар Македонски) се упати кон Тракија, против Трибалите и Илирите, знаеше дека Илирите и Трибалите се воинствени, а бидејќи наедно му беа и соседи, не мислеше дека треба да ги остави пред да замине толку далеку од дома, без сосема да ги покори. Тракија, територијата на независните Тракијци, ја нападна почнувајќи од Амфипол... Тие (Тракијците) го беа зазеле врвот Хајмос (денешна Стара Планина) и беа подготвени да го попречат напредувањето на експедицијата... Беа собрале борбени коли... за да им послужат како утврдување за одбрана, ако бидат притиснати. Исто така, планираа... онаму каде што е најстрмна гората, да ги втурнат колите кон македонската фаланга....
... И се случи токму така, како што заповеда и предвиде вacилeoc Александар Македонски. Имено, едниот дел од бојните коли се размина со фалангата, а другите стркалувајќи се преку штитовите, направија малку штета ни еден не умре под бојните коли. И тогаш, кога видоа дека бојните коли, од кои најмногу се беа плашеле, не можат да им наштетат, Македонците се охрабрија и со боев вик им се нафрлија на Тракијците. Александар Македонски пак заповеда стрелците од десното крило да дојдат пред останатата фаланга од која ќе фрлаат стрели врз Тракијците при секој нивен напад. Самиот тој ги зеде луѓето од гардата, штитоносците и Агријаните и ги поведе на левото крило. Таму стрелците ги одбиваа со стрелите Тракијците што се спуштаа напред и фалангата со борба одблизу немаше големи тешкотии да ги измести од нивната позиција лесно облечените луѓе и слабо вооружени барбари. Меѓутоа, тие не го дочекаа Александар Македонски, кој напаѓаше од лево, туку го фрлија оружјето и фатија да бегаат кој кај може по планината. Од нив загинаа илјада и петстотини луѓе; живи беа фатени малкумина, сепак беа заробени сите жени што ги следеа мажите, а и децата, со сиот плен.
Александар го испрати пленот во приморските полиси... самиот, пак, минувајќи преку врвот, се упати кон Хајмос кон Трибалите и пристигна кај реката Лигин на растојание од три дена марш од Истар кон Хајмос. Сирмос, кралот на Трибалите... Кога се приближи Александар Македонски, на тој остров пребегаа и Тракијците, соседи на Трибалите, па и Самиот Сирмос заедно со неговата придружба, но многу Трибали избегаа назад кон реката.
Кога слушна за нивното движење, тој (Александар Македонски) се врати да ги нападне Трибалите, што ги најде веќе залогорени. Фатени на тесно, тие се распоредија вдолж клисурата на реката. А Александар Македонски ги нападна распоредувајќи ја фалангата во длабока формација...
Александар Македонски лично ја поведе против центарот на противникот фалангата од пешадинци и преостанатата коњица, што ја беше построил пред фалангата.
Додека траеше престрелката меѓу двете страни Трибалите не отстапуваа. Но кога збиената фаланга тргна со напад кон нив, и коњаниците веќе не ги напаѓаа само со копјата, туку и со телата на самите коњи паѓаа врз нив од сите страни, тогаш тие се дадоа во бегство низ клисурата кон реката. Три илјади беа загинале при бегството, а и преживеани беа фатени малку, зашто пред реката имаше густа шума и ноќта што настапуваше им оневозможи Македонците јасно да ги гледаат и безбедно да ги следат.
Птолемај вели дека од самите Македонци загинале единаесет коњаници и околу четириесет пешадинци.
На третиот ден од таа битка Александар Македонски стаса до реката Истар, најголемата река во Европа, тука, на устието, Александар ги презеде бојните кораби, кои му беа пристигнале од Bизантион преку Понт Евксински за пловење по реката... Тој ги натовари со стрелци и со тешко вооружени пешадинци и се упатија кон островот, каде што беа избегале Трибалите и Траките...
Затоа Александар Македонски ги повлече трупите и реши да го премине Истар, за да ги нападне Гетите...
... А Гетите не го издржаа ни првиот напад на коњаниците, зашто ним им се стори неверојатна смелоста на Александар Македонски толку лесно и за една ноќ да ја премине реката Истар, најголемата река, без да направи мост преку реката; а застрашувачка беше и згуснатоста на фалангата co силен - нападот на коњицата...
Гетите повторно го напуштија лошо утврдениот град, качувајќи на коњите онолку деца и жени, колку што можеа да издржат на плеќите. Тогаш заминуваа што подалеку од реката кон пустината. Александар Македонски пак, го зазеде градот и сиот плен што го беа препууштиле Гетите... Откако го разурна градот, на брегот на Истар им принесе жртва на Се Спаситeл, на Херакле (Македон) и на самата река Истар...
Притоа кај Александар Македонски пристигнаа пратеници од другите автономни племиња крај Истар и од трибалскиот владетел Сирмос. А дојдоа и од Келтите, што живеат во Јонскиот залив. Келтите беа крупни и горди едни на други, но сите изразија желба за пријателство со Александар Македонски.
На сите им даде и од сите прими покази на доверба... Тој ги именува како пријатели, склучи сојуз со нив и ги испрати дома...”
Аријан, Александровата Анабаса..., кн. 1, предговор, 1,стр 2-5;
------------------------------------------
Потоа се упатиле кон Дунав. Таму се судриле со племето Гетае. Со сплавови 4.000 македонска коњјаница и 1500 фаланга успеале да ја преминат другата страна на Дунав. На изненадување на македонците, 14.000 војници од племето Гаетае се повлекле од нивниот град и го оставиле нивниот град во рацете на македонците. Во тој момент дошла вест од Клито дека, Илирите и нивниот владетел Глауки се дигнале на бунт против македонците.
Александар Македонски и македонците ги притиснале Илирите во една тврдина во Пелум. Наредниот ден Глауки дошол на помош на тврдината. Филота еден македонски генерал и пријател на Александар бил блокиран во Тауланти. Александар Македонски веднаш тргнал да му помогне на својот пријател и успеал да го уплаши Глауки кој го напаѓал Филота. Александар бил блокиран од Илирите и Таулантитe. Теренот бил многу нерамен. Македонците почнале да го викаат своjот борбeн повик па тaулантите се исплашиле и побегнале во нивниот град. После извидницата на Пелиум, Александар Македонски се повлекол тактички нo ноќта го нападнал градот и го запалил. Клеит и Глауки побегнале со својата војска.
Додека Александар Македонски водел победувачка војна дошле вести од Теба и Атина дека пак се дигнале на бунт. Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово.
Кога слушна за настаните во Теба (бунтот во Теба против Александар Македонски и Македонците), Александар Македонски сметаше дека треба да се разберат сериозно, зашто одамна се сомневаше во Тебанскиот полис и беше многу загрижен за обидот на Тебанците. Бунтот можеше да се прошири и кај Лакедајмонците и кај некои други на Пелопонез и пред се кај Ајтолците. Заради тоа за седум дена стаса во Тесалија. Оттаму за шест дена влезе во Бојотија, додека не пристигна во Онхест со целата војска.
...Следниот ден Александар Македонски стаса до Теба... Таму се залогори, давајќи им можност на Тебанците да се предомислат и да испратат пратеници кај него. Тие пак беа далеку од тоа да покажат некаква понизност... Така, излегувајќи од државата, коњаниците и голем број лесно вооружени војници се упатија против логорот и стрелаа врз предните стражи, а и убија неколкумина Македонци. И Александар Македонски испрати лесно вооружени војници и стрелци за да го одбие нивниот напад... Следниот ден тој ( Александар Македонски ) ја покрена целата војска и ги опкружи портите што водеа во Елевтера и во Атика. Александар Македонски пак, сметајќи дека повеќе доаѓа како пријател кај Тебанците одошто како непријател, чекаше залогорен близу Кадмеја...
...Потоа Пердика беше погоден и тешко беше излечен од раната. Неговите луѓе, придружувајќи им се на Александровите стрелци, ги притиснаа Тебанците и ги следеа Тебанците додека не се повелкоа кон Хераклејон. Но кога Тебанците повторно се вратија со боев вик, Македонците се дадоа во бегствто. Штом Александар Македонски разбра дека неговите војски се во бегство, а дека Тебанците при гонењето се со растурен боев ред, им ја спротивстави фалангата во боев ред. Тебанците беа притиснати внатре во портите и толку многу се разбегаа, што при бегањето кон градот не успеаја да ги затворат портите. Така, Македонците што ги гонеа влегоа со нив во ѕидините...
Бидејќи Македонците ги притискаа од сите страни и Александар Македонски се појавуваше де од една, де од друга страна, тебанската коњица се втурна кон полето, а пешадинците се спасуваа кому како ќе му се згодеше. Потоа, во бесот Македонците, не само Тебанците, туку и Фокидците и Платајците и останатите Беотијци, иако не се бореа co Тебанците, ги убиваа без каков и да е ред…
Овој тебански пораз и според големината на загубениот полис и според острината на дејството и општо земено, не помалку заради неочекуваноста на настанот и за победителите и за победените, онолку колку ги уплаши самите учесници во настанот, ги уплаши и сите други непријаели на Македонија. Сикелискиот пораз на Атинците, иако според многубројноста на убиените му донесе не помалку беда на полисот, сепак бидејќи војската им беше уништена далеку од домот, а мноштвото од неа беше составен од сојузници наместо од домашни војници и им остана полисот, па и подоцна се бореа со Лакедајмонците, со сојузниците и со великиот владетел (се мисли на Персија)...
Од друга страна, кај Тебанците востанието беше кренато набрзина и необмислено и до заземањето дојде без мака за освојувачите и со многуброен колеж, како што се случува за сродни народи заради стара омраза. Целосното поробување на полисот, којшто беше меѓу првите по сила и воена надмоќност во Пелопонезот, сосема природно беше доведувано во врска со божески бес: дека Тебанците на долго и на широко го отплаќаат предавството во Персиските војни…
Александар Македонски реши да им ја довери Теба на сојузниците што учествуваа во нападот: да се распоредат во Кадмеја, а полисот да го срамнат со земјата, територијата да се раздели меѓу сојузниците, а да се сочуваат светилиштата; децата, жените и преживеаните Тебанци да се поробат, освен свештениците и свештеничките и оние што им биле пријатели на Филип Македонски и на Александар Македонски, или пак домаќини на Македонците...
Штом останатите непријаели на Македонија разбраа за судбината на Тебанците, Ајтолците испратија пратеници, племе по племе за да добијат прошка.
Атинците избраа 10 пратеници од сите Атинци, луѓе познати по пријателските односи со Александар Македонски, и ги испратија кај него да му ги пренесат ненавремените честитки од граѓаните на Атина, што се вратил безбедно од походот на Илирите и Трибалите и што ги казнил Тебанците за востанието. Александар Македонски претежно со пријателски тон му одговори на пратеништвото, но напиша едно писмо, во кое ги бара: Демостен и Ликург, Хиперејда, Полиеукт и Харит, зашто нив ги обвинува за поразот кај Хeронеја и за грешките што подоцна се направени при Филиповата смрт, против него и Филип Македонски. Тој исто така им покажа дека се виновни за тебанското востание не помалку од самите Тебанци востаници.
Атинците не ги предадоа овие луѓе, туку испратија второ пратеништво кај Александар Македонски, молејќи го да го смали бесот кон оние што ги побара.
Александар Македонски постапи така, можеби заради почитта кон полисот, или заради тоа што брзаше за походот против Азија и зад себе сакаше да остави нешто на кое може да му ce верува.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
-
Псалм за непостојниот Боли тоа што не постојам Длабоко боли тоа што не постојам Боли главата што ја немам Боли болката во таа глава Б...
-
Црноризец Храбар е анонимен писател во словенската средновековна литература. Некои од славистите сметаат дека позади псевдонимот Црноризец ...
-
1903 година Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено измену...
No comments:
Post a Comment